Салма Хаек во филм на Анџелина Џоли


САД- Анџелина Џоли ќе го напише, режира и продуцира филмот „Без крв“, со Салма Хаек Пино и Демијан Бичир во главните улоги. Џоли го снима филмот со супер-инди Fremantle, со кој склучи тригодишен меѓународен договор за снимање филмови во март. Главното снимање започна во регионите Пуља (Апулија) и Базиликата во јужна Италија, како и во […]

Лилибет на Хари и Меган наполни една година- ѝ таа има црвена коса како Арчи


Англија- Војводата и војвотката од Сасекс споделија слика од нивната ќерка Лилибет откако го прославија нејзиниот прв роденден. Лилибет е видена како насмеана на роденденскиот пикник организиран од парот во колибата Фрогмор во Виндзор. Принцот Хари и Меган изјавија дека биле „неверојатно трогнати“ од роденденските желби што ги добиле за нивното второ дете, кое го […]

Вимблдон 2022 со рекорден вкупен награден фонд


Англија– Вкупниот награден фонд за годинешниот Вимблдон ќе изнесува рекордни 40,3 милиони фунти, објавија денеска организаторите на третиот тениски Грен слем во сезоната. Победниците во машка и женска сингл конкуренција ќе освојат по два милиони фунти, што е помалку од 2,35 милиони фунти што ги добија во 2019 година, кога турнирот последен пат се одржа пред […]

Омаж за Омер Калеши во Чифте амам (1932, с. Србица- 16.4.2022, Истанбул) 


Националната галерија организира омаж за почитуваниот и ценет сликар Омер Калеши, кој почина во април годинава, по подолго боледување. Изложбата во негова чест, ќе биде отворена во Чифте амам, на 16 јуни , во 12 часот. Изложбата се организира  во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и членови од семејството на Омер Калеши. На отворањето на […]

Започна исплатата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021


 Тутунарите ги добиваат заслужените субвенции за реколтата 2021. Откако успеавме да ги одблокираме законските измени, преку кои се одложи обврската кон УЈП, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 2 јуни ги подготви и потпиша сите решенија за исплата на субвенциите и истите беа предадени до министерството за финансии за […]

Битиќи во Венеција: Во пост-ковид периодот неопходно е капитализирање на целиот потенцијал на европските економии


Италија– Пост-ковид периодот ја покажа неопходноста од капитализирањето на целиот потенцијал на економиите на европските земји, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој придружуван од министерот за дијаспора Џемаил Чупи, генералниот конзул на земјава во Венеција, Стојан Витанов и претседателот на Италијанско-македонската комора „Апи Нордест“, Мунир […]

Шарл Мишел идната недела во посета на Подгорица, Скопје и во Приштина


Белгија – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, следната недела повторно ќе престојува во официјална посета на Западен Балкан, и притоа ќе ги посети Подгорица, Скопје и Приштина, јавија српски медиуми повикувајќи се на информација на Танјуг. Тоа ќе биде втор дел од „балканската турнеја“ на Шарл Мишел. Тој ја посети Србија, Албанија и БиХ во […]

Ѓоковиќ нема да игра на ниту еден турнир пред Вимблдон


Србија– Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ ќе ги пропушти сите турнири во пресрет на Вимблдон 2022 година, пишува „Sportklub.rs“. По поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос, Ѓоковиќ отпатува за Белград, а сега е во Црна Гора. Наскоро ќе замине во Лондон, каде ќе се подготвува за Вимблдон. Триесет и петгодишниот Србин е […]

Променливо и нестабилно време до недела


До сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР. Утре се очекуваат пообилни количини воден талог, […]

Претставата „Народен непријател“ на МНТ е најдоба на МТФ „Војдан Чернодрински“


Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Нина Николиќ, а во изведба на МНТ од Скопје е најдобра претстава на годинашниот 56. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Оваа претстава се закити и со уште три награди, за најдобар актер за Никола Ристаноски, за сценографија на Вишња Вујовиќ и за рекламен материјал на Димитар […]

Скопје центар на регионалните филмаџии- се одржува Филмски Форум „Златна рамка 22“


