Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сè уште е многу рано да се каже дека е надминат пикот


Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сè уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот бидејќи минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, можеби е и последен, но не значи дека нема да има нов пик и ново зголемување на бројот на заболени. Оваа сезона […]

В сабота проекција на грчкиот филм „Што ако“ во Кинотека


Проекција на грчкиот филм „Што ако“ (What If), во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе се одржи в сабота во 20 часот, во Кинотека. Настанот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има за цел да ја приближи публиката до современата грчка […]

Слушнете ја “Фросина”, балада во спомен на Фросина Кулакова од Митевски и Неделковски


Песната е емотивен подарок од авторите Александар Митевски и Огнен Неделковски за семејството Кулакови и Фондацијата “Фросина Кулакова”. Напишана и родена во една доцна ноќ и во еден здив како демо снимка со текстот на Огнен и музиката и гласот на Александар . “Фросина” нека биде спомен, парче светлина, капка утеха, поука за нацијата и […]

„Татко Мајка Сестра Брат“ на Џим Џармуш, добитник на Златен лав во Венеција, од денес во Синеплекс


Добитникот на Златниот лав во Венеција, филмот „Татко, мајка, сестра, брат” на Џим Џармуш, медитација во три дела за семејствата, стареењето и нелагодните врски меѓу родителите и нивните возрасни деца, од денес е на репертоарот на Синеплекс.  Поделен на поглавја сместени во Њу Џерси, Даблин и Париз, филмот прикажува ансамблска екипа, вклучувајќи ги Том Вејтс, […]

Рибакина ја победи Пегула и се пласираше во финалето на Австралија опен


Мелбурн – Казахстанската тенисерка Елена Рибакина попладнево ја победи Американката Џесика Пегула во полуфиналето на Австралија Опен 2026 со 6:3 и 7:6 (9:7). Натпреварот траеше 1 час и 42 минути. Рибакина сервираше шест аса и реализираше четири од 10 брејк топки. Пегула имаше два аса и реализираше три од четири брејк топки. Во финалето на Грен […]

Хрватска кино премиера на „Приказната за Силјан“


Хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска се одржа вчера вечер во загрепското Докукино Киц. Хрватската кино премиера беше во организација на хрватскиот дистрибутер „Рестарт“, „Волим документарце“ и македонскиот Културно-информативниот центар во Загреб. Како што информираат од македоницот КИЦ во Загреб, во преполната кино сала публиката имаше ексклузивна прилика да го види […]

Марго Роби блесна со фустанот на светската премиера, ама сите збореа за ѓерданот


Лос Анџелес – Холивуд повторно блесна во полн сјај овие денови кога се одржа долгоочекуваната светска премиера на филмот „Wuthering Heights“ (Оркански висови), адаптација на литературниот класик на британската писателка Емили Бронте од 1847 година. Марго Роби (35), која ја игра улогата на Кетрин Ерншо во ова драмско дело, го потврди својот статус како една […]

Ѓоковиќ утре ќе се соочи со Синер во полуфиналето на Австралија Опен


Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ утре во 9:30 часот по средноевропско време ќе игра против Италијанецот Јаник Синер во полуфиналето на Австралија Опен, објавија организаторите на турнирот во Мелбурн. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Синер е закажан како трет натпревар за денот на Род Лејвер Арената. Двочасовната програма на овој терен се отвора со финалниот натпревар […]

Познати полуфиналистите за годишните награди на ДПМ за 2025 


Членовите на анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија ги дадоа своите први гласови за пристигнатите дела на конкурсот. Од вкупно 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 г., во полуфиналниот круг влегуваат следните […]

„Чекори што не згаснуваат“- „Танец“ со концерт во чест на Симеон Чулев на 27 февруари во МНТ


Велат дека играорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл; тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено ‘Аирлија’! зад сцената. Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише. […]

Марк Ентони го чека осмото дете, второ со Надја Фереира


Пејачот, 57, и неговата сопруга, Надја Фереира, објавија во среда, 28 јануари, дека го очекуваат своето второ бебе – осмото на Ентони. „Среќна 3-та годишнина!! Каков прекрасен подарок ни дава животот“, напишаа дуото во заедничката објава на Инстаграм, споделувајќи ја веста и прославувајќи ја нивната трета годишнина од бракот. „Бог е голем ✨ Маркито ќе […]

