Леди Гага ќе ја пее националната химна на инаугурацијата на Бајден


САД– Поп-ѕвездата Леди Гага ќе ја ја испее химната на САД на церемонијата на заклетва Џо Бајден и Камала Харис. 34-годишната Гага ќе ја изведе The Star-Spangled Banner  на инаугурацијата на 20 јануари, додека Бајден ќе го наследи Доналд Трамп како претседател и Харис ќе ја презеде функцијата заменик претседател. „Варајети“ известува дека во составот […]

Почина доајенот на македонската народна песна Ѓоко Дончев


Еден од доајените на македонската народна музика Ѓоко Дончев ненадејно почина вчера во Скопје, соопшти денеска неговото семејство. Дончев беше активен на сцената повеќе од 25 години и со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика. Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од […]

Убавините на Струга инспирација за уметницата Лида од Малта


Првите 48 часа биле пресудни за уметницата Лида Шерафатманд од Малта да донесе одлука да се пресели во Струга. Инспирирана од природните убавини, Езерото, лебедите, планините…, токму од Струга ги слика најубавите дела, кои завршуваат како поштенски марки во Лихтенштајн и Кина. Ја сака Струга. Се грижи за природата, а неодамна покрена иницијатива за доделување […]

Разголена на фотографиите, протестира за неправдите: Џеј Ло се кажа во ELLE


САД– Актеркатга и пејачка Џенифер Лопез (51) е горда на „проникливиот“ син што го одгледува. Ѕвездата на „Хастлерс“, проговори за ELLE во врска со користењето на нејзината платформа за достојни цели, додека позираше за насловната страница на списанието за февруарското издание. Лопез – која е мајка на 12-годишни близнаци, синот Максимилијан „Макс“ Дејвид и ќерката […]

УХМР: Утре и задутре облачно со ветер и снег во јужните и северните делови


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Претпладне во јужните делови од земјава ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до 1 степен, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени. Во […]

Националната комисија за УНЕСКО одржа конститутивна седница


Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија денеска одржа конститутивна седница на платформата Зум, соопшти Министерството за култура. По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура Ирена Стефоска. Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за […]

Од „Вог“ во „Ролинг Стоун“: Ѝ тргна на Дуа Липа


САД– Насловницата на февруарското издание на престижниот музички магазин „Ролинг Стоун“ ја краси Дуа Липа. Поп-ѕвездата со косовско потекло, овој месец ја красеше насловницата на британскиот „Вог“. Фотографирана од Дејв Лашапел, поп-ѕвездата се појавува низ целиот број на магазинот во низа модни изгледи од високата мода како Марк Џејкобс, Пако Рабан и Тиери Муглер. Во […]

Меланија не и помага на Џил пред инаугурацијата. Како Мишел комуницираше со Меланија?


САД- Според новиот извештај на Си-Ен-Ен, Меланија Трамп не ѝ посакува уште добредојде на Џил Бајден во Белата куќа. Г-ѓа Трамп „нема основано канцеларија за продолжување на нејзината платформа во годините по Белата куќа, според извор запознат со нејзините активности. Ниту, пак, таа ѝ помогна на првата дама Џил Бајден во однос на должностите – […]

Битола ја подига свеста за читање: „Направи Selfie со твојата омилена книга”


Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола започна јавна кампања „Направи Selfie со твојата омилена книга”. Станува збор за нова, иновативна програма, креирана за редовните членови, но и за привлекување на нови читатели во бибилиотеката   – Секој читател е уникатен во креирањето навики и ритуали, додека ја чита својата омилена книга. Нашата желба е низ фотографија да ги […]

Децата и коронавирусот: Што покажуваат последните истражувања?


