Елена Васова, по наградата „Милан Младеновиќ“ му се посветува на својот деби-албум


Откако ги заврши промотивните обврски околу наградата „Милан Младеновиќ“ во Макарска и во Белград, актуелнава победничка, македонската авторка и пејачка Елена Васова конечно се врати дома. Според плановите, периодов Елена ќе им се посвети на македонските медиуми, но и на својот деби-албум. Ја чекаат интервјуата, телевизии, портали…, но и многу музика која треба да биде …

Елена Васова, по наградата „Милан Младеновиќ“ му се посветува на својот деби-албум Read More »

Во ноември ќе се знае дали Израел ќе учествува на Евросонг 2026 во Виена


Цирих– Дали ќе му биде дозволено на Израел да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година? По повиците земјата да биде исклучена поради војната во Газа, одговорот на прашањето ќе биде даден во ноември. Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира настанот, потврди дека ќе им дозволи на своите 68 членови „да гласаат за …

Во ноември ќе се знае дали Израел ќе учествува на Евросонг 2026 во Виена Read More »

Трет конгрес на патологија со меѓународно учество во Скопје


Македонското здружение за патологија во соработка со Меѓународната академија на патологија Дивизија Северна Македонија, во Скопје одржуваат Конгрес на патологија од кој се очекува развој на оваа дијагностичка област во медицината. Во изјава за МИА, професор  д-р Рубенс Јовановиќ, претседател на Македонско здружение за патологија, истакна дека на конференцијата се презентираат теми од областа на …

Трет конгрес на патологија со меѓународно учество во Скопје Read More »

Разговор со мајсторот на криминалистичкиот роман Ахмет Умит вечерва на „Букстар“


Разговор со светски познатиот турски писател Ахмет Умит, мајстор на модерниот криминалистички роман, ќе се одржи вечерва во рамки на фестивалот на европска литература „Букстар“ во Салон 19.19 во Културно-информативниот центар во 19:19 часот. Модератор на настанот ќе биде Јордан Коцевски. Умит ќе зборува за своето богато творештво, инспирациите зад неговите книги и за улогата …

Разговор со мајсторот на криминалистичкиот роман Ахмет Умит вечерва на „Букстар“ Read More »

Германија, покрај забраната, одобрила извоз на оружје во Израел во вредност од 2,46 милиони евра


Берлин – Германија одобри извоз на оружје за Израел во вредност од најмалку 2,46 милиони евра откако спроведе делумно запирање на извозот, се наведува во одговорот на Сојузното министерство за економски прашања на парламентарната истрага на Левичарската партија. Исто така се истакнува дека пратките вклучуваат „друга воена стока“ а не оружје. Германскиот канцелар Фридрих Мерц на …

Германија, покрај забраната, одобрила извоз на оружје во Израел во вредност од 2,46 милиони евра Read More »

Грција денеска парализирана од генерален штрајк


Атина – Без бродски и железнички сообраќај е денеска Грција поради 24-часовниот генерален штрајк на најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и во приватниот сектор (ГСЕЕ), во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти итн, јави дописничката на МИА од Атина. Штрајкот, што ќе ја парализира земјата е поради …

Грција денеска парализирана од генерален штрајк Read More »

Мицкоски дозна како се станува патриот


Голема радост ме облеа  кога лично премиерот Христијан Мицкоски ме прогласи за голем патриот. Ете тоа ти е права политика и предизборна кампања. До вчера си странски платеник и предавник, а од денес си патриот и тоа голем. И што е многу значајно не само јас, туку стотици илјади граѓани и семејства во Македонија по …

Мицкоски дозна како се станува патриот Read More »

Самит за дигитализација на Западен Балкан 2025 во Скопје


Скопје денеска и утре е домаќин на Самитот за дигитализација на Западен Балкан (WBDS) 2025, што го организираат Министерството за дигитална трансформација на Северна Македонија и Советот за регионална соработка (RCC).  Настанот ќе ги обедини владите од регионот, бизнис заедницата, академската средина и меѓународните партнери со цел забрзување на дигиталната трансформација на регионот. Организиран на …

Самит за дигитализација на Западен Балкан 2025 во Скопје Read More »

ЛШ: Ливерпул загуби од Галатасарај, втори победи за Баерн, Интер и Реал


Истанбул – Галатасарај синоќа во Истанбул го победи Ливерпул со 1:0 во второто коло од Лигата на шампионите.  Виктор Осимен го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи пенал во 16. минута. Галатасарај го доби својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и е на 18-то место со три бода. Ливерпул, со ист број …

