Турција успешно тестираше домашно развиена ракета со краток дострел


Турција– Турција изврши успешно тестирање на домашно развиената ракета со краток дострел „Тајфун“, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк. Пробното лансирање го изврши турската компанија РОКЕТСАН во рамките на проектот за развој на ракетниот систем Тајфун на Управата за одбранбена индустрија. Ракетата успешно ја погодила целта откако беше лансирана од копно во близина на турската црноморска област Синоп во […]

Задолжителни здравствени прегледи и мобилен мамографски скрининг во борбата со ракот на дојка


Владата одржа тематска седница посветена на борба со ракот на дојка, како дел од одбележувањето на октомври на светско ниво, како месец посветен на борбата со ракот на дојката. Донесените заклучоци се однесуваат на воведување задолжителни здравствени прегледи, како и обезбедување мобилен мамографски скрининг, соопшти владината прес-служба. Заклучено е да се задолжи Министерството за финансии […]

Даниел Крег го доби истото кралско одличје како Џејмс Бонд


Англија – Засега последниот глумец од „Џејмс Бонд“ филмовите, Даниел Крег(54) ја доби истата кралска почест со којашто бил одликуван и неговиот можеби најпознат лик „007“, кој потекна од серијалот книги на Ијан Флеминг. Имено, тој во замокот Виндзор беше награден со Одличјето на Редот на Сент Мајкл и Сент Џорџ, за заслуги во филмот […]

Светска премиера на „Преекспонирано“ на Венинова на Mеѓународниот филмски фестивал во Каиро


  Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро ( Cairo International Film Festival), кој се одржува од 13 до 22 ноември. –Денеска најавуваме дека мојот прв долгометражен филм „Преекспонирано“ ќе има светска премиера на 44. Меѓународен филмски фестивал во Каиро, кој што е […]

Харисон Форд се приклучува на филмскиот универзум на Марвел


  САД- Харисон Форд ќе се појави во филмскиот универзум на Марвел. Тој ќе ја преземе улогата на генерал Рос во четвртиот филм за Капетан Америка, според Холивуд Репортер. Рос претходно го играше Вилијам Харт, кој почина на почетокот на оваа година. Форд ќе му се придружи на Ентони Меки во Капетан Америка: Нов светски […]

Нејмар се појави во судот во Барселона за наводна измама и корупција


Шпанија– Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар се појави денеска во судот во Барселона по обвинение за наводна измама и корупција при неговиот трансфер од Сантос во Барселона во 2013 година. Покрај Нејмар, процесот се води и против неговите родители, поранешните претседатели на Барселона, Жозеп Бартомеу и Сандро Росел, како и поранешниот прв човек на Сантос, Одилио Родригез. Шпанското Обвинителство бара казна затвор од […]

Симона Петреска ја носи „Радоста на постоењето“ во Куманово


  На 19 октомври (среда), од 19 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе се одржи промоција на првата книга на Симона Петреска – „Радоста на постоењето“ („Паблишер“), позната манекенка, а сега мотиватор и животен тренер. Книгата ќе ја промовира Александра Филиповска Јанковиќ. Уште од излегувањето на оваа книга во мај годинава, […]

Даниел Крег ќе го добие кралското одличје на 007


  Англија – Засега последниот глумец од „Џејмс Бонд“ филмовите, Даниел Крег ќе ја добие истата кралска чест со којашто бил одликуван и неговиот можеби најпознат лик „007“, кој потекна од серијалот книги на Ијан Флеминг. Имено, тој во замокот Виндзор ќе биде награден со Одличјето на Редот на Сент Мајкл и Сент Џорџ, за […]

Октомври посветен на борбата против рак на дојка


Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените и месец октомври е посветен токму на борбата против ракот на дојка, неговата превенција и раното детектирање велат од Министерството за здравство. Оттаму потенцираат дека од 1 ноември продолжува националната скрининг програма за рано откривање на рак на дојка, со цел навремена дијагностика и рано откривање […]

„Превртено“ на Игор Иванов-Изи на 20 октомври во Кинотека по повод 15 години од премиерата


Филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи ќе биде прикажан во четврток во Кинотека по повод 15 години од неговата премиера. Повторното прикажување на „Превртено“ е во чест на починатиот македонски актер Синиша Кајевски, кој во декември минатата година, на 39-годишна возраст прерано го заврши животот. Дебитантскиот долгометражен игран филм на Иванов, „Превртено“ (Upside Down) најпрвин беше […]

„Моливерзум“ – модата, литературата и технологијата се споија на изложбата на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека


Читајќи ги Тартиф, Мизантроп или Дон Жуан,  како денес би изгледале ликовите од големиот француски писател Молиер, во годината кога се одбележуваат јубилејни 400 години од неговото раѓање? Со користење на модерната технологија, а со тоа на еден оригинален начин, синоќа, студенти од  Технолошко-металуршки факултет – Институт за дизајн и инженеринг на облека во Скопје, […]

Битола е домаќин на Фестивалот на краткометражни филмови „Balkans Beyond Borders“


Градот Битола, е избран да биде домаќин на 13 издание Фестивалот на краткометражни филмови „Balkans Beyond Borders“ кој повеќе од една деценија функционира како тематски фестивал на краток филм кој секоја година се одржува во различен европски град, со посебен фокус на Југоисточна Европа.  Под мотото „Одлепување на мозаикот” од 19 до 22 октомври, 56 […]

„Look up!“ изложба на графики од Ертунч Сали


  Во Културно-информативен центар – Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на графики „Look up!” од Ертунч Сали. – Изложбата „Look Up!“ е составена од 20 графики и се изработени во техника линорез. Повеќето од графиките се комбинирани со други техники кои се неконвенционални за графика. Неговиот обид за кршење на правилата во графиката можеме […]

Франција се подготвува за големи нарушувања додека синдикатите повикуваат на штрајк во транспортот


Франција – Франција денеска се подготвува за големи нарушувања откако синдикатите свикаа национален штрајк во транспортот, бидејќи остануваат во ќорсокак со владата поради напуштањето на нафтените магацини, што предизвика недостиг на гориво. Тој потег доаѓа откако работниците во неколку рафинерии и складишта управувани од енергетскиот гигант „Тотал Енерџис“ (TotalEnergies) гласаа за продолжување на штрајкот. Нивната индустриска […]

Шефицата на словенечката дипломатија Фајон денеска во Скопје


Словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни работи Тања Фајон, денеска ќе престојува во официјална посета на земјава, при што ќе се сретне со нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што соопшти МНР, покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и европското досие на земјата, регионалните прашања, геополитичките предизвици и […]

ЕУ собира докази за продажба на ирански дронови на Русија


Белгија – Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ собира докази дека Иран наводно и продава беспилотни летала на Русија и ќе одговори доколку се докаже дека обвинувањата се вистинити. „Многу внимателно ја следиме оваа употреба на беспилотни летала. Собираме докази и ќе бидеме подготвени да реагираме со сите средства […]

Извештај: Администрацијата на Трамп ги цензурираше информациите за Ковид


САД–  Членови на тимот на Доналд Трамп спречија, додека тој беше во Белата куќа, здравствените службеници да дадат одредени информации за Ковид-19 со цел извештаите да бидат поусогласени со оптимистичката визија на поранешниот американски претседател, се вели во парламентарниот извештај објавен синоќа. Високи функционери во Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), главната федерална […]

Трас се извини за „грешките“, но, „останува“ на функцијата


Англија – Премиерката на Велика Британија, Лиз Трас се извини за „грешките“ во својата програма поради што спласна довербата на инвеститорите и нејзиниот рејтинг падна, но, истакна оти нема да отстапи од должноста. – Сакам да ја прифатам одговорноста и да се извинам за сторените грешки, нагласи таа за Би-би-си. Таа сакала да дејствува, како и […]

Бесплатни прегледи и консултации на ГАК по повод Светскиот ден на менопауза


На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје по повод 18 Октомври – Светскиот ден на менопаузата, ќе се спроведе недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза. – Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај пациентките, да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат […]

Суд и наложи на Франција да плати милиони евра казни за лош квалитет на воздухот


Франција–   Францускиот Врховен суд за административна правда – Државниот совет – и наложи на владата да плати милиони евра казни за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, јави ДПА. Судот пресуди дека владата не направила доволно за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на […]