Принцот Филип префрлен во друга лондонска болница


Англија– Британскиот принц Филип денеска беше префрлен во друга болница откако речиси две недели беше хоспитализиран во во лондонската приватна болница „Крал Едвард Осми“ поради инфекција. Бакингемската палата денеска потврди дека војводата од Единбург е пренесен во болницата Свети Бартоломеј. Принцот Филип (99) ќе остане во болницата Свети Бартоломеј до крајот на неделата. Принцот Чарлс […]

Претседателот на Гана прв во светот прими вакцина од програмата Ковакс


Гана – Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо денеска се вакцинираше против коронавирусот, со што стана првата личност во светот што ја прими вакцината против Ковид-19 од програмата Ковакс. Ковакс е глобална иницијатива за помош на сиромашните земји во снабдувањето со вакцината, заеднички покрената од Светската здравствена организација (СЗО) и Сојузот за вакцини (ГАВИ), со цел неразвиените […]

Никола Саркози осуден на три години затвор, од кои две условно за корупција


Франција- Парискиот Кривичен суд денеска ги прогласи за виновни за корупција и трговија со влијанија Никола Саркози, како и адвокатот Тиери Херцог и поранешниот судија Жилбет Азиберт, во таканаречената афера „прислушување на Пол Бизмут“. Поранешниот претседател е осуден на три години затвор, од кои две условно за корупција. Во декември 2020 година, Националното финансиско обвинителство […]

„АстраЗенека“ го продаде својот удел во „Модерна“’ за повеќе од милијарда долари


Англија– Британско-шведскатата компанија „АстраЗенека“ го продаде својот 7,7-отстотен удел во акциите на „Модерна“ за повеќе од милијарда долари, откако акциите на оваа американска биотехнолошка компанија пораснаа благодарение на пробивот на нивната вакцина на пазарот на вакцини против коронавирусот, пренесе британски „Тајмс“. Не е јасно во кој период оваа британско-шведска компанија го продала својот удел во […]

Едноставноста е луксуз: Тања Кокев со нова колекција го најавува отварањето на модниот салон


Ако на нешто (требаше да) нѐ научи новото време, или од лани популарно нарекувано „новото нормално”, е тоа дека треба да почнеме да ги вреднуваме повеќе нештата кои досега ги сфаќавме здраво за готово. Дека треба да се стремиме кон умереноста и едноставноста, во сите аспекти на живеењето, вели креаторката Тања Кокев, која со нова […]

Почина фудбалската хрватска легенда Златко Крањчар


Хрватска– Легендарниот фудбалер на Динамо и поранешен хрватски тренер, почина денес во Загреб на 65-годишна возраст. Тој бил примен во болницата во Задар на 18 февруари поради проблеми со црниот дроб. По десетдневно лекување, Крањчар беше пренесен во Загреб поради влошената состојба, но лекарите не успеаја да му го спасат животот. Крањчар е роден во Загреб […]

Никому не му паѓа на памет да ја укине Катедрата по македонски јазик, истакна Заев


Јавно беше објавено и од Катедрата за македонски јазик и од соодветниот Факултет на кој е оваа катедра, дека нема никакви планови за нејзино укинување и никому не му паѓа на памет такво нешто, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи ги информациите за наводни планови за укинување на Катедрата. Тој потенцира дека оваа година кога […]

На Арктикот до крајот на векот температурата може да се зголеми за 20 степени


Русија – Експертите од Институтот за нумеричка математика Марчук при Руската академија на науките предвидуваат дека емисијата на штетни гасови ќе ја зголеми температурата во Арктичкиот басен за 20 степени до крајот на векот, изјави денеска водечкиот експерт Евгениј Володин. Научниците создадоа климатски модел, заснован на можни промени во атмосферата, океанот, почвата и вегетацијата, како и на густината […]

„Допирот“ – втор меѓународен проект на Националната галерија


Националната галерија, во партнерство со Британскиот совет и агенцијата „Лукс“ го најавуваат интернационалниот проект под наслов „Допирот“, дел од „Ние сме тума: Идни екологии“. Овој е втор меѓународен проект на Националната галерија на уметничката сцена за 2021 година, куриран од Ана Франговска. Изложбата ќе се отвори на 15 септември во Мултимедијалниот центар Мала станица, а […]

Рочиштето за „Титаник“ одложено за 17 март поради изолација на судијата Огнен Ставрев


Поради изолација на членот на Судечкиот совет, Огнен Ставрев, кој имал контакти со лица позитивни на Ковид-19, за денеска најавеното рочиште за предметот „Титаник“ е одложи за 17 март. Рочиштето треба да продолжи со искази на неколку сведоци. Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова. Освен […]

