На Тиквеш Фестивал на младо вино како на концерт: Настап на Калиопи, Васил Хаџиманов Бенд и Зарина Првасевда


Докажаниот џез виртуоз, пијанистот Васил Хаџиманов со својот бенд од Белград, поп-дивата Калиопи и македонската уметница Зарина Првасевда  – ќе ги забавуваат гостите викендов на  Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ . Престижниот настан, прв и единствен од ваков вид во земјава фестивал кој има значајна улога во градењето и развојот на винската култура во […]

Англија ја има најскапата репрезентација за Светското првенство во 2022 година


Катар – Според студијата подготвена од Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES), селекцијата на Англија ја има најскапата екипа на претстојното Светско првенство. Репрезентацијата на Бразил го зазема второто место на листата, а Франција – третото. Топ 10 најскапи репрезентации на Светското првенство 2022 година според (CIES): 1. Англија – 1, 499 милијарди евра; 2. Бразил […]

Во сабота релативно топло со сончеви периоди, во недела и понеделник врнежи


Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија од влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела […]

Раскошот на Ивана Трамп – домот на Менхетен се продава за 26 милиони долари


САД- Тоа е 1992 година. Ивана Трамп го финализираше нејзиниот бурен и многу јавен развод од Доналд Трамп, кој уследи по две години покажување со прст и обвинувања за „измамни“ предбрачни договори и клевета. Новопечената разведена богаташка тргнува на прес-конференција, зборувајќи со Барбара Волтерс и Опра Винфри за нејзината разделба. Таа дури објавува и роман […]

Костадиновска – Стојчевска: Мораме да ги сопреме загрозувачите на Охридскиот регион


Можеме да констатираме дека и покрај преземените активности, нашата заедничка акција како да го нема задоволителниот интензитет во справувањето со причините и со причинителите кои го загрозуваат Охридскиот регион, впишан во Листата на УНЕСКО како реткост од светско значење. Мораме итно и сите да дејствуваме, нагласи денеска министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска на […]

Њујорк му оддава почит на Тиери Муглер со фасцинантна изложба : Со своите соништа беше пред другите


САД– Минатото не е само сегашноста, туку е и иднината на новата изложба на Музејот во Бруклин „Thierry Mugler: Couturissime.” Таа порака одекна гласно и јасно, за време на прошетката со постариот кустос за мода и материјална култура во музејот Метју Јокобоски, креативниот директор на Муглер Кејси Кадваладер и шефицата на архивата на Муглер, Марион Бурде. […]

Меланија Трамп не е среќна ако пак биде прва дама


САД– Во вторникот Доналд Трамп официјално објави дека по трет пат се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави. Тој ја претстави кампањата за претседателските избори во 2024 година на својот луксузен имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, каде се појави во друштво на неговата сопруга Меланија. Во својот говор, Трамп ги нападна претседателот Џо […]

Критики за италијанската премиерка бидејќи ја повела својата ќерка на Самитот на Г20


Италија– Италијанската премиерка Џорџа Мелони одговори на критиките за тоа што ја повела својата шестгодишна ќерка на Самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали. Во објава на Фејсбук таа напиша дека по два дена „неуморна работа“, се соочила со „неверојатна дебата“ за тоа дали било правилно што со себе ја повела својата ќерка и со […]

Зеќирја Незири добитник на државната награда „22 Ноември“


Албанологот проф. д-р Зеќирја Незири е годинашен добитник на државната награда „22 Ноември“. Оваа награда се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во земјава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Одлуката ја донесе Одборот за доделување на […]

Излезе од печат тријазичното издание на детски сликовници ,,Во светот на палавите афоризмичиња”


Излезе од печат тријазичното издание на детски сликовници со илустрирани афоризми од Миле Ѓорѓијоски. Како што информираше авторот, се работи за две едиции од сликовниците „Во Светот на палавите афоризмичиња” објавени на македонски, турски и ромски јазик. -Илустрациите од петтото и шесто издание на сликовниците се правени од ученички од деветто одделение од подрачното училиште […]

