Четворица загинати во снежна лавина во Еквадор


Еквадор– Четири лица загинаа, а едно е повредено во снежна лавина на вулкан во Еквадор, соопштија денеска властите. Група од 12 луѓе се искачиле на неактивниот вулкан Чимборазо, покриен со снег, кога лавина ги затрупала на височина од 6.100 метри. Врвот на вулканот Чимборазо е на надморска височина од 6.263 метри и е највисоката точка …

Четворица загинати во снежна лавина во Еквадор Read More »

Зехофер: Заштитата на границите е легитимна


Германија– Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во неделата оцени дека желбата за заштита на границите е „легитимна“, додека европските земји бараат помош од ЕУ за изградба на ѕидови од бодликава жица и спречување на масовното пристигнување на мигрантите. Полска побара 350 милиони евра и мобилизираше илјадници војници на границата за да изгради ограда …

Зехофер: Заштитата на границите е легитимна Read More »

Шеста хрватска социјална недела: Хрватска во длабока демографска криза


Учесниците на Шестата хрватска социјална недела, усвоија Декларација во која предупредуваат дека Хрватска е во длабока демографска криза и побараа од властите да ги забават негативните трендови. За актуелната тема Демографија – емиграција – миграција разговараа околу двесте учесници, од кои 34 беа предавачи, по што беше усвоена Декларација и испратена до целата хрватска јавност, …

Шеста хрватска социјална недела: Хрватска во длабока демографска криза Read More »

Ања Тејлор-Џој е нов глобален бренд амбасадор на „Диор“


САД– Диор ја назначи  Ања Тејлор-Џој како негов најнов глобален бренд амбасадор. Наградуваната актерка ќе ја претставува женската мода на дизајнерската куќа, предводена од креативната директорка Марија Грација Кјури, и нејзината шминка, предводена од имиџ директорот за шминка, Петер Филипс. На 10 ноември, пак, Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) ќе ѝ ја додели …

Ања Тејлор-Џој е нов глобален бренд амбасадор на „Диор“ Read More »

Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи, бидејќи сите алатки за борба против вирусот се достапни


Швајцарија– Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече во неделата шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцината.   – Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа …

Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи, бидејќи сите алатки за борба против вирусот се достапни Read More »

Алек Болдвин ризикува да биде кривично гонет за ненамерно убиство, велат правните експерти


САД– Алек Болдвин ризикува да биде кривично гонет за ненамерно убиство на снимателката Халина Хачинс, предупредија правните експерти. Холивудската ѕвезда може да се соочи со обвиненијата поради неговата улога како извршен продуцент на филмот, а не поради повлекување на чкрапалото, сугерираше американскиот обвинител Џозеф Коста. Коментарите дојдоа откако се појавија вести за напуштање на екипата …

Алек Болдвин ризикува да биде кривично гонет за ненамерно убиство, велат правните експерти Read More »

Од  денеска во Бугарија почнува проверката на  зелените сертификати


Бугарија – Од денеска во Бугарија почнуваат засилените инспекции за зелени сертификати. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските власти во изминатите неколку дена дозволија преоден период за да објектите на затворено да се подготват за пунктови за брзи тестирања,  галерии, кина и театри. Сертификатот нема да биде потребен при посета на аптеки, мали …

Од  денеска во Бугарија почнува проверката на  зелените сертификати Read More »

Македонија продолжува да ги исполнува одредниците за визна либерализација


Спогодбата за стабилизација и асоцијација (САА) со ЕУ, потпишана во 2001 година, ја поставува рамката за односите на Северна Македонија со Унијата и вклучува политички, економски и технички дијалози. Во текот на извештајниот период експертите се состанале во седум Поткомитети и една Специјална група. Комитетот за стабилизација и асоцијација, пак, се одржа во јуни 2021 …

Македонија продолжува да ги исполнува одредниците за визна либерализација Read More »

Здравството се соочува со загуби на медицински кадар, особено на специјалисти, нотира ЕК во Извештајот


Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската комисија во неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата. Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен. – И покрај обезбедувањето на зголемени плати …

Здравството се соочува со загуби на медицински кадар, особено на специјалисти, нотира ЕК во Извештајот Read More »

Концерт на солистите на Националната опера и балет


По повод Светскиот ден на операта вечер со почеток во 20 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет. На концертот ќе настапат солистите Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас). Додека, гостин ќе биде Сандра Митровска (сопран); Пијано придружба Елена Сиљаноска. На програмата се арии и дуети од оперите …

