Во Франција од денеска е задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници


Франција – Во Франција oд денеска стапува на сила задолжителна вакцинација против Ковид на лицата кои работат во здравствениот сектор. Мерката е за околу 2,7 милиони луѓе кои се во здравствениот сектор. За да ја продолжат својата професија, од денеска, ќе треба да обезбедат доказ дека примиле барем една доза вакцина против коронавирусот. Два месеца …

Во Франција од денеска е задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници Read More »

Симовски: Имавме два хакерски напади на системот за попишување, но успешно се одбиени


Директорот на Државниот завод за статистика  Апостол Симовски вели дека нивната веб-страница е под постојан напад на хакери и оти имало два обиди за хакерски упади на системот за попишување, кои успешно биле одбиени. -Постојано е хакирана нашата веб страница. Веројатно целта е корисниците да не бидат во можност да ги следат нашите информации. Во два …

Симовски: Имавме два хакерски напади на системот за попишување, но успешно се одбиени Read More »

Пописот го доби посакуваниот интензитет, ДЗС не очекува потешкотии до крајот


Без никакви застои и проблеми, со посакуваниот интензитет се одвива пописот на населението и објектите. Од Државниот завод за статистика се задоволни и од темпото и од работата на попишувачите, а Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември. Заклучно со завчера до 20 часот попишани …

Пописот го доби посакуваниот интензитет, ДЗС не очекува потешкотии до крајот Read More »

Активни 12.893 случаи со Ковид-19, средношколците од Тетово и Гостивар до 20 септември ќе следат онлајн настава


Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184.277, бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати  6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893. Поради состојбата со епидемијата Владата одлучи наместо до 14 септември во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата да се одвива онлајн до 20 септември. Владата …

Активни 12.893 случаи со Ковид-19, средношколците од Тетово и Гостивар до 20 септември ќе следат онлајн настава Read More »

Димитров на конференција за Западен Балкан во Солун


Грција – Со учество на претставници од земјите од Западен Балкан, меѓу кои и заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров, попладнево во Солун ќе се одржи специјална конференција за регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“ во организација на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, јави …

Димитров на конференција за Западен Балкан во Солун Read More »

Доделување на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство


Во Скопје денеска ќе бидат врачени наградите за истражувачко новинарство за 2020 година за Западен Балкан и Турција што ги доделува Европската унија. На настанот, што ќе се одржи во 19 часот, најавено е обраќање на евроамбасадорот Дејвид Гир. Целта на овие награди е да се промовираат достигнувањата на истражувачките новинари и да се подобри …

Доделување на наградите на ЕУ за истражувачко новинарство Read More »

Концерти, перформанси, презентација на стари занаети на 15. издание на „Звуците на чаршијата“


Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија, од денеска до 17-ти септември ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел, веќе неколку години, е да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовни изложби и презентација на стари занаети. – Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна …

Концерти, перформанси, презентација на стари занаети на 15. издание на „Звуците на чаршијата“ Read More »

Проекција на култната комедија „Кој тоа таму пее“ на „Скопје филм фестивал класик“


Во летното кино „Мирно лето“ (Кинотека), во рамки на „Скопје филм фестивал класик“, ќе се одржи проекција на култната комедија на Слободан Шијан од 1980-та година насловена „Кој тоа таму пее“. Станува збор за нова, дигитално реставрирана копија на филмот кој своевремено беше прогласен за најдобра комедија на сите времиња на југословенските простори, а многумина …

Проекција на култната комедија „Кој тоа таму пее“ на „Скопје филм фестивал класик“ Read More »

Промоција на збирката есеи „Интелектуалци, политика, култура“од Данило Коцевски


Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер ќе се одржи промоција на постхумно објавената збирка есеи: „Интелектуалци, политика, култура“ на скопската легенда Данило Коцевски. Збирката е во издание на издавачката куќа „Бегемот“, а промоцијата ќе се одржи во рамките на литературниот фестивал „АртАреа“. Книгата „Интелектуалци, политика, култура“ е последното критичко-есеистичко дело на Данило Коцевски кој на својот единствен …

Промоција на збирката есеи „Интелектуалци, политика, култура“од Данило Коцевски Read More »

Сончево и топло до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени, информираат од УХМР. Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло слаб до умерен ветер од …

Сончево и топло до 35 степени Read More »

