Аватар 3 заработи 345 милиони долари во првиот викенд


Третото продолжение на „Аватар“ на Џејмс Камерон заработи речиси 345 милиони долари во викендот на отворањето низ целиот свет, како што се очекуваше, објави дистрибутерот Волт Дизни во неделата. Во американските и канадските кина, филмот, насловен како „Аватар: Оган и пепел“, заработи 88 милиони долари, соопшти Дизни. Зои Салдана и Сем Вортингтон ги позајмуваат гласовите …

Аватар 3 заработи 345 милиони долари во првиот викенд Read More »

Џим Бим ќе ја затвори главната дестилерија на една година


  Познатиот производител на бурбон Џим Бим објави дека ќе ја затвори својата главна дестилерија во Кентаки на една година. Компанијата ќе ја искористи целата следна година за да инвестира во модернизација на објектот, потврди во соопштение, објави Би-Би-Си. Прилагодување на побарувачката и судбината на работниците Компанијата, која е во сопственост на јапонскиот гигант Suntory …

Џим Бим ќе ја затвори главната дестилерија на една година Read More »

Без струја дел од општина Кисела Вода


Без електрична енергија денеска од 9 до 11 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улица „368“ број 3 во општина Кисела Вода.  Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Магла на патните правци Тетово – Гостивар, Куманово – Страцин и Сарамзалино – Штип


Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри има на патните правци Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин, а кај Сарамзалино – Штип до 100 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е …

Магла на патните правци Тетово – Гостивар, Куманово – Страцин и Сарамзалино – Штип Read More »

М-НАВ: Целосно завршен процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје


М-НАВ информира дека успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје. Работите, како што информираат, биле реализирани во период со магла и намалена видливост, кој бил оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај. …

М-НАВ: Целосно завршен процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје Read More »

МНТ ќе информира за прославата на 80-годишнината со „Сонцето, колку е блиску сонцето“


Македонскиот народен театар денеска ќе одржи конференција за медиуми по повод одбележувањето 80 години од своето постоење и најава на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“, во режија на Дејан Пројковски. Средбата со медиумите ќе се одржи со почеток во 11 часот во фоајето на Македонскиот народен театар, каде ќе …

МНТ ќе информира за прославата на 80-годишнината со „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Read More »

Студентска изложба „Мало и моќно“ на ФЛУ во Сули ан


 Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе ја отвори студентската изложба „Мало и моќно – Големото влијание на уметноста од мал формат“, во Галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан. Како се наведува во соопштението, изложбата претставува долгогодишен проект на Факултетот за ликовни уметности, кој се одржува континуирано од 1990-тите години, …

Студентска изложба „Мало и моќно“ на ФЛУ во Сули ан Read More »

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“


Вашингтон – Белата куќа соопшти дека американското Министерство за финансии собрало 235 милијарди долари од царини од почетокот на годината. Белата куќа го изнесе ова тврдење во божиќен пренос во живо на својот официјален Јутјуб канал, во кој наизменично се прикажуваше листа на „победи на МАГА (MAGA) во 2025“ со музика во позадина. Други текстуални …

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“ Read More »

Албанската министерка Спиропали во официјална посета на Скопје


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета. Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и …

Албанската министерка Спиропали во официјална посета на Скопје Read More »

Променливо облачно со магла во котлините, од утре дожд и постудено


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од – 4 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Во Скопје, променливо облачно и …

Променливо облачно со магла во котлините, од утре дожд и постудено Read More »

Денес на седница ќе се назначи в.д. државен јавен обвинител


 Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител на местото Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка, откако минатонеделната седница на чиј дневен ред беше ставен изборот на заменик на Коцевски до изборот на нов државен јавен обвинител беше одложена поради отсутво на еден од членовите на …

Денес на седница ќе се назначи в.д. државен јавен обвинител Read More »

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале


На Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од  магла, од 00:00 часот на полноќ до 20 часот синоќа откажани се вкупно 20 летови (полетувања и слетувања), два се преносочени, а слетале 13 авиони и исто толку полетале, информира ТАВ Македонија.  Слетале авионите од: Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз (Буве), Хамбург, …

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 22 декември 2025 година, 356-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 9 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Почна зимата


Зимата во земјава и на северната хемисфера на Земјата календарски почнa попладнево во 16 часот и 3 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почна летото.  На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.  До крајот на годината остануваат уште 10 дена.  Зимата ќе трае 88 дена 23 часа и 42 минути, односно …

Почна зимата Read More »

Посебно музичко доживување со Елаис и Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“


Во духот на празниците, НУ „Охридско лето“ ѝ подари на публиката посебно музичко доживување преку свечениот новогодишен концерт, кој синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  донесе врвна уметност и празнична атмосфера. На сцената настапија виртуозниот пијанист од Италија, Франческо Барбаџелата, и моќниот шпански тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, воодушевувајќи ја публиката со …

Посебно музичко доживување со Елаис и Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“ Read More »

Пијано, тенор и оперски арии вечерва на новогодишниот концерт на  „Охридско лето“


Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис вечерва ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  во 20 часот. Пијанистот Франческо Барбаџелета е истакнат уметник познат по својата …

Пијано, тенор и оперски арии вечерва на новогодишниот концерт на  „Охридско лето“ Read More »

Еуродизелот поевтинува за два денара


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 64,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот …

Еуродизелот поевтинува за два денара Read More »

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје


На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје свечено е промовиран нов едукативен и истражувачки центар, формиран во соработка со ТИТАН Усје. Центарот, што е дел од проектот „Знаење + CO₂ –“ – со знаење и иновативност до помалку CO₂, претставува современ едукативен простор наменет за унапредување на наставниот процес и за …

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје Read More »

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони


 Во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај, поради блокадите на грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина. На грчката страна од границата, веќе 19 дена …

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони Read More »

Скијачка сензација. Аутсајдер го престигна најдобриот во светот за прва победа во кариерата


Светот на скијањето денес беше сведок на една од најголемите сензации во сезоната. Сосема неочекувано, 27-годишниот Чех Јан Забистран ја освои трката супер-Г во Вал Гардена, оставајќи го зад себе водечкиот скијач во светот Марк Одермат. Сè изгледаше подготвено за уште една прослава од швајцарскиот феномен Марк Одермат, кој постави време од 1:25.08 и го …

Скијачка сензација. Аутсајдер го престигна најдобриот во светот за прва победа во кариерата Read More »