Брамс и Дебиси за прво дискографско издание  на виолончелистот Антонио Илиоски


Во Аудиокултура синоќа беше промовиран албумот „Beyond the Silence“, првото дискографско издание на младиот виолончелист Антонио Илиоски. Станува збор за дебитантски проект што содржи Соната за виолончело и пијано од Клод Дебиси и Соната за виолончело и пијано бр. 1 од Јоханес Брамс. Албумот е снимен минатата година во Македонската филхармонија, со пијано придружба на […]

Најзначајните археолошки откритија во Турција во 2025 година


Богатата историја на Турција е обликувана од цивилизациите кои живееле на нејзините простори со милениуми наназад, правејќи ја земјата неисцрпна ризница на значајни археолошки откритија. Културното наследство што е скриено под површината, станува достапно за пошироката јавност благодарение на проектот „Наследство за иднината“, кој има за цел да ги истакне овие извонредни богатства, проширувајќи ги […]

Шерон Стоун гостинка на Виенскиот оперски бал


Виена – Холивудската актерка Шерон Стоун ќе присуствува на годинешниот Виенски оперски бал, кој ќе се одржи на 12 февруари, како придружничка на австрискиот слаткар Карл Гушлбауер, познат во јавноста како кралот на шаумролите. Гушлбауер со години привлекува медиумско внимание поканувајќи познати американски личности како свои гости на балот. Тој е сопственик на синцир пекарници […]

ФИФА: Рекорден број трансфери во 2025 во вредност од над 13 милијарди евра


Цирих – Фудбалските клубови ширум светот реализирале рекордни 24.558 трансфери во машкиот фудбал во 2025 година, со вкупна потрошувачка од 13,08 милијарди долари, соопшти денеска ФИФА во својот извештај за глобални трансфери. Тоа е зголемување од седум проценти во однос на 2024 година и означува најголем број меѓународни трансфери во историјата на машкиот клупски фудбал. ФИФА […]

УНИЦЕФ ги објави 20-те најдобри земји за одгледување деца


Холандија е најдобрата земја во светот за благосостојба на децата, објави УНИЦЕФ во својата студија „Иноченти“. Во анализа што вклучуваше 43 развиени земји, Од регионот, Хрватска го зазеде високото осмо место,  подобро од соседната Словенија. Како се рангирани земјите Извештајот „Иноченти“ ги рангира земјите-членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Европската унија […]

Исланд ја прегази Словенија за полуфинале, Португалија го заврши ЕП со триумф над Шпанија


Малме – Ракометарите на Исланд ѝ се приклучија на Данска во полуфиналето на Европското првенство (ЕП), откако попладнево во Малме ја совладаа Словенија со 39-31и го обезбедија едно од првите две места во групата 2 од главната рунда. Првото полувреме беше резултатски израмнето, но Исланд во финишот стекна предност од два гола за водство од 18-16. […]

Армани без Армани во Париз : Софистицирана висока мода во бојата на жад


  Париз – Покојниот, голем Џорџо Армани често ги базираше своите колекции на мода на боја или мотив како бисер или бамбус, а неговата внука Силвана Армани, која сега го води Армани Приве самостојно, избра жад за пролетната ревија, потврдувајќи ја својата волја и стилски преференции. Оттука, немаше мали шапки, за кои Армани понекогаш имаше […]

Што потпишаа во Крушево Љутков и Селаковиќ?


Отворање културни центри, помош во заемното отстапување на таквите центри во светот за културните настани, формирање заеднички камерен состав и соработка во филмската индустрија, се само дел од многуте проекти и настани што се во програмата од 2026 до 2030 година за соработка во културата помеѓу Македонија и Србија. Министрите за култура на двете земји, […]

Музички празник со Бајага и Владо на 14 февруари, најавува „Авалон“


Бајага и Владо Јаневски, заедно на една сцена, и само една вечер, двајцата реално најголеми хитмејкери дома и во регионот, со голем заеднички концерт на 14 февруари во арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Повеќе од 4 часа – само хитови! „Половина „Борис Трајковски“ е веќе распродаден, се пофали на денешниот прес, првиот човек на „Авалон“, […]