Нови 881 случај со Ковид-19, починати 22, оздравени 806 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 случај со Ковид-19 во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19. Починати се 22 лица, седум пациенти од […]

Кој е Бојан Лазаревски, новиот в.д. директор на Агенцијата за филм?


Со Агенцијата за филм ќе раководи Бојан Лазаревски, реши Владата на денешната седница. Лазаревски беше член на Управниот одбор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година, а на оваа позиција доаѓа од работното место раководител на партнерска мрежа составена од кредитни посредници, кои како алатка ги користат услугите на наменските кредити кон крајните […]

Бајден претседателската заклетва ќе ја полага пред Капитол


САД– Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, и потпретседателката Камала Харис на 20 јанаури заклетвата ќе ја полагаат пред зградата на Капитол, соопшти денеска неговиот комитет за инаугурација. Планерите на инаугурацијата на Бајден се обидуваат во организацијата на настанот да ги усогласат традиционалната церемонија и почитувањето на безбедносните мерки заради епидемијата на коронавирусот. Изборниот колеџ ноќеска […]

Истражување: Секој десетти жител на Шпанија бил инфициран со коронавирус


Шпанија– Секој десетти жители на Шпанија до средината на ноември бил заразен со коронавирусот, а речиси половината од заразените се инфицирале за време на летното повторно избувнување на жариштето, покажуваат првичните резултати од официјалното истражување за присуството на антитела кај луѓето. Четвртата и најнова студија за присуство на антитела на национално ниво утврди дека 9,9 […]

ЕУ сака да купи дополнителни 180 милиони дози од вакцините на „Модерна “ и „БиоНТек“/„Фајзер“


Белгија – Европската комисија (ЕК) има намера да обезбеди дополнителни 180 милиони дози вакцини за ЕУ ​​од американската компанија „Модерна“ и конзорциумот „БиоНТек“ и „Фајзер“, јави германскиот весник „Шпигел“, повикувајќи се на дипломатски кругови во Унијата. Според весникот, ЕК сака да купи уште 80 милиони дози вакцини од „Модерна“ и 100 милиони од „БиоНТех“ / „Фајзер“. […]

Бабовски и Рахиќ одат на нови должности, Бојан Лазаревски вд директор на Агенцијата за филм


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Комисија за именување, прифати повеќе кадровски решенија, соопшти владината прес-служба. Николче Бабовски е разрешен од должноста директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна […]

Ана Винтур унапредена, сега е глобален уредник на 25 изданија ширум светот


САД- Ана Винтур , уредничката на американскиот Вог, беше унапредена во Конде Наст, неколку месеци откако призна дека дозволила „штетно и нетолерантно“ однесување и не сторила доволно за да ги промовира  црномурестите дизајнери и модели. Винтур сега ќе биде главен директор за содржина на компанијата и глобален уредник на „Вог“, додека продолжува да го надгледува […]

Олимписката штафета ќе ја обиколи Јапонија и покрај пандемијата


Јапонија – Факелот со олимпискиот оган ќе мине низ сите 47 јапонски провинции, и покрај пандемијата на коронавирус, соопштија денеска организаторите. Маршрутата ќе биде исцртана во февруари следната година, а, засега, е познато дека олимпискиот факел ќе тргне од Фукушима, на 25 март. Олимпискиот оган на Националниот стадион во Токио ќе биде свечено запален на 23 јули. Паралелно […]

Аерофлот со посебна зона за патниците кои ќе одбијат да носат маска во авион


Русија – Руската авиокомпанија Аерофлот денеска соопшти дека во своите авиони ќе дизајнира посебна зона за патниците кои одбиваат да стават заштитни маски на лицата. – Одредени места се наменети за патници кои ќе се изјаснат дека одбиваат да користат маски откако ќе се затвори вратата од авионот, изјави портпаролката на Аерофлот, Јулија Спивакова. Таа додаде […]

Хари и Меган ќе водат поткасти на Спотифај


САД – Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган ќе создаваат и ќе водат подкасти за стриминг на музичкиот сервис Спотифај, соопшти денеска шведската компанија. Според повеќегодишниот договор меѓу нивната новоформирана компанија „Arccvel Audio“ и музичкиот сервис, брачната двојка ќе произведува програми што ќе ја забавуваат публиката ширум светот и ќе презентираат различни перспективи и ставови, […]

