Гроси: Тим експерти на МААЕ се упати кон окупираната нуклеарка Запорожје


  Австрија– Тим експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се упати кон окупираната нуклеарка Запорожје, што се наоѓа во јужниот дел на Украина, изјави генералниот директор Рафаел Гроси, јави ДПА. „Дојде денот, мисија за поддршка и помош на Запорожје, од страна на МААЕ, сега е во тек“, напиша тој на Твитер. Како што пишува […]

Во Белград демонстранти маршираа против Европрајд


Србија– Илјадници противници на Европрајд, што требаше да се одржи во Белград во септември, протестираа синоќа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот ќе биде „откажан или одложен“. Во Белград, парадата на гордоста требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека ќе биде „откажана или одложена“. Неделниот […]

Подготвен „Национален план“ за стабилно снабдување со храна од домашни извори и во соработка со партнерите од „Отворен Балкан“


  Пред почетокот на заедничкиот самит на храна и вино што во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември, Северна Македонија продолжува со интензивирање на домашната агенда со која се стимулираат националните капацитети за производство на храна, промовирање на македонската традиција и намалување на увозната зависност. Премиерот […]

Пратениците се враќаат на работа


  Пратениците утре официјално започнуваат со работа по годишните одмори. Претседателот на Собранието Талат Џафери, според најавите, утре ќе одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за неделава и периодот што доаѓа. Засега на веб – страната на Собранието нема закажани […]

Без вода дел од корисниците на улица „Мирче Ацев“ во Центар


Прекин на водоснабдувањето утрово од 09:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Мирче Ацев“ во Општина Центар. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека корисниците ќе бидат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80мм на улица „Мирче Ацев“ бб, во близина на основното училиште „11 Октомври“. 

На ГП Табановце за излез се чека половина час


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е умерен. На ГП  Табановце, за излез од државата чекањето е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Од 18.08.2022 до 12.09.2022 […]

Претпладне сончево, од пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи


  Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала […]

Астрономски календар


  Денеска е понеделник, 29 август 2022 година, 236-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 129 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 54 минути, а ќе зајде во 19 часот и 14 минути. Денов трае 13 часа и 20 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе […]

Портрет на лауреатот на СВП во црквата „Света Софија“ во Охрид


  Поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, денеска ќе имаат поетски читања во рамките на 61. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Годинашен добитник на наградата е збирката „Збунети компаси“ на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски, а во потесен круг беа и книгите „Секој секому огледало“ од […]

Македонска претпремиера на „Македонисимо“ на Симон Трпчески во Збажди


Македонскиот пијанист од светски размери, Симон Трпчески македонската претпремиера на проектот „Македонисимо“ ќе ја изведе вечер во струшкото село Збажди, родното место на неговиот татко. Покрај Трпчески, тимот на „Македонисимо“ го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и кавал свири Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. […]

Оливера Ќорвезировска:  Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови


Годинава, на 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, во една длабока, симболична и суштинска смисла се римуваат и наградите. Златниот венец за 2022 се римува со наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик помеѓу два фестивала. Се римуваат и Шунтаро Таникава и Зоран Анчевски со своите допрени и испреплетени јазици […]

Златна „Камера 300“ за кинематографот Рубен Импенс


  Рубен Импенс, белгискиот кинематограф во италијанскиот игран филм „Осумте планини“ е годинешен лауреат – освојувач на златна „Камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Меѓународното стручно жири вечерва во Битола не штедеше зборови за професионалниот пристап и мајсторството на Импенс, кој се издвои со својот квалитет и моќта на камерата во […]

Стар Египет, нова детска изложба со интерактивни тури во Скопје Сити Мол


  Дојде и крајот на летниот распуст, времее да се подготвите Вие и Вашите деца за совршен старт на новата учебна година. Почнувајќи од завчера па сѐ до 11.09 во Скопје Сити Молве чекаат специјални изненадувања кои овој трговски центар ги подготви за Вас и Вашите најмили. Во периодот што следи, во Скопје Сити Мол […]

Почнува проектот за реставрација на Споменикот на слободата во Кочани со финансиска поддршка од САД


  Со свеченост што попладнево се одржа на најголемиот мозаичен монумент на Балканот, Споменикот на слободата во Кочани, официјално беше означен почетокот на проектот за неговата рестраврација и конзервација. Проектот е финансиран со над 250 илјади американски долари од Амбасадoрскиот фонд за културна презервација на Соединетите Американски Држави. Средствата ќе бидат наменети за целосно реконструкција […]

„Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристески го затвора 43.ИФФК „Браќа Манаки“


Свеченото затворање на 43. ИФФК „ Браќа Манаки“ ќе биде одбележано со проекција на играниот филм „Снежана на крајот умира“(SNOW WHITE DIES AT THE END) во режија на Кристијан Ристески. На денешната прес конференција беше претставена екипата која работеше на филмот. -Кога се прави филм секогаш е многу долг периодот од иницијалната идеја до премиерата. Тоа се обично четири и […]

“Скопје чита!” – Саем на книга на отворено во септември


   Успешните две пандемиски изданија на Саемот на книга на отворено, продолжуваат со одржување на “Фестивал на книгата”, кој ќе се одржи во периодот 7-12 септември 2022 година на отворениот простор во комплексот на СЦ Борис Трајковски (поранешен картинг), под монтажни објекти.   Фестивалот претставува манифестација, посветенa на книгата во посебна атмосфера, проследенa со музичка […]

Модерна ги тужи Фајзер и Бионтек за вакцината мРНА


  САД– Фармацевтската компанија Модерна ги тужи Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек за кршење на патент во развојот на првата вакцина против Ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што Модерна ја развила повеќе години пред пандемијата. Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, […]

Надал брка нов рекорд, откако Ѓоковиќ се откажа од УС Опен


  САД- Рафаел Надал има за цел петта титула на УС Опен и 23. Гренд слем титула во Њујорк од следната недела, бидејќи неговиот пат до титулата повеќе не е блокиран од Новак Ѓоковиќ, чиешто одбивање да се вакцинира, го исклучи од вториот главен турнир оваа година. Деветнаесет години по своето деби, 36-годишниот Надал  е […]

Од Ковид-19 починаа пет лица, регистрирани 252 новозаразени од 867 тестови


  Нови 252 случаи на КОВИД-19 од 867 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Од вкупниот број позитивни, 59 се реинфекции.   Во изминатото деноноќие нема починати лица, а согласно Регистарот на умрени со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“  регистрирани се пет починати лица – по две од Скопје и од Прилеп и […]

Пет милиони евра обесштетување за непогодите од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги и поплавите во Арачиново


   За сите штети од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги поплавите во Арачиново, како и земјоделците од Преспа, ќе бидат исплатени пет милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Според Николовски, на последната владина седница, во вторникот, се усвои збирниот извештај кој опфаќа 29 општини и се утврдија 10 […]