Што се крие зад разделбата на Никол Кидман и Кит Урбан ?


Љубовната приказна на Никол Кидман и Кит Урбан можеби сè уште не е завршена. Двајцата неодамна се разделија по 19 години брак. Сепак, разводот можеби сè уште не е на маса бидејќи Урбан наводно го иницирал разделувањето само за да го пренасочи вниманието на Кидман кон проблемите во нивната врска. Поранешната двојка се венча во …

Што се крие зад разделбата на Никол Кидман и Кит Урбан ? Read More »

Брижит Макрон не ја пропушти ревијата на „Луј Витон“ на Модната недела во Париз


Брижит Макрон го донесе својот препознатлив модерен стил од високата мода во првиот ред на ревијата на колекцијата „готова облека“ за пролет 2026 на „Луј Витон“ во вторник за време на Неделата на модата во Париз. Првата дама на Франција избра моќен костум со остра нота со метално сребрените додатоци. Макрон, седејќи со канадската концертна …

Брижит Макрон не ја пропушти ревијата на „Луј Витон“ на Модната недела во Париз Read More »

Редици за автограм од Ахмет Умит на „Букстар“ во Скопје: Откри зошто пишува крими-романи кои станаа бестселери


Разговор со светски познатиот турски писател Ахмет Умит, мајстор на модерниот криминалистички роман, се одржа синоќа во рамки на фестивалот на европска литература „Букстар“ во Салон 19.19 во Културно-информативниот центар. Ахмет Умит (1960) е еден од најпознатите турски автори на детективскиот роман. Неговиот прв роман „Магла и ноќ“ (1996) се смета за ремек-дело на детективската …

Редици за автограм од Ахмет Умит на „Букстар“ во Скопје: Откри зошто пишува крими-романи кои станаа бестселери Read More »

Во сабота ќе биде промовирана „Градина полна латици“ – храбра книга-сликовница за сите генерации


Во сабота (4 октомври), во 12 часот, во „Цреша бар“ во Скопје ќе се одржи промоцијата на книгата-сликовница „Градина полна латици“ од Иван Антоновски со илустрации на Иванка НиБа, во издание на „Светулка“. Промоторка на оваа по многу нешта храбра и уникатна книга ќе биде Билјана С. Црвенковска. Настанот ќе биде наменет и за оние …

Во сабота ќе биде промовирана „Градина полна латици“ – храбра книга-сликовница за сите генерации Read More »

Финскиот премиер предупреди: Русија претставува закана за цела Европа


Брисел – Европската Унија треба да преземе досега невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер Петери Орпо во интервју за „Политико“ пред Самитот на лидерите на ЕУ во Копенхаген. Тој нагласи дека Унијата мора да делува како „вистинска заедница“ во спротивставувањето на непријателските држави. – Потребни ни …

Финскиот премиер предупреди: Русија претставува закана за цела Европа Read More »

НАСА испраќа повеќе од 15.000 вработени на принудно отсуство поради запирање на работата на владата


Вашингтон – Американската вселенска агенција НАСА денеска испрати околу 15.000 од своите 18.218 цивилни вработени на неплатен одмор и ги суспендираше повеќето од своите активности, откако американската федерална влада беше блокирана поради неуспехот да се донесе буџет во Конгресот. Според планот за континуитет на работењето на НАСА, агенцијата ќе ги затвори сите небитни системи, ќе ги …

НАСА испраќа повеќе од 15.000 вработени на принудно отсуство поради запирање на работата на владата Read More »

Белата куќа вели дека отпуштањата се „неизбежни“ без наѕирање крај на прекинот на работата на владата


Масовните отпуштања на американските федерални службеници ќе започнат во рок од два дена, соопшти Белата куќа, додека пратениците меѓусебно си ја префрлаат вината за првиот прекин на работата на владата (shutdown) по речиси седум години. Запирањето на работата започна вчера, откако републиканците и демократите во Конгресот не успеаја да договорат нов план за трошење пред …

Белата куќа вели дека отпуштањата се „неизбежни“ без наѕирање крај на прекинот на работата на владата Read More »

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште


Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 6 степени во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 …

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште Read More »

Нето вредноста на Елон Маск вчера накратко надмина 500 милијарди долари


Нето вредноста на милијардерот Елон Маск, најбогатиот човек во светот, накратко надмина 500 милијарди долари, објави вчера списанието Форбс. Нето вредноста на шефот на Тесла и Спејс Екс достигна 500,1 милијарда долари пред да падне на 499,1 милијарда долари, според рангирањето „Милијардери во реално време“ на Форбс. На листата на Форбс по него следуваат ко-основачот …

