Засега нема потреба од нови мерки, заклучила денеска Комисијата за заразни болести


Комисијата за заразни болести денеска заседаваше и оцени дека епидемиолошката состојба поврзана со коронавирусот е стабилна и оти засега нема потреба од нови дополнителни рестриктивни мерки. -И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за Ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисијата за заразни болести во моментов останува …

Засега нема потреба од нови мерки, заклучила денеска Комисијата за заразни болести Read More »

Претседателот на „Тојота“ нема да присуствува на отворањето на Токио 2020 поради страв од нарушување на угледот


Јапонија– Претседателот на „Тојота“ нема да присуствува на церемонијата на отворање на Олимпијадата Токио 2020, поради страв од нарушување на угледот на компанијата. Тојота е еден од спонзорите на Олимписките игри. Исто така, компанијата за производство на автомобили нема да прикажува ТВ реклами поврзани со Олимписките игри, иако однапред има подготвено видеа. Оваа одлука беше донесена …

Претседателот на „Тојота“ нема да присуствува на отворањето на Токио 2020 поради страв од нарушување на угледот Read More »

Концерт на Триото „Јонген“ од Хрватска вечер во Музејот на македонска борба


Во Музејот на македонска борба вечерва ќе се одржи концертот на Триото „Јонген“ од Хрватска, во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“. Триото се состои од Рената Пенезиќ – флејта, Жарко Перишиќ – фагот и Марина Матолиќ – пијано. Како што информираат организаторите, на репертоарот на вечерашниот концерт се делата „Ибис“ од Иван …

Концерт на Триото „Јонген“ од Хрватска вечер во Музејот на македонска борба Read More »

До вторник променливо облачно и врнежливо, од среда стабилизирање на времето


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе изнесува 7. Под влијание на влажна и …

До вторник променливо облачно и врнежливо, од среда стабилизирање на времето Read More »

Вил Смит ќе го продуцира „Алхемичарот“ на Паоло Куељо


САД – За време на Канскиот филмски фестивал е објавено дека студиото „Вистбрук“ на Вил Смит и Џејда Пинкет-Смит ги здружуваат силите со „Нетфликс“ за продукција на филмот „Алхемичарот“, според истоимениот роман на Паоло Куељо. Себастијан де Соуза, Том Холандер и Шоре Агдашлу ќе бидат во главните улоги во филмот. Кевин Фрејкс е режисер. Снимањето е …

Вил Смит ќе го продуцира „Алхемичарот“ на Паоло Куељо Read More »

Мистериозна болест меѓу американските дипломати во Виена


Австрија– Виена, како центар на многу дипломатски активности, до неодамна беше безбедна за работа на многу американски дипломати, но од почетокот на годинава се забележува нагло зголемување на здравствените инциденти со симптоми слични на мистериозната мозочна болест што се појави во Хавана во 2016 година, објави Радио слободна Европа (РСЕ). Американската влада истражува низа здравствени …

Мистериозна болест меѓу американските дипломати во Виена Read More »

Евроамбасадорот Гир на Охридско лето: Чинам слушав како флејтата и кларинетот меѓусебно си разговараа на Вечерта на ЕУ


„Бах во етерот“ беше насловена Вечерта на Европската унија што се одржа синоќа на фестивалот „Охридско лето“. Во акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“, Баховите дела преку извонредна интерпретација ги донесоа словенечките уметници, флејтистката Ирена Графенауер и кларинетистот Мате Бекавац. Двајцата уметници кои имаат долги и  успешни кариери, а заедничка им е скромноста при нивното …

Евроамбасадорот Гир на Охридско лето: Чинам слушав како флејтата и кларинетот меѓусебно си разговараа на Вечерта на ЕУ Read More »

Вечер на Синедејс филмови од Серебреников, Верховен, Нику и Чанг во Гала програмата


На 20. јубилеен Фестивал на европски филм – Синедејс денеска во рамки на Гала програмата се дела на Кирил Серебреников и Пол Верховен. Во Градски парк во терминот од 20:30 часот може да се погледне „Грипот на Петров“ („Petrov’s Flu“) во режија на Серебреников. Филмот следи ден од животот на стрип-цртач и неговото семејство во …

Вечер на Синедејс филмови од Серебреников, Верховен, Нику и Чанг во Гала програмата Read More »

Француската лабораторија „Карма“ првпат продаде вештачко срце


Англија– Француската лабораторија Карма денеска објави дека по првпат пуштила на пазарот вештачко срце, кое неодамна беше вградено кај пациент во Неапол во пресрет на трансплантација. Тоа е прва продажба на лабораториско вештачко срце. Лабораторијата е основана 2008 година. Вградувањето на срцето ја изврши тим лекари предводени од кардиологот Чиро Мајело во болницата во Неапол. …

Француската лабораторија „Карма“ првпат продаде вештачко срце Read More »

Поплавите во Германија причинија штета од неколку милијарди евра


Германија – Досега во Германија загинаа 157 лица во поплавите предизвикани од невремето кое ја зафати земјата, но се стравува дека бројот ќе биде уште поголем. Државата се соочува со најголема природна катастрофа во последните 60 години. Во околината на Келн, во западниот дел на Германија, надојдената вода однесе над стотина животи. Полицијата очекува да пронајде …