Девет директори од најрелевантните филмски национални институции во регионот пристигнаа во Скопје и ќе земат учество на првиот Интернационален Филмски Форум што ќе се одржи во рамките на четвртото издание на манифестацијата „Златна рамка“, која годинава се случува од 9 до 12. јуни. Гостите ќе присуствуваат и на вечерашното Свечено отворање на „Златна рамка“, каде […]

Тачи и Весели остануваат во притвор во Хаг


Холандија – Специјалниот суд во Хаг донел одлука за продолжување на притворот за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и поранешниот претседател на парламентот, Кадри Весели. Медиумите пренесуваат дека таквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26 мај, а објавена денеска. Одбраната на Тачи до судијата во претходна постапка трипати поднесе барање обвинетиот да биде […]

Во срцето на Хомоље, Србија, не се крие само злато, туку и свежина на меурчињата од недопрената природа


Спектакуларно доживување за сите сетила беше промоцијата  на новиот член на семејството „Роса“, природната минерална вода – газираната „Роса Хомоље“, веќе присутна во Србија, а наскоро и во Македонија. Со уникатна мултимедијална визуелна изложба „Хомоље те вика – Длабока шума“ во една од најубавите пештери во Србија, Рајкова пештера, партнери, пријатели, и претставници на медиумите […]

Каролина со најголемите хитови на концерт на Стадион на АРМ на 1 јули


На Стадионот на Армијата под името „Ајде да летаме – GREATEST HITS“ Каролина Гочева на 1 јули првпат ќе одржи концерт на отворено во Скопје. – Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева. Влезниците се пуштени во продажба од 8 […]

Мурал за инклузијата го краси ООУ „Григор Прличев“ во Охрид


Муралот со љубопитно девојче, насликан на површина од 21 м2 на  училиштето „Григор Прличев“ во Охрид, испраќа порака за инклузивност, прифаќање на различностите и емпатија со оние кои живеат со најразлични предизвици. Муралот е симболичен подарок за крајот на учебната година од Халкбанк АД Скопје, која продолжува да испраќа важни општествено-одговорни пораки преку јавните простори. […]

Претседателството на ДПМ ја одржа првата конститутивна седница


Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на 1 јуни ја одржата првата конститувна седница. На 28 мај, писателот Христо Петрески беше избран за нов претседател, а Кристина Николовска е претседателка на Собранието. Како што соопштија од Друштвото, во новото раководство се членовите Весна Мојсова Чепишевска, Зоран Анчевски, Лилјана Пандева, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, […]

Бугарската преведувачка Екатерина Петрова ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска


Во рамки на проектот „Превод во движење“ (Translation in Motion) на преведувачка резиденција во Скопје престојува преведувачката од Бугарија, Екатерина Петрова. Петрова на преведувачка резиденција во Скопје ќе ги преведува расказите на Румена Бужаровска. Како што информираат од тимот на издавачката куќа „Готен“ за време на својот престој, Екатерина Петрова ќе работи на преводот на […]

Бројот на нови инфекции од коронавирус и смртни исходи опаѓа речиси насекаде во светот


Швајцарија– Бројот на нови инфекции со коронавирус и смртни случаи пријавени на глобално ниво минатата недела опадна насекаде низ светот, освен на Блискиот Исток и Југоисточна Азија, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Во соопштението се наведува дека новите потврдени случаи на инфекција опаднале за 12 отсто на повеќе од три милиони, а пријавените смртни случаи […]

„Звукот на идната генерација“ – концерт на студентите на ФМУ


„Звукот на идната генерација“ е насловен концерот вечер од 20 часот во Филхаромнијата, на кој  ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност. На програмата се дела од Менделсон, Давид, Дебиси, Хачатуријан, Рахмањинов и Брамс. Како солисти ќе настапат Магдалена Кочоска, Виктор Богоевски, Анел Селим, Памела Велкова, Искра Атанасова Митуш, Ивона Базгаловска и Ана Спасовска. Концертот ќе го води Борјан Цанев, кој од 1999 […]

Воен авион се урна во јужна Калифорнија


САД– Воен авион се урна во јужна Калифорнија, соопшти портпарол на американската морнарица но не кажа ништо за евентуални жртви. Во исто време, американската армија ги демантираше информациите во некои медиуми дека авионот превезувал радиоактивен материјал кога се урнал кај Гламис, на 35 километри од границата со Мексико. – Можеме да потврдиме дека авион на американската морнарица се урна во близина […]