Во Грција починаа 98 лица и се регистрирани 1.240 нови случаи на Ковид-19


Грција– Во изминатите 24-часа во Грција повторно е регистриран зголемен број смртни случаи од Ковид-19, починаа 98 лица, а заразени се уште 1.240 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи, 270 се во Атика, поширокиот регион на Атина, а 232 во Солун. Од почетокот на епидемијата во Грција од Ковид-19 починаа 3.785 […]

Дедо Мраз зарази со коронавирус 118 лица во белгиски дом за стари лица


Белгија– Дедо Мраз, кој посети дом за стари лица во Белгија, со коронавирус зарази 118 лица. Според локалните медиуми, син на корисник на дом за стари лица во градот Антверпен, во костум на Дедо Мраз, го посетил домот за да ги развесели корисниците. Меѓутоа, кратко по посетата, 45 лица кои биле во близок контакт со […]

На инфективните оддели во државава се лекуваат 1302 пациенти, има слободни кревети


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово […]

Фаучи: Бајден и Харис треба да се вакцинираат против Ковид-19


САД– Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести Ентони Фаучи денеска изјави дека новоизбраниот претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис треба што побрзо да се вакцинираат против новиот коронавирус. Тој исто така ги повика претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс да се вакцинираат. Во САД вчера почна имунизација со […]

Во Косово 17 починати и 294 заболени од Ковид-19, нема олеснителни мерки за празниците


Косово– Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 1.220 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 17 од заразените од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.035 тестови со методот РТ-ПЦР (165.583 вкупно досега), позитивни на коронавирусот резултирале 294 лица, со […]

Уметнички инсталации кај некогашните кино „Карпош“ и диско „Турист“


Две нови скулптурални инсталации во јавен простор, насловени „Урбани топоними – акции  наменети за зачувување на спомените на градот“ се поставени денеска на две локации – киното „Карпош“, каде што со свое дело интервенираше младиот уметник Андреј Миневски, и некогашното диско „Турист“ каде што е поставено делото на Ѓорѓе Јовановиќ. Центарот за современи уметности Скопје […]

Лажна дојава за бомба во Бољшој театар


Русија-По дојава за поставена бомба во Бољшој Театар во Москва, беа евакуирани најмалку 350 лица, но подоцна се утврди дека станува збор за лажна закана. – Заканата за бомба во московскиот Бољшој театар била лажна, изјави за Тасс извор од полицијата, откако беше извршен увид во објектот. Според него, при увидот не е откриена ниту […]

Нов часовник „Армани“: Италијанска естетика, швајцарска прецизност


Италија- Џорџо Армани планира лансирање на фини часовници во соработка со луксузниот швајцарски производител на часовници  Parmigiani Fleurier. Ова е прв ваков проект за дизајнерот. Првите модели ќе бидат достапни од ноември 2021 година само во избрани бутици Армани низ целиот свет. Часовниците ќе бидат изработени целосно рачно и ќе бидат понудени во нумерирани изданија. […]

Книга за Матеја Матевски од Георги Старделов


По повод 90-годишнината од раѓањето на академик Георги Старделов, „Матица македонска“ ја објави неговата книга „Раѓањето на трагедијата – поезијата и поетското искуство на Матеја Матевски“. Во своето најново критичко-есеистичко дело авторот го анализира и вреднува богатиот поетски опус на познатиот писател, еден од најпреведуваните македонски автори во светот  и добитник на престижни национални и […]

СЗО бара нови извори за финансирање на борба против пандемијата


Швајцарија – Светската здравствена организација бара нови инструменти за финансирање за да обезбеди 28 милијарди долари (23,02 милијарди евра) за алатки за борба против пандемијата, изјави висок официјален претставник на организацијата и додаде дека се покажало оти финансирањето претставува „вистински предизвик“. – Тоа е вистински предизвик во денешното фискално опкружување, и покрај фактот дека ова е најдобрата понуда, […]