МСУ со отворен повик до сите млади уметници за престојното 13. Биенале на млади уметници


Биеналето оваа година ќе се одржи од 5 мај до 1 септември 2020, во Музејот на современата уметност – Скопје.Темата е /ˈwɒndəlʌst/страст за лутање.Повикот е отворен до 20 март 2020 година, за македонски и странски автори. Да се патува бесцелно од место до место. Кога ќе ја тргнеме настрана целта на патувањето, било заради туризам […]

Реџина Кинг освои Златен глобус со стилот: Хибриден црвен килим на наградите (галерија)


САД– За првите виртуелни Златни глобуси, Реџина Кинг го избра Луј Витон. Оскаровката, номинирана синоќа за режија на „Една ноќ во Мајами“, носеше асиметрична тоалета од црна свила. Тоалетата се шиеше 350 часа , вклучувајќи 20.000 сребрени светки, 12.000 златни светки и 8.000 црни светки. Повеќе од 1.200 кристали потоа беа извезени на врвот на […]

Нов Зеланд: Оукланд губи 22 милиони долари дневно поради карантинот


Нов Зеланд – Градоначалникот на Оукланд, Фил Гоф денеска ги повика жителите да се вакцинираат откако најголемиот град на Нов Зеланд за време на викендот влезе во четвртата блокада од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а загубите на градот поради рестриктивните мерки се речиси 22 милиони на ден. Премиерката Џасинда Ардерн воведе седумдневна блокада на градот со два милиони жители поради […]

Индискиот премиер се вакцинираше против Ковид-19


Индија– Премиерот на Индија Наренда Моди денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирус произведена во земјата и ја истакна важноста на кампањата за вакцинација што почна во средината на јануари. Луѓето постари од 60 години и луѓето над 45 години кои имаат одредени хронични здравствени проблеми сега можат да ја добијат првата доза во Индија, откако здравствените […]

Експерт: Само шест проценти од Русите се имуни на Kовид-19


Русија– Само шест проценти од Русите во моментов имаат имунитет на коронавирусот, изјави Александар Горелов, заменик-директор на Рускиот централен институт за истражување и епидемиологија и член на Руската академија на науките. Од почетокот на епидемијата, во Русија се заразиле околу 4,2 милиони луѓе, плус 20 до 30 проценти од оние кои немале никакви симптоми, па затоа не им била потребна медицинска […]

Уште еден концерт „Филхармонија за Филхармонија“ в четврток


По првиот камерен концерт кој се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од оркестарот на Филхармонија, овој четврток во 20 часот ќе се одржи уште еден од серијата насловена „Филхармонија за Филхармонија“. На програмата се дела од Бетовен, Шнитке, Девиен, Шуберт, Премру, Глинка и Барток. Во рамки на програмата ќе настапат […]

Како во годината на пандемијата на Ковид-19 исчезна грипот во САД


Февруари е обично месец кога сезоната на грип е во полн ек, а ординациите и болниците се полни со пациенти. Меѓутоа, не и оваа година. Грипот практично исчезна во Америка, каде се пријавени многу пониски нивоа на болеста отколку во изминатите децении. Експертите велат дека мерките за контрола на коронавирусот – носење маски, физичко растојание […]

Моќен говор на Џејн Фонда на Златниот глобус: Да бидеме лидери


САД- Легендарната актерка Џејн Фонда (83) одржа моќен говор синоќа при примање на наградата за животно дело на Златниот глобус- Сесил Б. Демил .Подеднакво позната по нејзиниот активизам како и по глумата – го предизвика Холивуд да „влезе во чекор со разновидноста што се појавува“ во индустријата. „Толку сум трогната да ја добијам оваа чест, […]

Бугарија ги отвора образовните центри, училиштата, рестораните и казината


Бугарија– Во Бугарија денеска повторно се отвораат приватните образовни центри и училишта, рестораните и казината, согласно наредбата на бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов, со која се очекува да се олеснат голем број анти-епидемиски мерки, јави БГНЕС. Дозволени се и туристичките патувања во земјата, Објекти за јадење и забава, обложувалниците и казината можат да примат клиентите до 50 проценти од нивниот капацитет, ќе […]

Најстудено во Берово и Маврово


Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 19 сантиметри. Изутрина во седум часот најстудено било во Берово и во Маврово каде се регистрирани – 6 степени, по што следат Скопје-Петровец и Крива Паланка со -4. Минус 3 степени се измерени во Тетово, Штип, Битола, Kрушево у Попова Шапка, -2 во Прилеп, Струмица, Охрид, Претор […]