Сондата на Обединетите Арапски Емирати стаса на Марс


ОАЕ– Првата сонда на Обединетите Арапски Емирати стигна до Марс и успешно влезе во нејзината орбита по седуммесечно патување, што овозможува да испраќа податоци за атмосферата и климата на таа планета. Таа мисија ги прави ОАЕ петтата вселенска агенција што успеа да стигне до црвената планета. Сондата  Хоуп (Надеж) беше лансирана во јули 2020 година […]

Атина во строг карантин до 28 февруари


Грција – Од задутре, четврток до 28 февруари ќе има зголемени рестриктивни мерки во Атика. Ова значи дека се затвора секаков вид малопродажба, а сите нивоа на образование ќе работат на далечина, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во видео пораката што вечерва ја упати до граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Мерките за областа Атика, […]

Во Албанија рекордни 1.239 новозаразени, меѓу нив и министерот за одбрана


Албанија– Во Албанија во последното деноноќие регистриран е нов негативен рекорд на заразени со Ковид-19, но и на пoчинати лица, како последица на опасниот вирус. Според Министертвото за здравство и социјална заштита од направените 4.562 тестирања, позтивни на врусот се 1.239 што е 27 отсто од тестираните. Меѓу новозаразените е и министрот за одбрана Нико […]

За што всушност станува збор во втората постапка за импичмент на Трамп?


Во американскиот Сенат започнува втората постапка за отповикување на Доналд Трамп од функцијата. За првпат во историјата на САД ваков процес се води против поранешен претседател. За што се товари тој? Какво е обвинението против Донaлд Трамп? Всушност, сето требаше да биде само формалност: Конгресот на САД се состана на 6 јануари за да го […]

Кока-Кола преминува на шишиња од рециклирана пластика


САД – Американскиот производител на газирани пијалаци Кока-Кола денеска соопшти дека на неговиот најголем пазар-САД ќе почне со употреба на шишиња целосно направени од рециклирана пластика. Со оваа иницијатива, Кока-Кола би ја намалила употребата на нерециклирана пластика за 20 проценти во Северна Америка во споредба со 2018 година. Со префрлување на шишиња кои би биле целосно изработени од рециклирана […]

Истрагата за хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант води кон пилотска грешка


САД – Пилотска грешка е најверојатно причината за хеликоптерската несреќа во која минатата година загина кошаркарската НБА ѕвезда Коби Брајант, соопштија денеска американските истражители. Во извештајот за несреќата во која на 26 јануари 2020 година загинаа девет лица се наведува дека пилотот на хеликоптерот, најверојатно, ги прекршил федералните стандарди за време на летот и, исто така, најверојатно ја загубил ориентацијата управувајќи со […]

Првото независно радио во Унгарија престанува со работа


Унгарија– Првата независна радиостаница во Унгарија ќе престане да емитува програма откако изгуби жалба во Апелацискиот суд за одземање на лиценцата поради кршење на правилата. Шефот на Клубрадио, Андраш Арато ја оцени одлуката на судот како „срамна и кукавичка“. – Тоа предизвикува нова загриженост во врска со слободата на медиумите во Унгарија. Ќе поднесеме жалба […]

Белгија со вакцината на АстраЗенека ќе имунизира луѓе на возраст под 55 години


Белгија– Белгија месецов ќе искористи 443.000 дози вакцини на АстраЗенека против коронавирусот за вакцинирање на лица помлади од 55 години. Ова ќе се направи поради недостиг на податоци за ефикасноста на вакцината кај постарите лица. За време на вакцинацијата, приоритет ќе имаат здравствените работници и луѓето во домовите за стари лица, како и хронично болните и полициските службеници ангажирани на […]

Макрон прифати да учествува на самитот Брдо-Бриони


Словенија– Францускиот претседател Емануел Макрон официјално ја прифатил поканата за учество на самитот „Процес Брдо-Бриони“, што оваа пролет ќе го организираат словенечките и хрватските претседатели во Словенија, соопшти кабинетот на словенечкиот претседател. Според Кабинетот, Макрон покажал голем интерес за таа иницијатива за Западен Балкан, како и дека очекува „отворен и корисен дијалог“ и создавање порака […]

Борел возврати на критиките: Полесно ќе беше да седам во канцеларија


Белгија – Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, попладнево се соочи со гневот на европратениците поради неговата посета на Москва минатата недела, тој прифати некои од забелешките, но смета дека одлуката за посета на Русија останува оправдана, јавува дописничката на МИА од Брисел. Борел минатата недела ја посети официјално Москва и одржа прес […]

