Главен уредник на голема турска телевизија приведен во истрага за дрога


Анкара – Главниот уредник на Хабертурк ТВ, еден од главните турски телевизиски канали, беше приведен во Истанбул како дел од истрагата за дрога насочена кон личности од медиумската и забавната индустрија, објавија турските медиуми. Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул соопшти дека се издадени налози за апсење на осум лица под сомнение за купување, поседување […]

Граничните премини Евзони и Ники и денеска затворени на неколку часа


Атина – Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини, меѓу кои и Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја, ќе ги затворат границите за сообраќај на неколку часа, јави дописничката на МИА од Атина. Се очекува блокадата на Евзони и денеска […]

Отворен Лекторат по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Нитра, Словачка


На празникот Свети Климент, беше означен почетокот на една нова и значајна етапа во ширењето на македонскиот јазик и култура во Европа. На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра се отвори Лекторат по македонски јазик, кој претставува дванаесетти лекторат на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при универзитетот „Св. Кирил и […]

„Севилскиот бербер“ од Росини на 13 декември во НОБ


  На 13 декември 2025 година, во 20 ч., на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – опера која со својата духовитост, динамика и незаборавни арии со децении ја плени домашната и светската публика. Изведбата е под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија), режијата […]

Најстудено утрово е во Битола, најтопло во Крушево


Најстудено утрово е во Битола -3 степени Целзиусови, -2 се измерени во Скопје – Петровец, Берово и Струмица, -1 во Тетово, Демир Капија и Велес, 0 во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Прилеп, Mаврови Анови и Гевгелија, 1 во Куманово, 2 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Виница, 4 во Попова Шапка и 5 во Kрушево, […]

„Приказната за Силјан“ со уште една номинација – на Здружението на продуцентите на САД


Документарниот филм „Приказната за Силјан“, откупен за глобална дистрибуција од National Geographic Documentary Films, продолжува да го зацврстува својот меѓународен успех. Филмот, во режија и продукција на Тамара Котевска заедно со директорот на фотографија и продуцентот Жан Дакар (Jean Dakar), доби уште едно од најзначајните признанија во документарниот свет, номинација за PGA Awards (Producers Guild […]

Охрид домаќин на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“


  Охрид и Македонија на 11 и 12 декември 2025 година се домаќини на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“. Конференцијата официјално ќе биде отворена на 12 декември во 10 часот во х. „Јуник“ во Охрид, со воведно обраќање на министерот за […]

Судот потврди дека шведската принцеза Софија се среќавала со Епштајн


Стокхолм – Американскиот финансиер и сексуален престапник Џефри Епштајн и шведската принцеза Софија се сретнале неколку пати во Њујорк пред таа да се омажи за принцот Карл Филип во 2015 година и да стане принцеза на Шведска, покажаа документите од истрагата за Епштајн. Протечените документи и е-пошта од истрагата за осудениот и сега починат сексуален […]

„Музика.Сега!“ – концерт на Филхармонија со виолинистот Александар Земцов


Оркестарот на Македонската филхармонија в петок во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Музика. Сега!“ на кој како солист ќе настапи виолистот Александар Земцов од Германија. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концертот за виола и оркестар од Алфред Шнитке и суита од операта „Кавалер со ружа“ оп.59 од Рихард Штраус. […]

Санкциите сепак имаат влијание. Русија не може сама да гради модерни воени авиони


Документите што неодамна протекоа од руски производител на воздухопловни компоненти даваат редок увид во тековната борба на Москва да ги заобиколи меѓународните санкции. Тие откриваат дека Русија продолжува во голема мера да се потпира на странска прецизна технологија за производство на своите воени авиони од следната генерација, пишува Киев Пост. Истрагата, објавена од ИнформНапалм со […]

Членка на НАТО ги прогласи САД за потенцијална закана


Данските разузнавачки служби за прв пат ги идентификуваа САД како потенцијална закана за безбедноста, што е директен резултат на потезите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп и геополитичките тензии околу Гренланд. Претходната идеја на Трамп за можна анексија на тој остров би создала преседан што би можел да ја оправда руската окупација на украинскиот Крим. […]

Без струја делови од Илинден и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе останат корисниците на улица „Бунарџик“ во Општина Илинден, информира РЦУК-Скопје. Струја од 09:00 до 15:00 часот ќе немаат и дел од корисниците на улиците „Мице Козар“ и „Ѓуро Салај“ во Општина Ѓорче Петров.

Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица утрово се одвива нормално


Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) утрово се одвива нормално. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.  АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, […]

Сончево со наместа зголемена облачност во утринските часови


Времето денска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени […]

Доналд Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“


Брисел – Претседателот на САД, Доналд Трамп е прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во 2025 година во традиционалниот годишен избор на бриселскиот портал „Политико“ на 28-те најмоќни луѓе во европската политика. Иако, традиционално изборот на најмоќна личност вклучува само Европејци, односно лица кои живеат или работат на европскиот континент, годинава „Политико“ направи исклучок со оценка […]

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани


Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија, откако на вчерашното рочиште одбраната на обвинетите […]

Фон дер Лајен и Кошта по средбата со Вучиќ: Сакаме да видиме демократска Србија во ЕУ


Белград –  Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта, синоќа во Брисел објавија дека остануваат целосно посветени на тоа да видат демократска Србија во Европската унија. Фон дер Лајен и Кошта објавија на „X“ дека разговарале со српскиот претседател Александар Вучиќ за важноста од забрзување на реформите, […]

Еврогрупата ќе избира свој нов претседател меѓу Белгиецот Ван Петегем и Гркот Пиеракакис


Брисел – Министрите за финансии на земјите членки на Еврозоната денеска во Брисел треба да го изберат новиот претседател на Еврогрупата. Во трка за оваа позиција се белгискиот вицепремиер и министер за буџет и административно поедноставување Винсент Ван Петегем и грчкиот министер за финансии Киријакос Пиеракакис. И двајцата доаѓаат од редовите на партии членки на […]

Исланд ќе го бојкотира Евросонг 2026 поради учеството на Израел


  Исланд ќе ја бојкотира Евровизија 2026 поради учеството на Израел, објави националниот радиодифузер RÚV. Соопштението доаѓа само една недела откако четири други земји потврдија дека се повлекуваат од натпреварот следната година во знак на протест против учеството на Израел, објави Euronews. Во соопштение потпишано од генералниот директор Стефан Еириксон, RÚV рече дека одлуката на […]

Томовски најавува саем во Скопје, жичница од градот до средно Водно и нов владин авион


Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски синоќа најави дека е можно Скопје наскоро да добие Саем, но и жичница од болницата во Козле до средно Водно. Како што информира Томовски во гостување на „Сител“, се размислува и за набавка на нов владин авион зашто „Лирџетот“ е стар веќе 20 години, […]