„Макфест“ со две фестивалски вечери и на отворено во Штип


Фестивалот на забавна музика „Макфест“ втора година по ред ќе биде на отворено, локацијата е Аква бела ресорт или поранешниот Градски базен во Штип, најави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Забележа дека одлуката е донесена поради протоколите за организирање на вакви настани. Смета дека годинава фестивалот ќе го има сјајот од …

„Макфест“ со две фестивалски вечери и на отворено во Штип Read More »

Вештачки засладените сокови ги удвојуваат шансите за мозочен удар


САД– Американското здружение за срце (АХА) наведува дека повеќе од три четвртини од пациентите кои доживеале мозочен удар еднаш, имаат висок крвен притисок. Тоа, како податок од истражувањето од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Бостон, кое ги проучува долгорочните влијанија на вештачки засладените пијалаци. Трудот е објавен во списанието „Строук“ (Мозочен удар). „Нашиот труд е …

Вештачки засладените сокови ги удвојуваат шансите за мозочен удар Read More »

AХВ ги исклучи кучињата и мачките од кампањата „Стоп беснило”


Собрани се доволен број примероци од кучиња и мачки, поради што овие животни се исклучени од кампањата за подобар пасивен надзор на болеста беснило. Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), продолжува собирањето угинати животни (лисици, волци, чакал, куна, ласица и јазовец) за лабораториско тестирање за беснило. -Кампањата „Стоп беснило” во изминатиот период ги даде …

AХВ ги исклучи кучињата и мачките од кампањата „Стоп беснило” Read More »

Нови возила за Одделот за организиран и сериозен криминал


Одделот за организиран и сериозен криминал доби нови возила кои се донација од Република Чешка.   Заменик министерот за внатрешни работи на Република Чешка Јиржи Новачек на министерот Оливер Спасовски му ја врачи донацијата- возила наменети за Одделот за организиран и сериозен криминал, кои ќе помогнат за уште подобри резултати на оваа организациска единица. Овие …

Нови возила за Одделот за организиран и сериозен криминал Read More »

Белгија не предвидува трета доза вакцина засега


Белгија– Белгискиот министер за здравство, Франк Ванденбрук, изјави дека трета доза на вакцина за населението не е на дневен ред во Белгија за сега, главна причина е меѓународната солидарност, јави дописничката на МИА од Брисел. Единствени групи кои се повикани да примат бустер доза против Ковид-19 се лицата со специфични имунолошки состојби, пациенти на хронична …

Белгија не предвидува трета доза вакцина засега Read More »

Светска банка: Климатските промени можат да предизвикаат масовна внатрешна миграција


САД– Климатските промени би можеле да принудат 216 милиони луѓе во шест региони во светот да бараат ново место за живеење во своите земји до средината на векот, а последиците ќе се почувствуваат во Источна Европа, се наведува во студијата на Светска банка. Долгорочното влијание на климатските промени врз достапноста до водата и зголемувањето на …

Светска банка: Климатските промени можат да предизвикаат масовна внатрешна миграција Read More »

МЗ: Вчера вакцинирани 15.424 граѓани, досега вкупно 761.579


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.728 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.424 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а …

МЗ: Вчера вакцинирани 15.424 граѓани, досега вкупно 761.579 Read More »

Брнз: Целата помош што ќе биде собрана, ќе се намени за семејствата на жртвите во пожарот во Тетово


Во Американската амбасада во Скопје денеска се одржа традиционалната крводарителска акција во чест на жртвите од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година. Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз, која и самата се вклучи во крводарителската акција, најави дека целата помош што ќе биде собрана преку „American corners“ мрежата во земјава, ќе биде донирана …

Брнз: Целата помош што ќе биде собрана, ќе се намени за семејствата на жртвите во пожарот во Тетово Read More »

Хоспитализиран претседателот на Чешка од засега непознати причини


Чешка – Претседателот на Чешка Милош Земан (77) денеска беше пренесен, од засега непознати причини, во воената болница во Прага, каде, по игра на случајот, се наоѓа и поранешниот претседател Вацлав Клаус поради проблем со висок крвен притисок. Воената болница потврди дека Земан е хоспитализиран, но одби да коментира зошто и да ги потврди неофицијалните информации …

Хоспитализиран претседателот на Чешка од засега непознати причини Read More »

На Ортопедија првпат отстранет тумор на десна подлактица и заменет со коска од починат донор


Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17 – годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков …

На Ортопедија првпат отстранет тумор на десна подлактица и заменет со коска од починат донор Read More »