Висока мода во Париз: Армани се врати на гламурот


Франција– Црни и златни костуми со панталони и тоалети од соништата од кадифе презентираше големиот дизајнер Армани на Неделата на висока мода во Париз.

Армани, чија листа на клиенти се протега од Холивуд до високите финансиски кругови, е лидер во модната индустрија и досега најмоќното лице од модата што има проговорено околу дебатата со тежината на манекенките.

Џорџо Армани (83) на пистата пред славните гости како актерките Кристин Скот-Томас и Изабел Ипер, како и поп легендата Тина Тарнер испрати 96 модели, кои покажаа традиционални колекции за сезоната есен-зима 2019 – од високомодни фустани до пурпурни костими.