Отворен „Екс-ју рок-центар“ во БиХ


БиХ – Со почетокот на изложбата „Ме шокираш, жими мајка!“, сношти свечено беше отворен „Екс-ју рок-центарот“ во Домот на млади „Скендерија“ во Сараево, БиХ. Во музејот се изложени речиси 200 оригинални артефакти, а сувенирите, фотографии, аудио и видеоекспонати ќе ги оживеат спомените за минатото кај посетителите од Сараево и пошироко, објави „Кликс“. „Екс-ју рок-центарот“ има за цел …

Отворен „Екс-ју рок-центар“ во БиХ Read More »

Анкета: Виена повторно најнедружељубив град


  Австрија – Во годинешната класификација на организацијата „Интернационс“, којашто спроведува анкети меѓу луѓето со неавстриски корени, Виена повторно е меѓу градовите со најдобри услови за живот. Но, листата под наслов „Expat City Ranking 2022“, и оваа година го смести австрискиот главен град на последното место во категоријата „дружељубивост“. Во анкетите во последните години, лошото расположение на …

Анкета: Виена повторно најнедружељубив град Read More »

Д-р Стевановиќ: Мора да бидеме одговорни, ковидот е уште меѓу нас


Состојбата со коронавирусот во земјава остава впечаток дека работите се мирни. Во моментов, во регионот состојбата со Ковид-19 е стабилна, но во Кина минатата недела беа регистрирани 32.695 случаи на инфекција со коронавирус. Иако е далеку од нас, д-р Милена Стевановиќ, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во изјава за МИА …

Д-р Стевановиќ: Мора да бидеме одговорни, ковидот е уште меѓу нас Read More »

Штајнмаер на прошетка низ Скопската чаршија и на средба со екипата на „Медена земја“


Германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмаер во рамки на дводневната официјална посета на земјава денеска ќе прошета низ Старата скопска чаршија, а во Чифте аман ќе се сретне со екиптата на македонскиот документарен филм „Медена земја“. Тој ќе има средба и со младинци посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование. Попладне Штајнмаер …

Штајнмаер на прошетка низ Скопската чаршија и на средба со екипата на „Медена земја“ Read More »

Мараја Кери ќе го отвори својот апартман за „божикно искуство“ во Њујорк


  САД– Мараја Кери го прави Божиќ уште помагичен оваа година. Музичката легенда се здружи со Booking.com за да им посака добредојде на двајца гости во нејзиниот вистински пентхаус во Њујорк за многу посебен престој – како и да подготви целосен план на нејзините омилени зимски активности за победниците да уживаат. За само 20,19 долари …

Мараја Кери ќе го отвори својот апартман за „божикно искуство“ во Њујорк Read More »

„Од Климента до Блажета“ – нова книга на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ


Од печат деновиве излезе книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов, публицист, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје, и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор во пензија и македонски книжевен историчар и теоретичар. Книгата „Од Климента до Блажета“ се состои од три дела. Првиот дел содржи 12 радио – интервјуа …

„Од Климента до Блажета“ – нова книга на Свето Стаменов и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ Read More »

Од Џејмс Браун до Френк Синатра-  концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Центарот за култура


Вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за култура во Битола, под диригентската палка на Марјан Бакревски пред битолската публика ќе настапи возобновениот Битолски дувачки оркестар кој од 2015 година изненадува со интересни тематски репертоари на своите настапи.  „Џез, фанк и соул звуци со познатите хитови на Џејмс Браун, Френк Синатра и Стиви …

Од Џејмс Браун до Френк Синатра-  концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Центарот за култура Read More »

Состојба на патиштата


ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на …

Состојба на патиштата Read More »

Отворен конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ


Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните награди за најдобри книжевни остварувања во календарската 2022 одина, чии автори се членови на асоцијацијата. Наградите „Стале Попов“ за проза, „Ацо Шопов“ за поезија, „Димитар Митрев“ за критика и есеј, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади и наградата „Мост“ за книга напишана на еден од јазиците …

Отворен конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ Read More »

Oд утре леб и за 32 денара, поевтини млечни производи по Нова година


Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денара. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 проценти. Снижувања за над 10 отсто се можни и кај месните производи доколку Владата …