Д Викенд на Супербоулот носеше сако на Живанши, рачно шиен 250 часа


САД- Канадската суперѕвезда Д  Викенд на полувремето на Супербоулот не импонираше само со настапот туку и со изгледот. Роден како Абел Тесфаје, на неверојатниот 12 минутен перформанс, (на кој настапуваат најголемите ѕвезди), на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Тампа, Флорида, носеше светкаво црвено сако од висока мода, дизајнирано од креативниот директор на Живанши, Метју Вилијамс. Според […]

Перформанс „9“ – порака од уметниците за здравје, мир и благосостојба


Македонски писатели, ликовни уметници, спортисти, универзитетски професори, актери и други уметници денеска во клубот „9“ во Скопје учествуваа во перформанс во кој преку симболиката на бројот 9 испратија заедничка молитва за благосостојба и позитивни мисли за подобар свет, мир и здравје. Перформансот го отвори авторот Гоце Ристовски, кој во своето обраќање зборуваше за симболиката на […]

Илјадници возачи во Германија останаа заробени во снегот, некои и над 16 часа


Германија– Илјадници возачи се заглавени во Германија како резултат на најобилните снежни врнежи во последните неколку години, што предизвика хаос во транспортот. Обилниот снег предизвика прекин на сообраќајот на автопатот А2 кај градот Билефелд во Северна Рајна-Вестфалија. Некои возачи останаа заробени во снегот по најмалку 16 часа, пишуваат локалните медиуми. Застојот е предизвикан од камиони […]

Во Сараево откриен британскиот вид коронавирус


БиХ– Во Сараево изминативе денови е откриен британскиот вид коронавирус, пренесуваат локалните медиуми. Како што наведуваат, странски државјанин кој престојувал во Сараево како турист бил заразен со британскиот вид на коронавирусот. Тој е третиран како асимптоматски случај, но ПЦР тестот го потврди присуството на вирусот. По позитивниот наод, направено е секвенционирање на вирусот на Факултетот […]

Османи утре заминува во работна посета на Луксембург и Белгија


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе оствари средби со луксембуршкиот министер за надворешни и европски работи и за имиграција и азил Јан Аселборн, со претседателот на Парламентот Фернан Етген, претседателот на парламентраната Комисија за надворешни работи, Ив Круктен. Од Луксембург, како што соопшти МНР, Османи […]

Сашко Коцев прогласен за најдобар актер на филмски фестивал во Бејрут


Актерот Сашко Коцев е избран за најдобар глумец на Фестивалот Beirut Shorts International Film Festival, кој се одржа во Бејрут, Либан. Тој е и избран во категоријата за најдобар глумец во интернационален краток филм, а наградата е за филмот „Налепница“ на Георги Унковски. Филмот „Налепница“ неодамна беше избран за најдобар краток филм на 18. издание […]

Тесла купи биткоини од 1.5 милијарди долари и планира да продава свои производи со криптовалутата


САД-Компанијата Тесла денеска соопшти дека купила биткоини во вредност од 1.5 милијарди долари и дека планира да ги продава своите производи со криптовалутата.  Во апликацијата до Комисијата за хартии од вредност и берзански тргувања (СЕК), Тесла посочува дека откупува биткоин „за поголема фелсибилност во понатамошната диверсификација и максимизирање на повратокот на кеш“.  Компанијата исто така […]

Шминка со заштитна маска? Совети на Дадар за поубав изглед и во време на корона


Постојаното носење на маска ни го крие лицето и не тера помалку време да поминуваме пред огледало. Ама негата на лицето и во време на корона не губи од актуелноста зашто е дел од нашата култура и хигиена на живеење, а и основна база за шминкање доколку тоа го сакате. Некои жени ја искористија пандемијата […]

Полициски службеници од СВР Куманово примиле поткуп, МВР ги суспендираше


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници Д.Д. (24) и Е.С. (29) од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ на РСМ, соопштија од […]

Заев очекува следната недела да стигнат антиковид вакцините од „Фајзер“


Премирот Зоран Заев на денешната онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „Северна Македонија на прагот од Европа“ изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“, а потоа и од другите производители. Запрашан околу набавката на вакцини против Ковид- 9 во Северна Македонија, Заев истакна дека земјава меѓу првите се […]