„Бајага и Инструктори“ на 30 јули со концерт на Антички во Охрид


Регионалните ѕвезди „Бајага и Инструктори“ се враќа во Охрид за Илинден со невиден концерт од својот безвременски каталот на најубави песни на Антички театар од 21 часот, најавува организаторот „Авалон продукција“.  Дали можете да замислите како во Античкиот театар во Охрид ќе звучат „Zažmuri“, „Sa druge strane jastuka“, „Kad hodaš“, „Od kada tebe volim“, „Plavi …

„Бајага и Инструктори“ на 30 јули со концерт на Антички во Охрид Read More »

„Брзи и бесни 9“ заработи 70 милиони долари првиот викенд во САД


САД – Првиот викенд од прикажувањето „Брзи и бесни 9“ во американските кина заработи 70 милиони долари. Ова е најголемото достигнување во САД, по „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“ во 2019 година. Филмот во кој глумат Вин Дизел, Шарлиз Терон, Хелен Мирен и Џон Сена е најуспешен и во светската филмска индустрија, за последниве 18 …

„Брзи и бесни 9“ заработи 70 милиони долари првиот викенд во САД Read More »

Совети за сонот во жешките летни ноќи


Германија– Последиците од екстремна жештина што го загрозува сонот и одморот ноќе, не треба да се потценуваат, смета германскиот стручњак за сон, Ханс-Гунтер Вес. Според него, утрото по непроспиена ноќ е често придружено со верижно „колективно проѕевање“ на работа или на училиште… – Но, она што повеќе ме загрижува е дека сѐ ова може да …

Совети за сонот во жешките летни ноќи Read More »

Промовирани нови 50 ласерски радари за потребите на сообраќајната полиција


Во Министерството за внатрешни работи денеска беа промовирани презентирани новите ласерски радари наменети за потребите  на сообраќајната полиција  опремени со уред  за ноќно снимање, далеку посупериорни од досегашните. Набавката вредна 21.257.175 денари е  направена согласно побарувањата, односно потребите на Единиците за сообраќај во МВР, следствено на актуелните европски полициски стандарди во овој дел од полициското …

Промовирани нови 50 ласерски радари за потребите на сообраќајната полиција Read More »

„Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец


Од печат излезе книгата „Скопски разговори“ на Свето Стаменов, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и познат македонски публицист, и проф. д-р Милан Јазбец, донеодамнешен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија, дипломат, универзитетски професор, писател и поет. Книгата претставува своевидна збирка од 20 радио – интервјуа реализирани во рамките на редовните програми …

„Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец Read More »

ЕВРО 2020: Место и термини за четвртфиналните двојки


Италија– Со одигрување на последните два осминафинални натпревара, познати се двојките за четвртфиналето. На 2 јули ќе играат: Швајцарија – Шпанија (Санкт Петербург, почеток 18 часот) Белгија – Италија (Минхен, почеток 21 часот). За 3 јули се закажани средбите: Чешка – Данска (Баку, почеток 18 часот) Украина – Англија (Рим, почеток 21 часот). 

Најмалку 34 жртви на пеколните горештини во Канада


Канада– Повеќе од 34 смртни случаи се регистрирани во западна Канада, посебно во регионот околу Ванкувер, заради рекордните горештини, соопшти денеска полицијата, пренесоа француските медиуми. Кралската канадска коњаничка полиција информира за повеќе од 34 смртни случаи што за 24 часа биле пријавени кај локалните власти. Големата жештина се смета за главната причина за повеќето смртни …

Најмалку 34 жртви на пеколните горештини во Канада Read More »

Раст на семејното насилство по укинувањето на рестриктивните мерки во Европа


Со постепеното враќање на животот во нормала во Европа се бележи зголемување на семејното насилство врз жените, пишува денеска агенцијата Франс Прес. Лицата на жртвите деновиве се наоѓаат на насловните страници на медиумите, во време кога насилниците ја „губат контролата“ врз жените што ја имале за време на пандемијата на коронавирусот и ограничувачките мерки што …

Раст на семејното насилство по укинувањето на рестриктивните мерки во Европа Read More »

Флориан Бибер : Бугарското вето е неоправдано и е злоупотреба на моќта на членка на ЕУ


Бугарското вето е секако неоправдано и за жал националистичка злоупотреба на моќта на земја членка на ЕУ. На многу начини, тоа е дури и повеќе безобразно од грчкото вето затоа што става вето на земјата откако ја поддржуваше со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша договор за пријателство. Ова го истакнува во …

Флориан Бибер : Бугарското вето е неоправдано и е злоупотреба на моќта на членка на ЕУ Read More »

По 20 години германската војска се повлече од мисијата во Авганистан


Германија – Германските трупи синоќа се повлекоа од Авганистан, соопшти Министерството за одбрана на Твитер, објавувајќи го повлекувањето на нивните војници од Авганистан по цели 20 години. -Ова е крај на едно историско поглавје, интензивна мисија која беше тест за Бундесверот и во која Бундесверот се покажа во битка, рече германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер. …