Поплавите во Германија причинија штета од неколку милијарди евра Read More »

Бич филм фестивал од 21-25 јули во Охрид


Годинава Beach Film Festival го бележи своето 4-то фестивалско издание. Фестивалот на нов европски филм, одомаќинет во градот Охрид  од 21 до 25 јули ќе се одржи на нова локација, плажата Горица 3. Проекции ќе има и на бродот Армада, како и во Музејско-културниот центар Лапидариум.  На ова издание ќе можеме да погледнеме филмови кои …

Бич филм фестивал од 21-25 јули во Охрид Read More »

Објавена книгата „Средби и разговори“ од Томислав Османли


Книгата „Средби и разговори“ на авторот и новинар Томислав Османли излезе од печат во издание на „Авант прес“ од Скопје. На повеќе од 150 страници текст книгата содржи шест опсежни интервјуа реализирани пред повеќе од 30 години со наши истакнати дејци – театарскиот ветеран уште од времето на патувачките трупи и филмски првенец Петре Прличко, …

Објавена книгата „Средби и разговори“ од Томислав Османли Read More »

Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева добитнички на наградата „Ладислав Баришиќ“


Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева се добитнички на наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2021 година од областа на ликовната критика. Наградата ја додели Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“. Како што информира Здружението „АИКА Македонија“, Комисијата во состав Мира Гаќина, Владимир Јанчевски и Маја Чанкуловска Михајловска одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2021 година да …

Биљана Тануровска – Ќулавковски и Ивана Васева добитнички на наградата „Ладислав Баришиќ“ Read More »

Влатко Стефановски Трио на Антички во Охрид на 5 август


По успешната мини турнеја на Триото на Влатко Стефановски во Хрватска и Словенија, и македонската публика ќе ја има можноста да ужива во звуците на нашиот најголем гитарски виртуоз. На 5 август, на Антички Театар во Охрид, со почеток во 21:00 часот, Влатко Стефановски заедно со извонредниот басист Иван Кукиќ  и младиот талентиран тапанар Јан …

Влатко Стефановски Трио на Антички во Охрид на 5 август Read More »

„Проект Пегаз“  откритија на 16 редакции за глобален телефонски шпионски систем


Франција – Парискиот дневен весник „Ле Монд“ и уште шеснаесет други редакции добија пристап до повеќе од 50.000 телефонски броеви потенцијално следени од Пегаз, моќен израелски шпионски софтвер, во корист на  десетина држави. Дигитално оружје што се користи против новинари, адвокати, активисти и политичари во многу земји, вклучувајќи ја и Франција, јави дописникот на МИА. Во …

„Проект Пегаз“  откритија на 16 редакции за глобален телефонски шпионски систем Read More »

Адел со гламурозен изглед на НБА финалето со дечкото Рич Пол


САД– Поп-ѕвездата Адел (33), добитничка на 15 Греми, се појави на редок јавен настап синоќа додека присуствуваше на 5-от натпревар од финалето на НБА во Феникс, д помеѓу Феникс Санс и Милвоки, заедно со дечкото Рич Пол, менаџерот на славниот кошаркар Леброн Џејмс. За своето големо вечерно излегување, Адел избра лежерно- гламурозен изглед, се одлучи …

Адел со гламурозен изглед на НБА финалето со дечкото Рич Пол Read More »

Претседателот Пендаровски и првата дама Ѓоргиевска на „Галичка свадба“


Претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на 47. издание на манифестацијата „Галичка свадба“, што се одржува под негово покровителство. За време на викендот, беа одржани  традиционалните свадбарски обичаи и адети кои изобилуваат со автентични носии, изворни песни и ора, карактеристични за мијачкиот фолклор. Честитајќи го склучувањето на бракот на …

Претседателот Пендаровски и првата дама Ѓоргиевска на „Галичка свадба“ Read More »

Иванишевиќ прв хрватски тенисер во Куќата на славни


САД– Освојувачот на грен-слем турнирот во Вимблдон во 2001 година Горан Иванишевиќ e првиот хрватски тенисер во историјата кој стана член на Куќата на славните. – Пред 42 години го почнав ова патување од малиот хрватски град Сплит и тоа денеска завршува во Њупорт. Тука е крајот. Ова е остварување на моите соништа. изјави 49-годишниот Иванишевиќ на свечената церемонија …

Иванишевиќ прв хрватски тенисер во Куќата на славни Read More »

Дваесет и еден нов ковид-случај, 13 од нив во Скопје


Институтот за јавно здравје регистрира 21 нов случај со КОВИД-19 во последните 24 часа од направени 3358 тестирања. Од нив, 13 се од Скопје, пет од Тетово и по еден од Гостивар, Струмица и Дебар.   Регистрирани сe двајца оздравени од Скопје и нема починати пациенти. Најмногу активни случаи има Скопје (99), а потоа Тетово …

Дваесет и еден нов ковид-случај, 13 од нив во Скопје Read More »

Врнежливо до вторник, од среда стабилизирање на времето


Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 70 километри на час) и со услови за појава на …

Врнежливо до вторник, од среда стабилизирање на времето Read More »