Во Софија ќе биде потпишан договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас


Бугарија– Во Софија денеска ќе биде потпишан Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективната точка Ќустендил-Жидилово. Договорот ќе го потпишат „ГА-МА“ и „Булгартрансгаз“. На потпишувањето ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши и извршните директори на Национални енергетски ресурси АД Скопје, Бајрам Реџепи и на ГА-МА, Александар Арсиќ. 

Да Силва го победи Болсонаро во трката за претседател на Бразил


Бразил – Изборната администрација на Бразил соопшти дека Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро и стана нов претседател на државата. По пребројувањето на 98,8 отсто од гласовите, тој освои 50,8 отсто, а Болсонаро 49,2 отсто. Изборните власти објавија дека победата на Силва е математички сигурна. Да Силва, […]

Светски ден на штедењето


Денеска се одбележува Светскиот ден на штедењето кога се потсетуваме колку е важно да се има заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели. Светскиот ден на штедењето е воведен во 1924 година на Првиот меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија. Италијанскиот професор Филипо Равица на последниот ден од конгресот го […]

„Нешнал џиографик“ ја објави листата на најдобри дестинации за 2023 – меѓу нив и Словенија


САД- Со цел порано да почнеме да планираме идни патувања, „Нешнал џиографик“ ја објави својата листа на најдобри дестинации за 2023. Поделена во пет категории, таа содржи вкупно 25 дестинации, од кои најблиска ни е Словенија. „Се надеваме дека 2023 ќе донесе не само големо враќање на патувањата, туку и повторно откривање на чудата. Сакаме […]

Сончево и релативно топло со слаб ветер


Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени. Во Скопје сончево и релативно топло со слаб до умерен ветер од […]

Во Корча голем интерес за изложбата „Невестинските соништа” на Битолскиот музеј


Албанија – Изложбата „Невестинските соништа” на битолскиот завод и музеј  побуди голем интерес меѓу жителите на Корча кои во голем број ја посетуваат.   Изложбата е во рамки на  манифестацијата „Денови на македонската култура” кои се одржаа во Корча, а ќе биде отворена до 5-ти следниот месец.   – Изложбата ,,Невестински соништа- касели и ковчези од Битола […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 31 октомври 2022 година, 303-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 62 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 5 минути, а ќе зајде во 16 часот и 29 минути. Денов трае 10 часа и 24 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее […]

Пожар над селото Војница во општина Чашка


Пожарот, кој попладнево избувна над селото Војница во месноста викана „Говедарица“, се уште е активен. Зафатен е шумски предел од смрека, даб и чалија. Пожарот бил пријавен во 13:46 часот, а во гаснењето учествувале четворица вработени од шумското стопанство „Бабуна“ и четворица граѓани од Чашка. Од шумското стопанство „Бабуна“ информираа дека е интервенирано до 18:30 […]

Мeиловите со лажни пријави за бомби се пуштени однадвор


Министерот Оливер Спасовски во денешното гостување во дневникот на Сител на прашањето до каде е истрагата за лажните пријави за наводно поставени бомби во скопските средни училишта, соопшти дека пораките се пуштени од странство. „Пораките се пуштени од надвор од државата. Имаме сериозни индиции за тоа како се одвива целиот тој процес и во тој […]

На 59 години почина славниот хрватски режисер Лукас Нола


Хрватска– На 59 години, , по долго и тешко боледување, почина познатиот хрватски режисер Лукас Нола, пренесува Јутарњи лист.   Најнадежниот хрватски режисер Нола е родена на 31 март 1964 година во Загреб. Студирал на Академијата за ликовни уметности и Академијата за драмски уметности на отсекот за филмска режија, а дипломирал во 2003 година на […]

Сообраќаен режим во недела на дел од бул. Александар Македонски во Автокоманда


ЈП Улици и патишта Скопје и Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува граѓаните дека на 30.10.2022 ( недела ), поради извршување на активности за поставување на нов пешачки портален семафорски столб, на дел од бул. Александар Македонски во населба Автокоманда, во близина на БП Макпетрол, ќе биде воведен времен […]

Пендаровски ги посети учесниците во напредната обука на Охрид Камп за високотехнолошка извонредност


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги посети учесниците вклучени во напредната обука, што во рамки на Охрид Камп за високотехнолошка извонредност се реализира под негово покровителство, во организација на Македонија 2025 а поддржано од ИтЛабс Скопје. Претседателот беше информиран за фокусот на програмата, како и за  високоефективните методи на учење и предавање од страна на сертифициран […]

„Алтернатива“ предлaга уставни измени со кои кривичните дела против службената должност нема да застаруваат


Алтернатива денеска излезе со предлог за уставни измени со кој очекува дека ќе се спречи сите избрани и именувани функционери во закондавната, извршната и локалната власт да се стекнат со противправна имотна корист. Претседателот на партијата Африм Гаши денеска изјави дека очекува за овој нивни предлог да се обединат сите политички партии во земјата. Вели […]

Артан Груби останува шеф на кабинетот на Али Ахмети


Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи соопшти дека на седницата на централното претседателство завршени се две од предвидените три точки од дневниот ред и дека избрани се 16 секретари за ист број на партиски секретаријати. Артан Груби е избран за шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, Бујар Османи за […]

Штипскиот ЗОО парк доби нови животни


Нови животни доби ЗОО паркот „Бриони“ во Штип. Мајмуните Лука и Луна, гривести павијани, од вчера се дел од големото семејство на ЗОО паркот во Штип. Трајче Здравков директор на ЈП „Исар“-Штип истакна дека ова е чекор понапред во оставрување на своите зацртани цели, овој простор да биде катче за сите посетители од Штип, регионот, […]

Почна првата седница на новото централно претседателство на ДУИ


Првата конститутивна седница на новоизбраното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) почна околу 15 часот откако ова партиско тело со 37 членови беше избрано на 15 октомври. Како што најави партискиот портпарол Бујар Османи, на оваа средба ќе има активности за избор на други тела на партијата, но и ќе се оценува работата на […]

Донев: Патот по кој треба да се движите е строго исполнување на сите критериуми и договори преземени пред ЕУ како целина


Внесувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија е еден од условите кои земјата ги презема како обврска не само во билатералниот протокол од Договорот за добрососедство и соработка, туку со потпишувањето на т.н. „француски договор“. Тоа е обврска не само кон Бугарија, туку и кон сите останати земји членки на Европската […]

На бугарските институции е да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб во Благоевград


  Во Благоевград утре се отвора македонски клуб финансиран од приватни лица и кажав дека оние кои се заинтересирани можат да одат. Во однос на тоа на кој начин е регистриран, останува на институциите на Бугарија да проценат, исто како што формирањето на бугарските клубови во нашата држава останува на оценка на нашите институции, вели […]

Одложена посетата на Фон дер Лајен на Подгорица


Србија –  Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Црна Гора е одложена бидејќи нејзиниот авион не можел да полета од аеродромот во Белград поради магла. Фон дер Лајен вчера беше во посета на Босна и Херцеговина и Србија, а денеска требаше да ја посети Црна Гора, како дел од регионалната турнеја […]

Сунак размислува за уште две години да го замрзне буџетот за странска помош


Англија– Новиот британски премиер Риши Сунак размислува да го замрзне буџетот за странска помош на дополнителни две години, јави лондонски „Телеграф“, повикувајќи се на добро информирани извори. Британските трошоци за странска помош изнесуваат 0,5 отсто од националниот доход. Владата пред две години веќе ги скастри трошоците за странска помош, бидејќи земјата се справуваше со големиот […]