По 20 години германската војска се повлече од мисијата во Авганистан Read More »

Премиера на филмот „Проблемот на Тина“ на Радован Петровиќ


Светската премиера на новиот краткометражен филм на Радован Петровиќ – „Проблемот на Тина“ ќе се одржи вечер, во 21 часот, во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ). Во филмот се раскажува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста оди на првиот гинеколошки преглед. Сценариото на филмот е на Румена Бужаровска, а продукцијата на „Партизанс“. …

Премиера на филмот „Проблемот на Тина“ на Радован Петровиќ Read More »

Во очекување ЕУ да го исполни ветеното, земјите од Западниот Балкан ја зајакнуваат регионалната соработка


Северна Македонија, Албанија и Србија остануваат посветени на својот европски пат и на регионалната соработка, свесни дека како дел од Европа, Унијата им е потребна ним, исто толку колку што и тие и се потребни на ЕУ. Ваква порака вчера упатија премиерот Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ по …

Во очекување ЕУ да го исполни ветеното, земјите од Западниот Балкан ја зајакнуваат регионалната соработка Read More »

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 стабилна, од утре свадби и во затворен простор


Во услови на стабилна епидемиолошка состојба и со 221 активен случај на Ковид-19, Владата вчера донесе одлука да се дозволи организирање на свадби и во затворен простор со максимум 250 лица. – На предлог на Министерството за економија Владата донесе одлука од 1 јули 2021 година свадби да се организираат и во затворен простор со …

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 стабилна, од утре свадби и во затворен простор Read More »

„Филхармонија на отворено“ во дворот на Министерството за култура


Камерниот концерт од серијата настани „Филхармонија на отворено“, ќе се одржат на отворено во дворот на Министерството за култура. Во рамки на концертот ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија со своите камерни состави. На програмата дела од Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони, Скопски брас квинтет, Александра Чуруковска …

„Филхармонија на отворено“ во дворот на Министерството за култура Read More »

Промоција на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“


Федерацијата за планинарство на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Словенија во земјава, која обезбеди финансиски средства преку донации од словенечки фирми, во село Бродец денеска го започнува спроведувањето на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“. Со обележувањето на патеките се промовира соживотот со природата, важноста на заштитата на животната средина …

Промоција на проектот „Означување на планинарски патеки на Скопска Црна Гора“ Read More »

Вучиќ: На самитот во Скопје го менуваме името на иницијативата за мини Шенген


Србија -Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа на ТВ Еуроњуз изјави дека иницијативата „мини Шенген“, во која Србија е со Северна Македонија и Албанија, ќе го смени името на самитот во Скопје, што ќе се одржи на 28 и 29 јули, јави доспиникот на МИА од Белград. Тој додаде дека трите земји ќе продолжат да …

Вучиќ: На самитот во Скопје го менуваме името на иницијативата за мини Шенген Read More »

Денеска до 41 степен, активиран жолт метео-аларм


Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 34 до 41 степен. Согласно вредностите на прогнозираните температури на …

Денеска до 41 степен, активиран жолт метео-аларм Read More »

ЕУРО 2020: Украина е последниот четвртфиналист, ја победи Шведска на продолженија


Шкотска-На стадионот Хамден парк во Глазгов, Шкотска, синоќа се одбра и последниот четврт финалист со што се комплетира четвртфиналето. Украина преку играчот од средина Жиченко поведе со 1-0 во 2-та минута. Во 43-тата минута играчот од средина од шведскиот тим Форберг го израмни резултатот.  Украинците поконкретни во нападот, имаа повеќе посед на топката и упатија повеќе удар …

ЕУРО 2020: Украина е последниот четвртфиналист, ја победи Шведска на продолженија Read More »

Рикер утре во посета на Тирана, ќе се сретне со Рама и Баша


Албанија – Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер утре ќе престојува во Тирана, јави агенцијата Балкан веб. Високиот амеркански функционер ќе се сретне со премиерот Еди Рама и со лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша. Средбата со Баша ќе биде во седиштето на партијата. На средбите ќе се „разговара …

Рикер утре во посета на Тирана, ќе се сретне со Рама и Баша Read More »

Ново правило во Грција: Вакцинираните лица можат да одат во ресторани без маска


Грција-Грција ќе им овозможи на лицата кои се целосно вакцинирани против коронавирусот во рестораните да бидат без маска, објави денеска грчката влада, во обид да се зголеми стапката на вакцинација. – Првата цел е да се олесни проектот за вакцинација. Да се ​​донесат што е можно повеќе луѓе во центрите за вакцинација – рече грчкиот …

Ново правило во Грција: Вакцинираните лица можат да одат во ресторани без маска Read More »