До неодамна се сметаше дека децата ретко се заразуваат со коронавирус и не можат да го шират. Најновите истражувања покажаа дека тоа не е сосема точно. Што да се прави со училишните активности во контекст на пандемијата на коронавирусот: да продолжат да ги реализираат на Интернет или да ги враќаат учениците во училниците? Ова прашање […]

Се случи чудо, заврна снег во Скопје (фото)


Како деца паметевме долги студени зими со снег до колена, а сега се радуваме како деца кога во зима ќе не изненади. Скопје вечерва го виде првиот снег сезонава, снежеше неколку часа, ама беше доволно да се слушне џагорот на децата по улиците, или шанса возрасните да прошетаат и да ја почувствуваат зимската идила. Чудно, […]

Ердоган прими вакцина против коронавирус


Турција– Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ја прими кинеската вакцина KoronaВак против Ковид-19 со цел да им даде пример на граѓаните, јави Анадолија. Турското претседателство објави фотографија на која Ердоган со маска на лицето ја прима првата доза на вакцината во болница во Анкара. – Се надевам дека кампањата за вакцинација ќе биде корисна […]

Франција воведува задолжителен негативен тест за Ковид-19 за сите кои не се од држави членки на ЕУ


Франција– Премиерот на Франција Жан Кастекс соопшти вечерва дека ќе биде потребен негативен тест за влез во државата за сите кои доаѓаат од држави што не се членки на Европската унија. Тој додаде дека во Франција од денеска се воведува и полициски час од 18 часот на национално ниво наместо од 20 часот. Потезите се […]

Регистрирани 396 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 442 пациенти, починати се 15 лицa


Денеска се регистрирани 396 нови случаи на Ковид 19, вкупната бројка на дијагностицирани е 87986, оздравени се 442 пациенти, а  починати се 15 лицa. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а од новите регистрирани се 396 случаи, најголем број се во Скопје 198. Во Куманово и во Штип […]

Uggs никогаш не излегуваат од мода: Иман и Андре Леон Тали во новата кампања


САД- Во ера кога носењето преголема гардероба е веќе стандард, Иман карактеристично ги прави работите поинаку. Манекенката родена во Сомалија, деловна жена, филантроп и вистинска легенда на модата го помина своето време во карантин во удобна облека – со полн ритам, ниту помалку – на својот профил на Инстаграм. Не е изненадувачки, гледајќи како таа […]

Од рак почина илузинистот Зигфрид од двоецот со Рој, познати по шоуто со диви животни во Лас Вегас


САД- Зигфрид Фишбахер, половина од светски познатиот тандем на илузионисти во Лас Вегас Зигфрид и Рој, почина од рак осум месеци по смртта на неговиот долгогодишен деловен партнер Рој Хорн. Фишбахер имаше 81 година. Неговата сестра Долоре Фишбахер, калуѓерка во Минхен, Германија, за Ен-Би-Си њуз  изјави дека Фишбахер починл во неговиот дом во Лас Вегас […]

Истражување: Ризикот од ширење на коронавирус во концертна сала е занемарлив


Германија– Истражување во Германија за движењето на честичките во воздухот во затворен прсотор покажа дека постои мал ризик од инфекција со коронавирус во добро проветрени концертни простори, кога сите носат заштитни маски. Второто такво истражување, спроведено во  „Концертхаус“ во Дортмунд (1.500 седишта), траеше три дена во ноември минатата година, организирано од институтот Фраунхофер Хајнрих Херц […]

Конгресот ќе му забрани на Трамп кандидатура за нов мандат како претседател, тврдат американски медиуми


САД–  Многу е веројатно дека американскиот Конгрес ќе му забрани на претседателот Доналд Трамп да се кандидира за втор мандат, јавија американски медиуми откако Трамп вчера влезе во историјата на САД како прв претседател со два импичмента. Претставничкиот дом го одобри обвинението против американскиот лидер – поттикнување на бунт – 232 конгресмени против 197 гласаа за […]

УХМР: Снежни врнежи ќе има насекаде во текот на ноќта, особено во западните делови


Локалните врнежи од снег во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во западните делови. Само во крајните југоисточни подрачја врнежите ќе бидат од дожд и снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе […]

ФАЦ: Мали шанси за полноправно членство во ЕУ на земјите од Западниот Балкан


Реалните шанси земјите од Западниот Балкан да добијат полноправно членство во ЕУ се сведени на минимум, тврди германскиот весник ФАЦ. Старо-новата алтернатива која се нуди е членство во Европската економска зона Никој веќе реално не верува дека проширувањето на ЕУ ќе продолжи со шесте држави од Западниот Балкан, или дури и со само некоја од нив, во […]