Довербата во медиумите достигна најниско ниво


Довербата во традиционалните медиуми опадна на најниско ниво во историјата, и многу професионалци од медиумите се решени да направат нешто во врска со тоа. Вербата во централните институции на општеството, особено во владата и медиумите, е лепак што го одржува општеството заедно. Тој лепак видливо се раствора пред една деценија и сега, за многу милиони …

Довербата во медиумите достигна најниско ниво Read More »

САД и ЕУ ја осудија употребата на сила на протестите во Русија


САД/Белгија– САД најостро ја осудија употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите на вчерашните протести низ Русија, соопшти Стејт департментот. – Постојаните напори за сузбивање на правата на Русите за мирни собири и слобода на говорот, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на протестите, загрижувачки укажуваат на натамошните ограничувања на цивилното општество …

САД и ЕУ ја осудија употребата на сила на протестите во Русија Read More »

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел


Утре без електрична енергија во одреден период ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром и Бутел. Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја утре ќе бидат во периодот од 09:00-12:00 часот корисниците од бул.Јане Сандански згради број:86, 88 и 90 во општина Аеродром. Во периодот од 08:00-09:00 часот без струја ќе останат корисниците …

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел Read More »

Македонскиот дизајн посегнува по Летните олимписки игри во Токио 2021


Охриѓанецот Крсте Нелоски разработува дизајн за Олимписките игри во Токио 2021 година. Веќе има изработено столица со мотиви на Јапонија дизајнирана специјално за Олимпијадата 2021, снимен е и документарен филм со хуманистичка порака поврзана со постулатите на Олимпизмот, целосно е изработена специјална монета на Игрите, а разработува и идејно осмислил и грандиозен проект за изградба …

Македонскиот дизајн посегнува по Летните олимписки игри во Токио 2021 Read More »

Пештера Убавица: Заспаната убавица во средиштето на планината Буковиќ се разбуди


Помислата на пештера, кај обичниот човек наведува на мистерија и се поврзува со митови околу кои се плетат разни приказни и верувања. Таквите верувања доскоро владееја и кај луѓето кои живеат во близина на пештерата Убавица во гостиварското село Горна Ѓоновица. Сега се знае дека оваа пештера крие богатство, секако не како она во приказната …

Пештера Убавица: Заспаната убавица во средиштето на планината Буковиќ се разбуди Read More »

Премиерот Заев во посета на село Стајковци по повод изградбата на нова спортска сала  


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, во 14 часот ќе направат увид во ОУ „Кирил и Методиј“ во село Стајковци каде ќе започне изградба на нова спортска сала. На настанот е планирано и обраќање на премиерот пред медиумите.

Намален бројот на активни случаи на заболени од Ковид-19, на инфективните одделенија има слободни легла


По големите регистрирани бројки на заболени со Ковид-19, во последниот период полека се стабилизира состојбата со епидемијата во земјава, за што е показател намалениот број на активни случаи. Во текот на последнава недела за над 3000 е намален бројот на активни случаи. Од Министерството за здравсто посочија дека бројот на хоспитализирани лица постојано се менува, …

Намален бројот на активни случаи на заболени од Ковид-19, на инфективните одделенија има слободни легла Read More »

Прoменливо облачно, попладне врнежи од дожд, на планините од снег


Времето денеска претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер. Според УХМР, …

Прoменливо облачно, попладне врнежи од дожд, на планините од снег Read More »

Сообраќајот по влажни коловози, снег провејува во Маврово и кај Стража


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот премин Стража. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено …

Сообраќајот по влажни коловози, снег провејува во Маврово и кај Стража Read More »

Мелбурн 17-ти ден без случаи на Ковид-19, во пресрет на „Австралија Опен“


Австралија – Австралиската сојузна држава Викторија веќе 17 дена е без нови локални случаи на коронавирусот, а властите прават напори ваквата ситуација да не го расипе одржувањето на тенискиот турнир „Австралија опен“ следниот месец затоа што меѓу спортистите кои допатувале има позитивни на коронавирусот. Дури 72 играчи кои ќе учествуваат на турнирот од 8 до 21 февруари беа …

Мелбурн 17-ти ден без случаи на Ковид-19, во пресрет на „Австралија Опен“ Read More »

Гир : Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива на Северна Македонија е јасна и неспорна


Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива, перспективата на пристапување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, е јасна и неспорна. Минатата година го имавме Самитот во Загреб, каде што оваа стратегиска цел беше повторена од страна на лидерите, ништо не е променето. Северна Македонија со нејзината географска положба, со нејзината култура, историја, …

Гир : Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива на Северна Македонија е јасна и неспорна Read More »

