Ед Ширан е позитивен на Ковид-19


Англија- Британската поп-ѕвезда Ед Ширан (30) е позитивен на Ковид-19, но ќе продолжи да настапува од дома.
“Здраво публико. Да ве известам, дека, за жал, се тестирав позитивен на Ковид, па сега сум во самоизолација и ги следам владините упатства“, објави кантавторот денес на Инстаграм  „Тоа значи дека сега за сега не можам да остварам никакви обврски лично, па затоа ќе правам онолку колку што можам од мојата куќа од моите планирани интервјуа/настапи. Се извинувам на секој што сум го изневерил. Бидете безбедни сите “
Ширан требаше да се појави како гостин во „Saturday Night Live“ на 6 ноември. Не е јасно дали тој ќе биде заменет или настапот ќе биде виртуелен.

Минатата недела, Ширан настапи со „Visiting Hours“ како дел од инаугуративните награди на принцот Вилијам Earthshot .

Дополнително, неговите епизоди како мега ментор на The Voice треба да почнат да се емитуваат утре на NBC заедно со судиите Кели Кларксон, Аријана Гранде, Џон Леџенд и Блејк Шелтон.

Албумот на Ед Ширан „= “ кој се изговара „Еднакви“, излегува на 29 октомври. Ширан рече дека неговиот нов албум е „навистина личен“. Тој рече дека неговиот живот се променил во изминатите неколку години по бракот и раѓањето на ќерката на двојката.

Новиот албум е напишан и снимен низ Лондон, Шведска и Лос Анџелес.

Четирикратниот добитник на Греми се одмораше од работата и социјалните медиуми кон крајот на 2019 година, по двегодишна турнеја за поддршка на неговиот најпродаван албум „÷“ или „Раздели“.