Меси не се најде во идеалниот тим на Л’Екип за 2020 година


Франција – Францускиот спортски весник Л’Екип го претстави идеалниот тим за 2020 година. Во него нема место за капитенот на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на светот изминатите петнаесетина години, Лионел Меси. Составот на Л’Екип изгледа вака: Голман: Мануел Нојер (Баерн Минхен); Дефанзивци: Алфонсо Дејвис (Баерн), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Трент […]

Од 1 јануари досега во Франција се вакцинирани само 516 луѓе, Макрон под удар на силни критики


Франција –  Француската Влада е под притисок да ја забрза имунизацијата за коронавирусот и поради критиките, претседателот Емануел Макрон е бесен за бавната вакцинација, јавија француски медиуми. Досега, само неколку стотици луѓе се вакцинирани во Франција, во споредба со повеќе од 200.000 во Германија и околу милион во Велика Британија. „Она што го гледаме е […]

Поради торта со марихуана, семејство од Фиренца заврши в болница


Италија – Една Италијанка на семејството на своја другарка, за новоогодишниот дочек, им подарила торта со марихуана, поради што тие завршиле в болница. Тоа се случило во Фиренца. Целта била шега, но сѐ лошо се завршило. Имено, брачната двојка и нивната ќерка завршија во болница, интервенирале и карабињерите… Девојката призна дека користела марихуана којашто легално ја […]

Kонцерти со врвни солисти: Филхармонија и во екот на пандемијата не престана да работи


Филхармонијата е една од ретките културни институции во земјата, но и пошироко, што и покрај светската пандемија, ја реализираше концертната програма во целост. Од почетокот на новата концертна сезона 2019/2020 година, Филхармонија реализираше уникатни музички настани со врвни солисти и диригенти, симфониски и камерни концерти, кои се одвиваа во големата и малата сала, со импресивна […]

Во Тетовско не носат маски, за речиси три месеци 12.512 санкции


За речиси три месеци на тетовското подрачје има изречено 12.512 санкции за неносење на заштитна маска согласно мерката на Владата за спречување на ширење на коронавирусот од 13 октомври. Полицијата во изминатите три месеци секојдневно изрекува вакви казни поради непочитување на мерката.  Констатирано е дека мерката се прекршува како во затворени објекти, така и на […]

Почна увидот за причините за пожарот во „Глобал“


Увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ почна претпладнево во Струмица. Инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство влегоа во трговскиот центар и почнаа со истражување за причините за избувнувањето на големиот пожар. Ова за МИА го соопштија од ОЈО Струмица, а почнувањето […]

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 22 пациенти, вкупно се лекуваaт 375


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 375 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката […]

Во Сиднеј воведено задолжително носење маски во трговските центри и јавниот превоз


Австралија– Носењето заштитни маски во некои околности стана задолжително во Сиднеј, најголемиот град во Австралија. На жителите на Сиднеј им се заканува парична казна од 154 американски долари доколку не носат маски во трговските центри, јавниот превоз и во некои затворени објекти. Главниот советник за здравство на владата на Нов Јужен Велс, Кери Шант, не […]

Инаугурацијата на Бајден ќе биде „виртуелна парада“


САД– Инаугурацијата на избраниот претседател на САД, Џо Бајден ќе претставува „виртуелна парада“ бидејќи се уште во сила е забраната за масовни собири поради пандемијата со Ковид-19, соопштија денеска организаторите на церемонијата. По заклетвата во западното крило на Капитол Хил, Бајден и неговата сопруга, идната прва дама Џил, ќе им се придужат на потпретседателката Камала […]

Божиќно послание на г.г. Стефан: Годинава да биде време на победа над злото, непријателствата и подмолната болест


Возљубени чеда во Господа, Денес, на овој спасоносен ден, ликуваат ангелите и светиите на небесата, а ние верните се радуваме на земјата. Ветениот Месија2, за Кого пророците пророкувале и праведниците Го очекувале, Синот Божји, Кој вечно се раѓа од Отецот, се родил во времето3: слегол од небото на земјата придружен со песни на ангелите, дочекан […]

