Пакистан го награди Бил Гејтс за ублажувањето на сиромаштијата и на болести


Пакистан – Пакистан го награди ко-основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс, со второто највисоко цивилно признание Хилал-е-Пакистан, за ублажување на сиромаштијата и неговата посветеност на искоренувањето болести, како што се полио и туберкулоза. На Гејтс му беше врачена наградата Хилал-е-Пакистан, директно од претседателот Ариф Алви. По церемонијата, тој имаше состанок со премиерот Имран Кан. – Посветеноста […]

Оскарите ќе бараат вакцинација за номинираните и за публиката – но не и за презентерите


САД– Безбедносните барања за Ковид-19 за Оскарите 2022 година ќе варираат во зависност од тоа дали присутните доделуваат награда или не, бидејќи Академијата бара само доказ за вакцинација за номинираните и  за публиката. Според Њујорк Тајмс, изведувачите и презентерите ќе бидат ригорозно тестирани, но нема да мора да покажат доказ за вакцинација. Тоа е затоа […]

Двојно повеќе средства за проекти на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга


Двојно зголемени буџетските средства за финансирање проекти во сите дејности во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од годишната програма на Министерството за култура за 2022  година. Директорката на установата Николина Велкоска-Глигороска информира дека вкупниот буџет од Министерството за култура за Центарот за култура во Струга изнесува над два милиони денари. – Во сите […]

Американската крајбрежна стража запленила дрога вредна повеќе од една милијарда долари


САД– Американската крајбрежна стража во последните неколку месеци запленила повеќе од 30 метрички тони кокаин и марихуана во вредност од повеќе од милијарда долари во близина на бреговите на Јужна Америка. Високи функционери за борба против наркотици од администрацијата на претседателот на САД отпатуваа на Флорида за да го пречекаат екипажот на бродот што ја […]

Јандреоски избран во Одборот на директори на светското здружение на раководители на аеродроми


Извршниот директор на црногорските аеродроми, Горан Јандреоски, е именуван за член на Одборот на директори на Меѓународното здружение на раководители на аеродроми во светот (IAAE). „По моето минатогодишно именување за членот на Бордот на Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Councle International), овој избор е само уште една потврда дека нашата земја располага со квалитетни кадри […]

Бизарен Холивуд- оскаровци во необична фотосесија за „Ванити Фаир“


САД–  Бизарен Холивуд- пет номинирани за Оскар или актери кои веќе освоиле Оскар се дел од традиционалното  холивудско издание на Vanity Fair  во периодот пред гала-доделувањето на најголемата филмска награда во светот. Фотосесијата знае да биде бизарна или контраверзна и веќе крена прашина со изборот на стајлингот и амбиентот во кој се фотографирани Никол Кидман, […]

„Пежо“ останува спонзор на Ѓоковиќ


Франција – Производителот на автомобили Peugeot, спонзор на Новак Ѓоковиќ, е среќен што тениската ѕвезда ја раскажа својата приказна за неговото протерување од Австралија и очекува неговото лого да биде на неговиот дрес кога ќе се натпреварува во Дубаи овој месец, извор близок до автомобилската компанија изјави за Ројтерс . Ѓоковиќ, светскиот машки тенисер број […]

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови


Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Берово -3, на Попова Шапка -2 и во Дебар -1, нула во Скопје-Петровец, Битола, Претор, Охрид, Тетово, Крива Паланка, Струмица. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Дојран, соопшти УХМР. Во Маврови Анови наврна најмногу снег, 28 сантиметри, на Попова […]

Пожар на траект што пловел од Грција за Италија со над 250 патници


Грција – Пожар избувнал на траект додека пловел во близина на грчкиот остров Крф, а тргнал од Грција кон Италија со околу 230 патници и 50 членови на екипажот, кои го напуштиле бродот и се евакуирале во чамците за спасување, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, акцијата за спасување е во тек, […]