Повеќе од 100 припадници на американската Национална гарда се позитивни на Ковид-19


САД– Меѓу 100 и 200 припадници на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурација на американскиот претседател Џозеф Бајден се позитивни на коронавирусот, соопштил американски официјален претставник. Службеникот, кој се согласи да зборува под услов да остане анонимен, рекол дека бројот на заразени може да биде многу поголем, бидејќи тој ден во градот имало 25.000 припадници на безбедносните сили. Тој напомена дека …

Повеќе од 100 припадници на американската Национална гарда се позитивни на Ковид-19 Read More »

Трудо е првиот странски лидер кој разговарал со Бајден


Канада– Канадскиот премиер Џастин Трудо и американскиот претседател Џо Бајден планираат да се состанат следниот месец, соопшти кабинетот на премиерот по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери за односите меѓу двете земји, во кој се согласија да ги здружат силите во борбата против коронавирусот во Северна Америка. Белата куќа потврди дека двајцата лидери ја нагласиле „стратешката важност на американско-канадските односи“ во вчерашниот …

Трудо е првиот странски лидер кој разговарал со Бајден Read More »

ЕК: Инсистираме на стабилност во испораките на вакцините на АстраЗенека


Белгија– Европската комесарка за здравство Стела Киријакидес потврди дека претставници на фармацевтската компанија Астра Зенека најавиле доцнење во испораките на вакцините нарачани од ЕУ за првиот квартал на 2021 година. По тој повод, Киријакидес изрази незадоволство и од ЕУ и од земјите членки. – Инсистираме на прецизен план за испорака врз чија основа земјите-членки можат да …

ЕК: Инсистираме на стабилност во испораките на вакцините на АстраЗенека Read More »

Утрински температури над нулата, најмногу снег на Попова Шапка


Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка – 2 степени, каде исто така има најмногу снег, 31 сантиметар. Температурите во другите делови од земјата се над нулата и тоа во Гевгелија, Струмица и Берово се измерени нула степени, во Скопје – Петровец еден, во Тетово два, во Крушево, Лазарополе и Маврово три степени, во …

Утрински температури над нулата, најмногу снег на Попова Шапка Read More »

Опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19, но остануваат апелите за почитување на мерките за заштита


Нови 307 случаи со Ковид-19 од направени 1.854 тестирања беа евидентирани во вчерашниот билтен на Министерството за здравство по изминати 24 часа. Починаа 14 лица во болнички услови, а оздравени се 658 пациенти. Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.124, бројот на оздравени пациенти е 76.045, на починати …

Опаѓа бројот на новозаразени со Ковид-19, но остануваат апелите за почитување на мерките за заштита Read More »

Пораки до Скопје и Софија да се ангажираат за решение, а времето да се искористи и за интензивирање на реформите


Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија нема алтернатива, а со цел деблокирање на усогласувањето на преговарачката рамка за земјата важно е да се работи со Бугарија на надминување на разликите и времето да се искористи земјата да го забрза процесот на реформите, порачаа вчера шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и …

Пораки до Скопје и Софија да се ангажираат за решение, а времето да се искористи и за интензивирање на реформите Read More »

Се врати во сила Законот за акцизи, бензините и дизелот поевтини за два денара


Од денеска престана да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што повторно стапи во сила Законот за акцизи. Тоа придонесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да ги намали малопродажните цени на горивата. Со укинувањето на дополнителната акциза за горивата која беше …

Се врати во сила Законот за акцизи, бензините и дизелот поевтини за два денара Read More »

Шабан Трстена : Успесите не доаѓаат од небо, туку со пожртвуваност и напорна работа дење и ноќе, по дожд и снег


Успесите не се постигнуваат со зборови или реклами, ниту со политика, туку со жртва и работа дење и ноќе, на дожд и снег. Овие успеси не се добиваат на лотарија. Не! Не доаѓаат од небото, да ти речат „Еве повелете медал или награда затоа што ти си најдобар спортист“. Овие успеси во тешки услови дојдоа …

Шабан Трстена : Успесите не доаѓаат од небо, туку со пожртвуваност и напорна работа дење и ноќе, по дожд и снег Read More »

Иванка Трамп и Џаред Кушнер го напуштија Вашингтон и рентаат скап апартман во Мајами


САД– Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер го напуштија Вашингтон и заминаа во Мајами каде рентаат луксузна недвижност, соопшти денеска Си-ен-ен повикувајќи се на свои извори. Се дознава дека Иванка во Мајами изнајмила апартман во луксузен станбен комплекс на брегот на Атлантскиот Океан со договор на една година. Телевизијата дознава дека …

Иванка Трамп и Џаред Кушнер го напуштија Вашингтон и рентаат скап апартман во Мајами Read More »