Гламурозна свадба во Скопје: Се ожени Мартин Вучиќ


Се ожени музичарот Мартин Вучиќ, син на шоуменот Драган Вучиќ и новинарката Весна Вучиќ, ќерка на легендарниот музичар на народни инструменти, Пеце Атанасовски. Викендов направи гламурозна свадба со својата избраничка Сања во ресторанот „Ла Тана за свадби“ во Скопје. Поранешниот поп пејач, а денес музичар на ударни инструменти – член на Македонската филхармонија, на свадбената […]

(Видео) Со Бијонсе низ Лувр


Франција– Лувр, еден од најпознатите и најпосетувани музеи во светот, организира десетминутна тура посветена на пејачката Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи кои тука го снимија спотот за синглот „Apeshit“. Турите моментално се достапни само на француски јазик, а за време на тие 10 минути посетителите може да ги видат 17-те уметнички дела прикажани во […]

Сè е подготвено за 40-те фестивалски денови: Повеќе од 800 уметници на 58. „Охридско лето“


Градот Охрид и Националната установа „Охридско лето“ ги завршуваат последните подготовки за претстојното 58. по ред издание на најголемата и најреномирана музичко-сценска манифестација во земјава – фестивалот „Охридско лето“. Сè е подготвено за претстојните 40 дена возбуда што пред бројната фестивалска публика ќе ја донесат повеќе од 800 уметници од 27 држави од Европа и […]

Самуел Жбогар: Патот завршува тука ако речете „не“ на договорот


Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, следната година не ја гледа како загубена за Македонија. Според него, одлуката  е направена и само прашање на перцепција е како ќе биде сфатена. Тој препорачува внимателно да се разгледаат сите опции што ги има земјата, пред да се реши како ќе се гласа на референдумот. Дискусиите дали […]

Тага, болка и неверица: Погребан поп-пејачот Влатко Илиевски


Семејството, роднините, пријателите и колегите од естрадата и од актерската фела денес за последен пат се простија од Влатче Морал како што го нарекуваа, најубавиот дечко од естрадата, со најубавите сини очи. Неверица, болка и тага денес се измешаа на последното испраќање на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје. -Влатче беше срце дечко, секогаш со […]

(Видео) Победничката песна на Евровизија е плагијат?


САД– Компанијата „Јуниверзал студиос“, која е една од најголемите продукции на светско ниво, тврди дека победничката песна на Евровизија „Тoy“  што ја испеа Нета е плагијат, и тоа на голем музички хит од 2003 година. Имено, од продукцијата ипратиле писмо до композиторите на нумерата што ја освои Европа, со опомена пред тужба за повреда на […]

Бурден наследството од 1,2 милиони долари и го оставил на ќерката


САД-Ентони Бурден изврши самоубиство во хотелска соба во Франција, а во неговиот тестамент стои дека целиот имот го остава на своето единствено дете, ќерката Аријана, која има 11 години. „TMZ“ пренесува дека поранешната сопруга на славниот готвач и патеписец е извршител на тестаментот. Според пишувањата на споменатиот портал, Ентони и оставил „само“ 1,2 милиони долари […]

(Видео) Последен поздрав до рокерот: Денес ќе биде погребан Влатко Илиевски


Прерано починатиот пејач Влатко Илиевски ќе биде погребан денес напладне на гробиштата во Ѓорче Петров.Неговото тело ќе биде изложено во капелата од 11 до 12 часот. Следната недела ќе бидат познати причините за смртта на Илиевски,  потврдија  од Институтот за судска медицина. Потребен е период да се реализира обдукцијата врз телото на пејачот  и да […]

(Видео) Владо Јаневски сними спот за „Главен град на тагата“: Дунавка е класа манекенка


Манекенката Дунавка Трифуновска ја игра главната женска улога во новиот спот на поп-ѕвездата Владо Јаневски за песната „Главен град на тагата“ денес промовирана во Скопје. „Таа е класа лик и му дава убавина на спотот“, вели Владо. Тој додаде дека другите девојки во видеото се избрани според тоа што се обични, нормални, и токму поради […]

Тања Лепческа и Златко Димовски младоженци на Галичка свадба 2018


Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинешното 45. издание на Галичката свадба, што ќе се одржи од 13 до 15 јули во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина. Александар Костиќ, претседател на Месната заедница „Галичник“, која е организатор на манифестацијата на денешната прес-конференција во Скопје изјави дека се горди што Галичката […]