Нето вредноста на Елон Маск вчера накратко надмина 500 милијарди долари Read More »

Доделување на наградата „Драги 2025“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик


На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ денеска ќе биде  соопштена и доделена наградата „Драги 2025“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик. Финалисти за наградата се пет преведувачи: Ермис Лафазановски за преводот од романски јазик на „Летото во кое мама имаше зелени очи“ од Татјана Цибуљак, издание на Три, 2024 година; Јасминка Марковска за преводот од …

Доделување на наградата „Драги 2025“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик Read More »

Без вода делови од улиците „Женевска“, „Јоаким Осоговски“ во Карпош и „Салвадор Аљенде“ во Кисела Вода


Без вода неколку часа денеска ќе бидат делови од улиците „Женевска“ и „Јоаким Осоговски“ во општината Карпош и „Салвадор Аљенде“ во општината Кисела Вода. Причина за прекинот на водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок, соопшти ЈП Водовод и канализација. Прекинато водоснабдувањето од 9 часот до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на дел од улиците …

Без вода делови од улиците „Женевска“, „Јоаким Осоговски“ во Карпош и „Салвадор Аљенде“ во Кисела Вода Read More »

Сообраќајот тековно, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на …

Сообраќајот тековно, по влажни коловози Read More »

Без струја дел од Бардовци и Долно Лисиче


Без електрична енергија денеска во периодот од 06.00 до 16.00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани кај викенд населбата во Бардовци во општина Карпош, соопшти РЦУК Скопје. Струја од 08.00 до 15.00 часот ќе немаат и корисниците од село Долно Лисиче лоцирани на потегот од Чатал кон Јурумлери.

САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија


Вашингтон – САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации што ќе помогнат во лансирањето напади со ракети со долг дострел врз руската енергетска инфраструктура, објави американскиот весник „Волстрит џурнал“. Според публикацијата, Вашингтон ја разгледува можноста за снабдување на Киев со оружје што може да достигне повеќе цели на руска територија. САД долго време разменуваат разузнавачки …

САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија Read More »

Студено со врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени …

Студено со врнежи од дожд Read More »

Трамп бара од 10 универзитети да потпишат договор ако сакаат федерални пари


  Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што содржи услови за добивање преференцијален пристап до федералните средства, објави вчера „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на меморандум од 10 точки. Документот ги повикува универзитетите да забранат афирмативна акција врз основа на раса или пол при вработување или запишување студенти, да ја …

Трамп бара од 10 универзитети да потпишат договор ако сакаат федерални пари Read More »

Проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“ во Кинотека


Специјална проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“, снимен во 1967 година во режија на Трајче Попов, ќе се одржи вечер од 20 часот во Кинотеката на Македонија во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“. -Проекцијата на овој класик е посебно значајна, бидејќи на домашната публика ѝ овозможува повторно да го доживее филмот …

Проекција на дигитално реставрираниот филм „Македонска крвава свадба“ во Кинотека Read More »

Кошта: Мораме заеднички да се соочиме со заканите и да изградиме „Европа на одбраната“


Копенхаген – Европската Унија е посветена на заедничко соочување со заканите, без разлика дали се конвенционални, хибридни или кибер, со јасна цел да се изгради „Европа на одбраната“, изјави доцна синоќа претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по завршувањето на неформалниот Самит на ЕУ во Копенхаген.   – Европските граѓани се оправдано загрижени за се …

Кошта: Мораме заеднички да се соочиме со заканите и да изградиме „Европа на одбраната“ Read More »

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 2 октомври 2025 година, 275-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 90 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минути, а ќе зајде во 18 часот и 14 минути. Денов трае 11 часа и 41 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Администрацијата на Трамп запре 18 милијарди долари за проекти за метрото во Њујорк


Вашингтон – Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, го прекина издвојувањето на 18 милијарди долари наменети за изградба на железнички тунел под реката Хадсон и проширувањето на метро линијата „Секонд Авени“ во Њујорк, поради прекин на финансирањето на сојузните институции. Соединетите Американски Држави влегоа во период на неизвесност откако Трамп и Конгресот не постигнаа договор …

Администрацијата на Трамп запре 18 милијарди долари за проекти за метрото во Њујорк Read More »