Најстудено утрово во Берово, 25 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка


 Минималната температура денеска во Берово била -6 степени Целзиусови, -5 во Скопје- Петровец, Струмица, Демир Капија, -4 во Битола, Велес, Штип, Кавардарци, Попова Шапка, -3 во Прилеп, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, -1 во Kрушево Претор, Куманово, 0 во Крива Паланка, Виница, информираат утрово од УХМР. До седум часот, висината на снежната покривка на Попова […]

Почнува Европско првенство во ракомет 2026


Хернинг – Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе се трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали. Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова е второ […]

Мистериозна смрт во руската амбасада на Кипар. Олигарх исчезна во исто време


Кипарските власти истражуваат „неприродна смрт“ на дипломат во руската амбасада, што се случи во времето на исчезнувањето на рускиот олигарх. Руската амбасада одби да соработува со истражителите за смртта на Алексеј Панов, за кој се вели дека бил офицер во руската воена разузнавачка служба ГРУ, објавува The Guardian. Смрт под сомнителни околности „Инцидентот во амбасадата […]

ФИФА доби половина милијарда барања за билети за Светското првенство


  ФИФА објави дека добила повеќе од 500 милиони барања за билети за Светското првенство во 2026 година за време на едномесечниот период на регистрација што траеше од 11 декември до 13 јануари. Оваа бројка е доказ за невидената глобална побарувачка за првиот турнир со 48 екипи, кој ќе се одржи низ САД, Мексико и […]

Без струја делови од Бутел, Чаир и Карпош


 Без електрична енергија денеска од 09.00 до 12.00 часот, ќе бидат дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, Општина Бутел, а од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, информира РЦУК – Скопје. Струја од 09.00 […]

Магла на патниот правец Скопје – Тетово


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Тетово. Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира […]

Арктикот станува нов клучен регион во светот


  Претседателот на САД, Доналд Трамп, во последните недели повторно го отвори прашањето за Гренланд. Ова го донесе Арктикот во преден план, регион кој, поради новите бродски рути, природните ресурси и воената важност, брзо станува една од клучните геополитички области. Америка сака повеќе Трамп вели дека на САД им е потребен островот „заради национална безбедност“. […]

Членовите на Европската комисија во дводневна посета на Кипар


Брисел – Членовите на Европската комисија, предводени од претседателката Урсула фон дер Лајен, денеска и утре ќе престојуваат во посета на Кипар, кој е актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Според најавата, предвидено е Колеџот на комесари да има средба со Владата на Кипар со цел зајакнување и понатамошно унапредување на соработката меѓу двете институции преку […]

Организаторите на ЛОИ2028 најавија поволни цени на влезниците


Лос Анџелес – Организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година најавија денеска дека цените на билетите ќе бидат прифатливи, истакнувајќи оти еден милион влезници ќе бидат достапни по цена од 28 долари. „Олимписките игри мора да бидат достапни и инклузивни, бидејќи им припаѓаат на сите. Тоа значи дека цените на билетите […]

Почина пациентка со грип, двајца пациенти се на респираторна поддршка на Инфективна


На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во неделата починала пациентка со грип. На оваа клиника моментално имало хоспитализирано околу 25 пациенти со грип, од нив дел со полесна, а други со потешка клиничка слика. Директор на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана, во изјава за МИА, информираше дека се […]

Утринска магла и ветер од западен и северозападен правец


Во земјава денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од  минус 6 до минус 1, а максималните ќе достигнат од 7 до 14 […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 15 јануари 2026 година, 15-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  350 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 28 минути. Денов трае 9 часа и 28 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Данска го зголемува военото присуство на Гренланд


Копенхаген – Данска го зголемува своето воено присуство во и околу Гренланд и одлуката стапува во сила веднаш, се вели во заедничкото соопштение на данското Министерство за надворешни работи и Министерството за надворешни работи и истражување на Гренланд. Потегот е поврзан со воени вежби кои вклучуваат авиони, бродови и војници, а ќе се спроведува во […]

Повторно протест на кумановците пред зградата на УЈП


Кумановците што работеа за американски компании во бази во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово. Побараа надлежните да ги земат предвид документите (пасоши, печати, потврди од работодавци), да се направи ревизија на решенијата, запирање на присилната наплата и усогласување на даночната пракса укажувајќи дека не бегаат […]

МНТ со разнолик јануарски репертоар – од сценски спектакл, преку драми, до стенд ап


Македонскиот народен театар,  2026 година ја започнува со силен уметнички интензитет и разновидна театарска програма. Првиот месец во годината носи богат репертоар, кој опфаќа сценски спектакли, современи и класични драми и стендап-изведби на големата и малата сцена. Програмата започнува на 15 и 16 јануари со големиот сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“. Поради големиот интерес […]

Британците ја градат најголемата ветерница во светот за чиста енергија


Велика Британија додели договори за изградба на рекорден број на офшор ветерни проекти како дел од нејзината иницијатива за зголемување на изворите на чиста енергија во земјата. Проектите ги опфаќаат Англија, Шкотска и Велс, вклучувајќи го и она што би можело да биде најголемата офшор ветерна фарма во светот, сместена покрај брегот на Шкотска во […]

Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион носи бесплатни проекции на шест регионални филмови


Зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот регион ќе се одржи од 22 јануари до 5 февруари, со што публиката во земјава како и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и во Словенија ќе има можност бесплатно да гледа избор на наградувани регионални филмови – во кината и онлајн. Како што се […]

Ќе се укине ли популарниот „Мој ДДВ“?


Иако во моментов не се разговара за укинување на популарната мерка „Мој ДДВ“, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, предупредува дека проектот е скап за буџетот, а не ја исполнил својата основна цел – сузбивање на сивата економија. Во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, Петрова ги изнесе бројките кои […]

Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка


Утрово најниска темепратура од -7 степени Целзиусови е измерена во Скопје кај Петровец, соопшти УХМР. Следат Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица и Берово со -6 степени, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Битола и Кавадарци, -4 во Прилеп и Попова Шапка, -3 Гевгелија, -2 Крива Паланка, Виница, Mаврови Анови и -1 степен во Охрид, Претор […]

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад врз возач во Холивуд


  Канадскиот актер Кифер Сатерленд е уапсен под сомнение за напад и закана врз возач на споделено возење во Холивуд, соопшти полицијата, објави Би-Би-Си. Услугите за споделено возење се однесуваат на споделен превоз, или такси кои користат мобилни апликации за поврзување на патниците со блиските возачи, и се разликуваат од традиционалните такси по тоа што […]