„Макфест“ годинава на 30 и 31 октомври, 41.издание на Фестивалот на забавни мелодии


Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41.издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Организаторите во соопштението информираат дека повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во […]

Кои културни проекти ќе добијат државни пари? Отворени конкурсите за 2027 година, еве ги новите правила


Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани на прес-конференција во Владата соопшти дека од денеска во 12 часот е отворен системот за електронско пријавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година. Системот за електронско пријавување ќе биде отворен до 30 октомври 2026 година, […]

Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти – Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум


Директорите треба да внимаваат кога изнајмуваат објекти и треба да знаат какви програми ќе се одржуваат и со каква содржина, изјави денес министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, одговарајќи на прашање во врска со снимањето на спотот „Секси мама“ од страна на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево.  На […]

Тргнати решетките од Македониумот во Крушево


Тргнати се решетките од галериите со витражните композиции на сликарот Борко Лазески на Македониумот во Крушево, уметничко-архитектонско ремек дело на тандемот Јордан и Искра Грабулоски кој се смета не само за еден од највпечатливите градби во Македонија, туку и за едно од најоригиналните архитектонски градби во светот, каде се наоѓа и гробот на револуционерот Никола […]

Јордан Симонов e новиот уметнички директор на МНТ


  Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денес го назначи актерот-првенец Јордан Симонов за уметнички директор на Македонскиот народен театар. Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него […]

Како Хутите можат да предизвикаат глобална економска криза и колапс на десетина држави


Додека се прават дипломатски напори за завршување на седумесечната војна и повторно да се воспостави слободна пловидба преку еден од најважните морски трговски патишта, Ормуска Теснина, на политичката сцена на Блиски Исток се активираат јеменските бунтовници, Хути кои се обидуваат да блокираат уште еден важен поморски пат, теснината Баб ал-Мандеб. Ако Хутите успеат да воспостават […]

Американските сили се повлекоа од последните бази во Ирак, стравувања од безбедносен вакуум


Багдад – Американските сили денеска се повлекоа од преостанатите свои бази во Ирак, предизвикувајќи стравувања дека зад себе оставаат безбедносен вакуум што би можел да ги зајакне проиранските милиции и да доведе до прегрупирање на Исламската држава. Повлекувањето што го поздравија Иран и неговите сојузници, беше договорено во 2024 година, за време на претседателствувањето на […]

Концерт на Александра Коцевска и Глигор Гелебешев во Истанбул


Македонскиот културен центар во Истанбул, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, вечер организира концерт на македонските уметници Александра Коцевска – мецосопран и Глигор Гелебешев – пијано. Концертот ќе се одржи во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул, а на програмата ќе бидат изведени дела од Морис Равел, Џузепе Верди и Стојков. – […]

Главниот аеродром во Берлин доби систем за рано откривање дронови


Берлин – Германската управа за контрола на летање пушти во употреба систем за детекција на дронови на главниот аеродром во Берлин, соопшти Министерството за транспорт на Германија. Системот на аеродромот Берлин Бранденбург (БЕР) е дизајниран за рана детекција на дронови во зоните за полетување и слетување и за предупредување на надлежните органи за потенцијалните ризици […]

Промоција на „Атентат“, долгодишно истражување на д-р Доревски за атентатот на Глигоров


По повеќе од три децении, книгата ,,Скопскиот атентат’’ повторно го отвора прашањето за еден од најсложените безбедносни случаи во независна Македонија – атентатот врз првиот претседател на државата, Киро Глигоров, се вели во најавата за промоцијата на најновата обемна книга д-р Зоран Доревски,  во време на атентатот  главен инспектор во Управата за обезбедување одредени личности […]

Сончево и топло со температури до 26 степени


– Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови ќе биде повремено засилен ветер, претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со […]

Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член на МАНУ, Мирко Тодоровски


Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, проф. д-р Мирко Тодоровски ќе одржи пристапно предавање на тема „Електроенергетски системи во ера на енергетска транзиција – очекувани предизвици“.  Проф. д-р Мирко Тодоровски е избран за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите на Изборното собрание на МАНУ, одржано на 7 ноември […]

Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа со шефовите на најголемите технолошки компании потпиша „морално обврзувачки“ документ за вештачката интелигенција (ВИ). „Тоа на некој начин е како устав и го потпишаа најголемите луѓе во светот, го потпишав и јас како претседател и тоа навистина е еден вид заштита“, изјави Трамп пред новинарите по состанокот. Документот […]

Поранешната потпретседателка на Костарика води во трката за генерален секретар на ОН


Њујорк – Неформалното гласање во Советот за безбедност на ОН вчера покажа дека поранешната потпретседателка на Костарика, Ребека Гринспан, води во трката за 10-ти генерален секретар, велат извори. Четвртото тајно гласање на 15-члениот совет следеше по собирот на светските лидери на Генералното собрание минатата недела. Првото и третото гласање, одржано во јули и септември, исто […]

Трамп нареди промена на името за вештачката интелигенција


Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им наредува на федералните агенции да го заменат терминот „вештачка интелигенција“ со „суперинтелигенција“. Трамп верува дека зборот „вештачка“ ги намалува вистинските можности на технологијата. Тој исто така нагласи дека Соединетите Американски Држави имаат „голема предност“ во однос на другите земји, вклучително и Кина. „Имаме голема предност и […]

Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација, совладана од Словенија


Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од 2:0 синоќа во Љубљана од Словенија во вториот дуел од групата од Лигата на Нациите. По првиот дел во кој домаќинот беше подобар ривал, головите беа постигнати во вторите 45 минути. Словенија поведе во 52.минута преку Санд Ловриќ, кој ја казни грешката на нашата одбрана. Во продолжението селекторот Гоце […]

Астрономски календар


Денеска е среда,30 септември 2026 година, 273-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 92 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 29 минути, а ќе зајде во 18 часот и 17 минути. Денов трае 11 часа и 47 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, а […]

Кличко се обидува да го заштити наследството на ќерката, тврди дека предмети од имотот исчезнале


Поранешниот украински боксер Владимир Кличко поднесе тужба за привремено старателство над својата 11-годишна ќерка Каја, која ја имаше со Хајден Панетиер. Тужбата доаѓа повеќе од еден месец по смртта на актерката, која почина на 16 август на 36-годишна возраст. Целиот нејзин имот ѝ припадна на нејзината ќерка, објави списанието Hello!. Детали за тужбата Кличко ја […]

„Лореал“ ги собра ѕвездите во Париз – Селин Дион изненади со неочекуваниот настап


Париз – Неделата на модата во Париз започна со стил со спектакуларна ревија на L’Oréal во подножјето на Ајфеловата кула. ​​Настанот, посветен на колекцијата пролет-лето 2027, насловен „Express Your Worth“, го прослави самоизразувањето и јакнењето на жените преку луксузна мода. Изненадување на вечерта – настап на Селин Дион Најголемото изненадување на вечерта беше канадската музичка […]

Трамп заспа пред камери на прес-конференција во Белата куќа, се нижат реакции на социјалните мрежи


Вашингтон – За време на неговиот брифинг во Белата куќа, Доналд Трамп се чинеше дека заспа пред камерата, предизвикувајќи непосредна реакција од гледачите на Фокс њуз. Снимката брзо стана вирална на социјалните мрежи, а корисниците му се потсмеваа на претседателот, кој претходно го носеше прекарот „Поспаниот Дон“.     Trenutak koji je privukao pažnju Во […]