Концерт на солистите на Националната опера и балет Read More »

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ


Младинскиот културен центар ја продолжува сезоната на есенски настани со што вечерва во 20 часот со изведба на претставата „Парадоксот на Диоген“, во режија на младите Јована Зајкова и Бобан Русески. Претставата ќе биде придружена со танцувачка кореографија на креативниот колектив „X Squared“, како и претставници на Скопскиот танцов театар и училишниот центар „Илија Николовски …

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ Read More »

Мерсиха Шукри со концерт во Филхармонија ќе одбележи 20 години творење


Нашата најпозната харфистка Мерсиха Шукри вечер со концерт во Филхармонија ќе одбележи 20 години од нејзиното творење. На програмата ќе бидат изведени композиции од Дуранд, Дусек, Глинка и Хенсон. Како гости ќе настапат нејзините драги колеги Елена Талевска на виолина и Паскал Краповски на виолончело. М-р Мерсиха Шукри е родена во Скопје, каде дипломирала на …

Мерсиха Шукри со концерт во Филхармонија ќе одбележи 20 години творење Read More »

ЕК: Стапка од 96 проценти усогласеност на Македонија со надворешната политика на ЕУ


Република Северна Македонија продолжува да биде умерено подготвена во делот на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, се оценува во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата за 2021 година, при што се нагласува дека усогласеност со одлуките на ЕУ и Европскиот совет е 96 проценти. Постигнат е одреден напредок во периодот на известување, со …

ЕК: Стапка од 96 проценти усогласеност на Македонија со надворешната политика на ЕУ Read More »

Сончево со променлива облачност и слаб до умерен ветер


Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура …

Сончево со променлива облачност и слаб до умерен ветер Read More »

Ричард Гир повикан да сведочи на судењето на Салвини за мигрантите


Италија- Матео Салвини, лидер на италијанската десничарска партија Лига, рече дека судењето каде што се соочува со обвинение за киднапирање затоа што одбил да дозволи брод со мигранти да се закотви во земјата во 2019 година, не е сериозно бидејќи актерот Ричард Гир беше повикан да сведочи. Салвини, кој во тоа време беше министер за …

Ричард Гир повикан да сведочи на судењето на Салвини за мигрантите Read More »

Заев Од Кочани: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари, да се обединиме да продолжи економскиот раст


Во овие четири години поставивме високи економски стандарди, минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а до пред четири години тaa беше девет илјади денари, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред денешната трибина со граѓаните во Кочани. – Согласно економските движења и растот на економијата, од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари …

Заев Од Кочани: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари, да се обединиме да продолжи економскиот раст Read More »

Вселенскиот патријарх хоспитализиран во Вашингтон


САД – Вселенскиот патријарх Вартоломеј е примен в болница за „медицинско набљудување“ во Вашингтон, откако се почувствувал лошо. Вартоломеј се почуствувал лошо денеска непосредно пред да замине на служба во катедралата „Света Софија“, поради долгиот лет и напорниот распоред на настани кои следеле по неговото пристигнување во САД. Неговиот лекар го советувал да се одмори, а …

Вселенскиот патријарх хоспитализиран во Вашингтон Read More »

Ед Ширан е позитивен на Ковид-19


Англија- Британската поп-ѕвезда Ед Ширан (30) е позитивен на Ковид-19, но ќе продолжи да настапува од дома. “Здраво публико. Да ве известам, дека, за жал, се тестирав позитивен на Ковид, па сега сум во самоизолација и ги следам владините упатства“, објави кантавторот денес на Инстаграм  „Тоа значи дека сега за сега не можам да остварам …

Ед Ширан е позитивен на Ковид-19 Read More »

227 нови случаи на Ковид-19, починати се 15 лица-најмладиот има 41 година


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.595 тестирањe, а регистрирани се 227 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 128, Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, …

227 нови случаи на Ковид-19, починати се 15 лица-најмладиот има 41 година Read More »

Грчка свадба на принцот Филипос, најмалиот син на кралот Константин


Грција- Принцот Филипос од Грција и Данска (35) , најмалиот син на кралот Константин и кралицата Ана-Мари, се венча со Нина Настасја Флор (34) , по трет пат за една година. Принцот Филипос работи како аналитичар на хеџ фондови во Њујорк, додека Нина е креативен директор за ВистаJет, воздухопловната компанија на нејзиниот татко, како и …

Грчка свадба на принцот Филипос, најмалиот син на кралот Константин Read More »