Бугарија дозволи отворање почесен конзулат на Србија во Благоевград


Бугарија– Бугарската влада донесе одлука со која даде согласност да се отвори конзулат на Република Србија раководен од почесен конзул во Благоевград, јави дописникот на МИА од Софија. Митко Солаков ќе биде почесен конзул на Србија во Бугарија. Тој ги има потребните јавни и деловни контакти за да помогне во развојот на економските односи, како […]

Од уметници до политичари- црвен килим за македонската премиера на „Кајмак“ (фото)


Актери, режисери, уметници, бизнисмени и политичари прошетаа синоќа на црвениот килим пред Македонската филхармонија, каде што се одржа со нетрпение очекуваната македонската гала премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“. По Токио и Тајпеј, „Кајмак“ дојде дома. Од денес, почнува истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја- Гостивар, Пробиштип, Делчево, […]

Во Бугарија дводневен форум на воените министри од Југоисточна Европа


Бугарија– Во Софија денеска и утре ќе се одржи годишен состанок на министрите за одбрана во СЕДМ формат, Процес на состаноци на министрите за одбрана од Југоисточна Европа, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за одбрана. Домаќин на форумот е вршителот на должноста министер за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов. Како што јави дописникот на МИА […]

Концерт на „Пијано Tрио“ во КИЦ-Скопје


Ансамблот „Пијано Трио“ вечер со почеток во 2о часот,  ќе одржи концерт во Културно информативен центар – Скопје во рамки на годинашното издание на Есенските музички свечености. Пијано триото потсои од 2014 година, а го сочинуваат тројца етаблирани музичари – Татијана Петрушевска Караскаковска на обоа, Марјан Милошевски на фагот и Петар Макариевски на пијано. Она што […]

„Mелек“ – аудио-визуелна инсталација од Адем Салиу во КИЦ-Скопје


Во Културно-информативниот центар – Скопје, вечер ќе биде отворена изложбата од Адем Салиу насловена „Мелек”. Станува збор за аудио-визуелна инсталација на слики со која уметникот ќе се претстави пред културната публика. Салиу за себе вели дека како уметник, својата креативност ја посветува на дигитална уметност. Уметничките дела ги креира исклучиво користејќи софтвери на дигитална платформа, аудио […]

Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом


САД– Републиканците ја вратија контролата врз Претставничкиот дом, објави синоќа „Гардијан“. Таа партија конечно го освои своето клучно 218. место во Долниот дом на Конгресот, со што ја презема контролата врз демократите, подготвувајќи терен за „пресметка“ со Џо Бајден во следните две години од неговото претседателствување. Како што е наведено, овој резултат значи дека демократката […]

Шведска изгласа измени на Уставот со цел да ја засили борбата против тероризмот


Шведска– Шведскиот парламент денеска ги изгласа измените на Уставот заради зајакнување на борбата против тероризмот, што Турција го бара за да го поддржи влезот на земјата во НАТО. Парламентот денеска, исто така, изгласа и уставни  амандмани за шпионирањето и собирањето информации, што предизвика загриженост во медиумите. Уставниот амандман овозможува ограничување на принципот на слобода на […]

Станбените згради без или со оштетени хидранти, противпожарните скали не функционираат


Велосипеди, мотоцикли и стар мебел се само дел од работите оставени на хоризонталните коридори во станбените згради. Се остава сè она што не му е потребно на едно домаќинство, без притоа да се води грижа дека со тоа се отежнува евакуацијата на граѓаните во случај на пожар. Хидранти нема или се оштетени, а во новите […]

Ковачевски во Белград со Вучиќ, Рама, Абазовиќ и Тегелтија на Конференција за инвестиции во енергетика во Западен Балкан


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска во Белград ќе учествуваат на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството […]

Со марш од Влада до МОН студентите ќе ги бараат своите права


Универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ попладне од 17.30 часот, од Влада до Министерството за образование и наука, на марш обединето ќе ги бараат своите права.   УСС на УКИМ објави дека борбата на студентите е заедничка и дека само сплотени […]