Oд утре леб и за 32 денара, поевтини млечни производи по Нова година Read More »

Макрон во посета на САД


САД – Францускиот претседател Емануел Макрон пристигнува денеска во посета на американскиот колега Џозеф Бајден со главна порака дека Европската унија ќе воведе мерки под мотото „Купи европско“ доколку Вашингтон значително не го намали протекционизмот преку Законот за антиинфлација (ИРА), што е во всушност уште посилно продолжување на политиката „Америка на прво место“,воведена од поранешниот шеф …

Макрон во посета на САД Read More »

Пенов и Касами ќе потпишат договор за проект за заживување на занаетите


Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов денеска ќе одржи средба со градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, а целта е потпишувањe договор за кофинансирање на проектот на ИПА Прекугранична програма со Косово 2014-2020 – „Заживување на занаетите и градење култура за заеднички туристички развој”. Во рамки на проектот e предвидена инвестиција од над 300 илјади …

Пенов и Касами ќе потпишат договор за проект за заживување на занаетите Read More »

Краткиот игран филм „Шеќерни луѓе“ на фестивал во Франција


Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски денеска од 16:30 часот и в петок (2 декември) од 14 часот ќе биде прикажан во меѓународната селекција на 40-тиот филмски фестивал „Tous Courts“ во Екс-ан-Прованс, Франција.   Како што соопшти „Сузи Кју продукција“, филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм и досега …

Краткиот игран филм „Шеќерни луѓе“ на фестивал во Франција Read More »

„Мојот дневник“ – изложба на Беди Ибрахим во Истанбул


Во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Турција, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мојот дневник“ на Беди Ибрахим. Творештвото на Беди Ибрахим во изминативе децении сведочи за импресивно мултимедијално творештво, каде е присутна основната идеја и мотив за концептот на неговите преокупации и личниот уметнички ракопис. Тој твори во …

„Мојот дневник“ – изложба на Беди Ибрахим во Истанбул Read More »

Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски


Книгоиздателството „Ми-Ан“ вечер од 19.19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе ја промовира книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски. Изданието е по повод 85 години живот и 65 години творечка дејност на Павловски – писател, енциклопедист и публицист. – Веднаш по појавувањето во 1990 година, култниот роман на Јован Павловски „Сок …

Промоција на „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски Read More »

Автентична храна и музика од Босфорот во Скопје


Спој од оригинални гастрономски специјалитети и традиционална музика кој ќе ја пренесе оригиналната атмосфера на Босфорот во Скопје, вака е најавен „Автентичниот вкус на турската кујна“ – настан што ќе се одржува од денеска до 3 декември годинава во главниот град. Домаќин е хотелот „Лимак“, а за автентичноста на настанот ќе се погрижат врвни готвачи …

Автентична храна и музика од Босфорот во Скопје Read More »

Повремени врнежи од дожд, а на планините од снег


Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени. Во Скопје ќе биде облачно …

Повремени врнежи од дожд, а на планините од снег Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 30 ноември 2022 година, 334-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 31 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минути, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа 22 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее 12 …

Астрономски календар Read More »

Изложба на скулптури на Славчо Спировски  во македонскиот КИЦ во Загреб


Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб синоќа беше отворена самостојната изложба „Аголност на илузијата на пакетирањето“ на скулпторот Славчо Спировски, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Директорката на Центарот, Наталија Поповска истакна  дека ѝ е особено драго што токму концептуалната уметност на Спировски го заокружува годинашниот циклус изложби што во хрватската престолнина ја претставуваат македонската …

Изложба на скулптури на Славчо Спировски  во македонскиот КИЦ во Загреб Read More »

СП2022: Холандија и Сенегал во осминафиналето


ОАЕ- Досега се познати пет репрезентации кои обезбедија пласман во првата нокаут рунда.   Откако по два одиграни натпревари Франција, Бразил и Португалија се промовираа во осминафиналисти, тоа денеска го сторија и репрезентациите на Холандија и Сенегал.   Ова откако попладнево беа одиграни двете средби од А групата во кои Холандија му го нанесе третиот …

СП2022: Холандија и Сенегал во осминафиналето Read More »