Во Скопје казни за 210 возачи, 78 непочитувале брзина на движење


На територија на Град Скопје вчера се казнети 210 возачи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, казнети се 78 возачи за управување со брзина поголема од дозволената, 22 за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила. Изречени се 10 санкции за […]

Новиот вид на коронавирусот потврден во најмалку 37 држави


САД– Новиот вид на коронавирусот, што прво беше откриен во Велика Британија, потврден е во најмалку 37 држави, јави Си-Ен-Ен. Според експертите новиот вид полесно се пренесува, но нема докази дека е посмртоносен или да предизвикува потежок облик на болеста. Новиот вид на коронавирусот покрај во Велика Британија потврден е и во Австралија, Белгија, Бразил, […]

Исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека од утре  (5 јануари) почнува исплатата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита  за декември 2020 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од […]

Македонија ќе добие 800 000 вакцини од Фајзер од кои 5850 ќе пристигнат во февруари


Република Северна Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид-19, од прозиводителот Фајзер од кои првите 5850 дози ќе пристигнат во февруари, информира Министерството за здравство. -Министерот за здравство д-р Венко Филипче,  во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и […]

Во Велика Британија почнува имунизација со вакцината на Оксфорд и АстраЗенека


Англија– Во Велика Британија од денеска почнува да се користи вакцината против Ковид-19 на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд. Вкупно 530.000 дози од вакцината досега се дистрибуирани во шест англиски болници. Британската Влада најави дека во рок од неколку месеци ќе бидат испорачани десетици милиони дози. – Ова е клучен момент во нашата борба […]

Организаторите на Австралија опен ќе бидат тужени поради карантинот за тенисерите


Австралија– Сопствениците на апартмани во „Вестин Мелбурн“ се подготвуваат да ги тужат организаторите на Австралија опен во врска со нивната одлука за карантин на тенисери во овој хотел, пишува „Сиднеј Морнинг Хералд“. Тие стравуваат за нивното здравје и не се согласиле странските играчи да живеат со нив. – Изгледа дека сме фрлени и незабележани. Оваа ситуација […]

Нов земјотрес го погоди хрватскиот град Петриња и околината


Хрватска –   Уште еден земјотрес со интензитет од 4,5 по Рихтер утрово околу 7.50 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот се почувствувал и во Загреб. Областа околу Петриња во Хрватска и претходно денеска беше погодена од земјотрес со интензитет од 3,5 степени по Рихтеровата скала. Потресот беше регистриран во 4.20 часот утрово на два […]

За оставнината на Принс се води најсложена судска битка во Минесота


САД – Тековната полемика околу парите што ги остави поп-ѕвездата Принс кога почина без тестамент на 57 години, повторно се вжештува откако пресметките на Службата за внатрешни приходи покажаа дека извршителите на имотот на ѕвездата го потцениле за 50% или околу 80 милиони американски долари. УЈП утврди дека имотот на Принс вреди 163,2 милиони американски […]

Грција во 2020 година: Тензично со Турција, мигрантите го запалија кампот Мориа, а Златна зора заврши во затвор


Грција – Пандемијата, тензиите во односите со Турција, мигрантското прашање, прва жена претседател на државата, туризмот во „новата нормалност“, осудените членови на Златна зора за формирање криминална организација, беа главните теми што ја одбележаа 2020 година во Грција. Грција преку два карантини стигна до вакцината и веќе десет месеци е во „војна со невидливиот непријател“,  паралелно […]

Од екстрадицијата на Груевски не се откажуваме, вели Маричиќ


Државата презема сè што е во нејзина моќ да добие екстрадиција на Никола Груевски назад во земјата. Од екстрадицијата не се откажуваме и ќе продолжиме активно да работиме со цел враќање на Груевски дома, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА. Државата, како што истакнува Маричиќ, не е лимитирана во однос на […]