ЛШ: Ливерпул загуби од Галатасарај, втори победи за Баерн, Интер и Реал Read More »

Блокирана Владата на САД


Вашингтон – Владата на САД првпат по седум години е блокирана откако демократите и републиканците не се договорија за здравствената заштита. „За“ предлогот на демократите за финансирање на Владата гласаа 47 сенатори, а 53 беа „против“. Додека „за“ републиканскиот предлог доби 55 гласови, пет помалку од потребните 60 за да се избегне блокада на Владата. Најдолгата …

Блокирана Владата на САД Read More »

Трамп: Постигнавме договор со Харвард, универзитетот ќе плати 500 милиони долари


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација постигнала договор со Харвардскиот универзитет по неколкумесечни преговори, според кој универзитетот ќе плати 500 милиони долари. -Линда ги финализира последните детали, рече Трамп во Овалната соба, мислејќи на министерката за образование Линда Мекмеон. Тој изјави дека Харвард ќе управува со трговски училишта и ќе обучува луѓе …

Трамп: Постигнавме договор со Харвард, универзитетот ќе плати 500 милиони долари Read More »

Пациенти со канцер купуваат хемо од странство, апаратот за брахитерапија е на сервис


Пациенти кои се лечат од канцер на Клиниката за онкологија јавно посочуваат дека во моментов нема ниту терапија, ниту реагенси за испитување, ниту пак работат сите апарати за зрачење поради што се принудени да се снаоѓаат кој како стигне, најчесто одејќи во соседните земји. „Хемотерапија нема на Клиниката за онкологија, купувам од други држави, а …

Пациенти со канцер купуваат хемо од странство, апаратот за брахитерапија е на сервис Read More »

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2025 година


Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вечер во 19 часот ќе се одржи свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2025 година. Како што информираат организаторите на манифестацијата, на почетокот на вечерта присутните ќе имаат можност да проследат кус аудио снимка изворно со гласот на Анте Поповски. Низ динамично …

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2025 година Read More »

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез во официјална посета на Министерството за одбрана


Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез денеска ќе престојува во официјална посета на Министерството за одбрана. Како што информираат од Министерството за одбрана, во рамки на посетата предвидени се неколку активности – свечена церемонија пред платото на Министерството, тет-а-тет разговор со министерот Владо Мисајловски, билатерални разговори на двете делегации и на крајот …

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез во официјална посета на Министерството за одбрана Read More »

Без вода корисниците од „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“ во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка на бул. „Партизански Одреди“ бр. 59 а. Водоснабдувањето во овие населени …

Без вода корисниците од „8-ми Септември“ до „Франклин Рузвелт“ Read More »

Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен. …

Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 1 октомври 2025 година, 274-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 91 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 31 минути, а ќе зајде во 18 часот и 15 минути. Денов трае 11 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Идрис Елба испишува историја. Глуми премиер и претседател во иста година


Британскиот актер Идрис Елба наскоро ќе го игра американскиот претседател во новиот трилер на режисерката Кетрин Бигелоу „Куќа од динамит“, кој се подготвува за Нетфликс. Ова ќе го направи редок актер – кој ќе ги игра и американскиот претседател и британскиот премиер во иста календарска година, нешто што ниту еден друг актер досега не го …

Идрис Елба испишува историја. Глуми премиер и претседател во иста година Read More »

Ролан Гарос ја отфрла промената во тенисот. Другите Грен Слем турнири ја прифатија


Единствениот тениски турнир Грен Слем на земјена подлога, кој се одржува секоја година на Ролан Гарос во Париз, ќе користи линиски судии следната година, соопшти Француската тениска федерација, која го управува турнирот. Другите три Грен Слем турнири – Австралија Опен, Вимблдон и САД Опен – се префрлија на електронски методи за утврдување дали топката слетала …

Ролан Гарос ја отфрла промената во тенисот. Другите Грен Слем турнири ја прифатија Read More »

Промовирана книгата „30 современи грчки автори“ во Скопје и во Атина


Книгата „30 современи грчки автори“ деновиве доживеа промоции во Скопје и во Атина. Книгата, која содржи препев на 30 песни од автори од Грција, во Скопје беше свечено промовирана во соработка со Амбасадата на Грција во земјава. На настанот лично присуствуваа четворица од авторите: Хрисанти Иакову, Ефтихија Кателанаки, Манос Мавромустакакис и Никос Влахакис, истакнати поети, …

Промовирана книгата „30 современи грчки автори“ во Скопје и во Атина Read More »