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години постоење


Со претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија Поповиќ, во режија на Аце Михајловски, на денешен ден  во 1950 година, точно пред 72 години, Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ го означи постоењето како значајна институција во македонската театарска уметност. Во досегашното опстојување, Прилепскиот театар прикажал над 360 премиери, одиграни се преку 7.000 претстави кои ги гледале повеќе […]

Гала оперски концерт „ARIGATO“ на сцената на Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе се одржи гала оперски концерт, насловен „ARIGATO“, што во превод од јапонски јазик значи „благодарам“, во знак на благодарност по повод реализацијата на проектот од јапонската програма за развој на културата – „Проект за подобрување на музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување на Национална опера […]

Седмо издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ 2022


Францускиот институт во Скопје денеска го организира седмото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ 2022. Годинашното издание, кое се одржува со почеток во 19 часот во „Europe House Skopje“ и на платформата „Зум“, го носи насловот „Што по пандемијата?“, а целта е да се проговори за обновата на општествата соочени со комплексните предизвици во […]

Бред Пит, Анџелина Џоли и руски олигарх- војната за винаријата ескалира


САД- Новата тужба во која се обвинува Анџелина Џоли дека му работи зад грб со „незаконски“ деловен договор има се: грозје, гнев и руски олигарх. Во својата жалба поднесена во четвртокот во Лос Анџелес, Пит ја обвинува Џоли дека тајно ја продала својата половина од контролниот интерес на поранешниот пар во нивната позната француска винарија Шато […]

Прв состанок за зголемување на пензиите


Првиот состанок за најавеното зголемување на пензиите се очекува да се одржи денеска, а на него, според најавите, треба да учествуваат сите засегнати страни кои низ дијалог ќе го донесат најприфатливото решение. На состанокот, како што изминатите денови најавија премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе се разговара за можноста за […]

Гир во посета на Крива Паланка по повод првиот роденден на „Куќата на Европа“


Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети Крива Паланка по повод првиот роденден на „Куќата на Европа“. Гир ќе се сретне со градоначалникот Сашко Митовски, а потоа двајцата ќе присуствуваат на целодневната роденденска програма на „Куќата на Европа“. Најавено е присуство и на амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон и на амбасадорот на Бугарија, Ангел […]

Следната седмица во Скопје состанок на експертско ниво, да не се создава притисок со рокови кај заедничката историска комисија


Да не се создава притисок со рокови кај Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, туку целта е да се создаде процес на доверба за решавање на спорните прашања. Следниот состанок на експертско ниво меѓу двете министерства за надворешни работи ќе се одржи во Скопје на 23 февруари, изјави вчера […]

Почнува скринингот за Ковид во основните училишта, препораките за лекување на веб страницата на МЗ


Во основните училишта денеска почнува скринингот кој ќе покаже каква е трансмисијата на Ковид-19 меѓу учениците. Скринингот се спроведува поради зголемениот број новозаболени ученици. Во средните училишта, состојбата е стабилна, но ќе се следи. Скринингот ќе го спроведат тимови од здравствени работници кои согласно методологијата што е утврдена ќе ги соберат податоците, кои ќе бидат […]

Овој редок син дијамант би можел да биде најскапиот скапоцен камен продаден на аукција


Што ќе ви донесат 50 милиони долари на аукција? Минатиот месец Sotheby’s ја продаде сликата на Сандро Ботичели „Човекот на тагата“ за 45,5 милиони долари, а денес објави дека нуди уште едно ремек дело кое вреди најмалку 48 милиони долари: редок фенси, живописен син дијамант од 15,10 карати. Колку е редок и необичен овој скапоцен […]

Сончево и ветровито


Наутро во централните делови и вдолж Повардарието ќе биде умерено до значително облачно. Во текот на претпладнето облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 18 февруари 2022 година, 49-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 316 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 17 часот и 8 минути. Денов трае 10 часа и 41 минута. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]