Бит фест: Незаборавна рок симфонија со домашни и регионални ѕвезди


Битолскиот камерен оркестар и овојпат ги надмина очекувањата на многубројната публика за време на Роксимфонијата која се одржа синоќа а ракометното игралиште во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето. Најпопуларниот и најбараниот проект на Камерниот Оркестар на Битола – Rock Symphony и прекрасните музички изведби на Ненад Милосавлјевиќ – Неша од „Галија“ […]

Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан


Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, општина Охрид, Музејот на Град Скопје и Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе го одбележат јубилејот „Сто години од раѓањето на архитектот Борис Чипан“. Во куќата на Уранија во Охрид ќе се обратат градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски, академик Газанфер Бајрам од […]

Нови обвиненија за сексуални напади против Кевин Спејси


Англија– Британската полиција соопшти дека ги истражува тврдењата на уште три други лица, кои го обвинуваат американскиот актер Кевин Спејси за сексуални напади. Претходно се тврдеше дека се истражуваат три случаи за наводни напади, но истрагата во Британија е проширена со уште три извршени во периодот од 1996 до 2013 година во Лондон и Глочестер. […]

Илинденски концерт на Владо Јаневски во Охрид


Поп-ѕвездата Владо Јаневски по пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид , во Антички театар, по одложениот во јуни. Вечерта на Илинден (2 август)  од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера. […]

Опра за британски „Вог“: Нема да се кандидирам за претседател на САД


САД– Откако Доналд Трамп успешно направи транзиција од селебрити до претседател на САД, јавноста почна да навива и за други славни лица од шоубизнисот да се кандидираат. Една од фаворитките е водителката и најмоќна медиумска фигура Опра Винфри, особено по моќниот говор на Златните глобуси. Но, во новото интервју за британскиот “Вог”, ги негираше тие […]

Работно лето на актерот во Италија: Клуни пушти мустаќи


Италија– Ова лето ќе биде работно за актерот и режисер Џорџ Клуни. 57-годишниот холивудски миленик ја снима  тв серијата „ Catch 22 “  и со семејството се пресели на Сардинија, во луксузна вила со два базена. Двојката го смени и изгледот. Папараци ги фатија на излез од ресторан. Клуни пуштил мустаќи, а сопругата Амал била […]

Висока мода во Париз: Армани се врати на гламурот


Франција– Црни и златни костуми со панталони и тоалети од соништата од кадифе презентираше големиот дизајнер Армани на Неделата на висока мода во Париз. Армани, чија листа на клиенти се протега од Холивуд до високите финансиски кругови, е лидер во модната индустрија и досега најмоќното лице од модата што има проговорено околу дебатата со тежината […]

Синот на Тина Тарнер се самоуби


САД–  Најстариот син на поп-легендата Тина Тарнер (78), Крег Рејмонд Тарнер (59) се самоуби со огнено оружје во својот дом во Студио Сити, Калифорнија. Локалните власти потврдија дека тој вчера напладне бил пронајден мртов. Неколку часа претходно, неговата мајка гостуваше на Џорџо Армани шоуто на Неделата на висока мода во Париз. Крег беше син на […]

Пенелопи Круз е новиот бренд амбасадор на „Шанел“


Франција– Шпанската актерка Пенелопи Круз, добитничка на Оскар во 2009 година за споредна улога во „Вики Кристина Барселона“ на Алмодовар е промовирана за нов бренд амбасадор на „Шанел“. Таа денес беше гостинка на ревијата на луксузната модна куќа на Неделата на висока мода во Париз. Веќе е традиција Шанел да ангажира за заштитна лица познати […]

Боно во ОН: Меѓународните институции се под закана


САД-Ирската рок-ѕвезда Боно предупреди дека ОН и другите меѓународни институции, вклучувајќи ги и ЕУ и НАТО, се изложени на ризик, па ги повика државите да работат заедно, за да гарантираат дека овие организации ќе продолжуваат да постојат. Фронтменот на групата „Ју-ту“, кој е роден во Даблин, синоќа одржа говор пред неколку стотици дипломати и претставници […]