Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале


На Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од  магла, од 00:00 часот на полноќ до 20 часот синоќа откажани се вкупно 20 летови (полетувања и слетувања), два се преносочени, а слетале 13 авиони и исто толку полетале, информира ТАВ Македонија.  Слетале авионите од: Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Хамбург, …

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 22 декември 2025 година, 356-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 9 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Почна зимата


Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнa попладнево во 16 часот и 3 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почна летото.  На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.  До крајот на годината остануваат уште 10 дена.  Зимата ќе трае 88 дена 23 часа и 42 минути, односно …

Почна зимата Read More »

Посебно музичко доживување со Елаис и Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“


Во духот на празниците, НУ „Охридско лето“ ѝ подари на публиката посебно музичко доживување преку свечениот новогодишен концерт, кој синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  донесе врвна уметност и празнична атмосфера. На сцената настапија виртуозниот пијанист од Италија, Франческо Барбаџелата, и моќниот шпански тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, воодушевувајќи ја публиката со …

Посебно музичко доживување со Елаис и Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“ Read More »

Пијано, тенор и оперски арии вечерва на новогодишниот концерт на  „Охридско лето“


Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис вечерва ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  во 20 часот. Пијанистот Франческо Барбаџелета е истакнат уметник познат по својата …

Пијано, тенор и оперски арии вечерва на новогодишниот концерт на  „Охридско лето“ Read More »

Еуродизелот поевтинува за два денара


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 64,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот …

Еуродизелот поевтинува за два денара Read More »

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје


На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје свечено е промовиран нов едукативен и истражувачки центар, формиран во соработка со ТИТАН Усје. Центарот, што е дел од проектот „Знаење + CO₂ –“ – со знаење и иновативност до помалку CO₂, претставува современ едукативен простор наменет за унапредување на наставниот процес и за …

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје Read More »

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони


 Во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај, поради блокадите на грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина. На грчката страна од границата, веќе 19 дена …

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони Read More »

Скијачка сензација. Аутсајдер го престигна најдобриот во светот за прва победа во кариерата


Светот на скијањето денес беше сведок на една од најголемите сензации во сезоната. Сосема неочекувано, 27-годишниот Чех Јан Забистран ја освои трката супер-Г во Вал Гардена, оставајќи го зад себе водечкиот скијач во светот Марк Одермат. Сè изгледаше подготвено за уште една прослава од швајцарскиот феномен Марк Одермат, кој постави време од 1:25.08 и го …

Скијачка сензација. Аутсајдер го престигна најдобриот во светот за прва победа во кариерата Read More »

Штрајкот во Лувр  е ставен во мирување


Вработените во музејот Лувр во Париз гласаа за прекин на штрајкот што започна поради платите и условите за работа, иако нивните барања остануваат, изјавија претставници на синдикатот. „На општ состанок одржан денес, вработените во музејот Лувр едногласно одлучија да го прекинат штрајкот со цел музејот да може да се отвори и да прима посетители“, се …

Штрајкот во Лувр  е ставен во мирување Read More »

Времето на Марс тече побрзо. Објавено за колку


Времето на Марс тече побрзо отколку на Земјата, а научниците сега пресметаа прецизно за колку. Според истражувањето на двајца физичари од Националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST), часовниците на Црвената планета се забрзуваат во просек за 477 микросекунди секој ден. Иако разликата изгледа незначителна, таа е клучна за идните мисии кои ќе …

Времето на Марс тече побрзо. Објавено за колку Read More »

„Кадифено“ за мене е еден вид враќање кон корените, вели Зарина Првасевда пред утрешниот концерт


Денес, во просториите на Аудиокултура се одржа прес конференција по повод новогодишниот концерт на македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда со наслов “КАДИФЕНО”, во Филхармонија на 20 декември од 19.30 часот. На прес конференцијата, на која покрај Зарина, беа присутни и професорот и музичар Тони Арслан, македонскиот виртуоз на виолина како и младата и …

„Кадифено“ за мене е еден вид враќање кон корените, вели Зарина Првасевда пред утрешниот концерт Read More »

Колкaво богатство остави зад себе Роб Рајнер ?


Лос Анџелес – Смртта на познатиот режисер и актер Роб Рајнер и неговата сопруга го потресе Холивуд оваа недела. Рајнер, 78, и неговата сопруга, Мишел Рајнер, 68, беа пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес во недела навечер, 14 декември. Синот на Рајнер, Ник Рајнер, беше приведен и остана во затвор во понеделник, објави …

Колкaво богатство остави зад себе Роб Рајнер ? Read More »

Обама ја објави традиционалната листа на омилени филмови, книги и песни од 2025


Вашингтон – Токму декемвриската традиција враќа дел од разумот. Како што гласи еден коментар на Инстаграм: „Ах, ми недостига претседател кој знае да чита“. Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, го откри својот годишен список на своите омилени филмови, музика и книги за годината, кој вклучува филмови како „Една битка по друга“ од …

Обама ја објави традиционалната листа на омилени филмови, книги и песни од 2025 Read More »

Номинираните за „Златен глобус“ прв пат се дружеа на ручек во нивна чест


Лос Анџелес – Ручекот на номинираните за прв пат организиран  на Златните глобуси се одвиваше под шатор во дворот на „Мејборн Беверли Хилс“ во среда, означувајќи го последниот црвен тепих пред празниците. Кратка пауза пред официјално да започне сезоната на награди, а доделувањето на глобусите на 11 јануари го постави тонот за она што следи. …

Номинираните за „Златен глобус“ прв пат се дружеа на ручек во нивна чест Read More »

Дали лушпата се лепи за јајцето? Пробајте го овој генијален трик за лупење јајца


Празниците се пред врата, а француската салата е неизбежен дел од празниците и сигурно ќе биде на многу маси оваа година. Заедно со компири, грашок, моркови и кисели краставички, француската салата вклучува и варени јајца, а лупењето варени јајца често е проблем за многу луѓе. Малку работи во кујната можат да бидат толку фрустрирачки како …

Дали лушпата се лепи за јајцето? Пробајте го овој генијален трик за лупење јајца Read More »

90% од срцевите удари се поврзани со една утринска навика


Срцевите болести се водечка причина за смрт во светот. Иако многумина се свесни дека исхраната и стресот играат голема улога, еден доктор тврди дека дури 90 проценти од срцевите удари можат да бидат поврзани со една утринска навика што нема никаква врска со храната. Д-р Сана Садоксаи, која има повеќе од 42.000 следбеници на TikTok, …

90% од срцевите удари се поврзани со една утринска навика Read More »

Гордон Вегнер заминува од Мерцедес по 28 години


Мерцедес-Бенц се подготвува за голема промена, откако долгогодишниот шеф на дизајн, Горден Вегнер, се подготвува да ја напушти компанијата. По 28 години поминати во брендот, Вегнер ќе се повлече на 31 јануари 2026 година, со што се затвора едно важно поглавје во историјата на дизајнот на Мерцедес. Вегнер му се приклучи на Мерцедес во 1997 …

Гордон Вегнер заминува од Мерцедес по 28 години Read More »

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени – 4


Изутринава најстудено било во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови …

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени – 4 Read More »

Меган и Хари ја продолжуваат соработката со Нетфликс


Меган Маркл и принцот Хари подготвуваат ново задоволство за гледачите на Netflix – филмска адаптација на популарниот романтичен роман „The Wedding Date“ од Јасмин Гилори. Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот …

Меган и Хари ја продолжуваат соработката со Нетфликс Read More »