ИЈЗ со совети за справување со топлото време, пред нас температури и над 40 степени


Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, …

ИЈЗ со совети за справување со топлото време, пред нас температури и над 40 степени Read More »

Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули


 Во 14 часот денеска истекува рокот за приговори од матурантите кои се незадоволни од резултатите од државната матура во јунската испитна сесија. Рокот за приговори почна во петокот (5 јули), кога Државниот испитен центар (ДИЦ) ги објави прелиминарните резултати од двата екстерни испита кои беа организирани на 1 и на 8 јуни 2024. Учениците ги …

Рокот за приговори од државната матура истекува денеска во 14 часот, ДИЦ ќе ги реши до 16 јули Read More »

Закочил воланот, затоа автобусот на ЈСП заврши на жардиниера


Блокирал, односно се закочил воланот на автобусот на ЈСП со број „2“, кој вчера заврши поткаќен со едното тркало на средишната жардиниера, кај „Мавровка3, а притоа повредени беа возачот и една патничка.  Денеска, на прес-конференција возачот Ферзи Арифи тврдеше дека автобусите кои им ги даваат да ги возат се неисправни. Иако, возачите постојано пријавуваат дефекти, …

Закочил воланот, затоа автобусот на ЈСП заврши на жардиниера Read More »

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“


Затворски казни и една условна казна затвор, изрече Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите кои вчера признаа вина во предметот „Синџир“, кој се однесува на даночно затајување. Обвинети се за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и „даночно затајување“.  Првообвинетиот Сашо Вучков доби две и пол години казна затвор, неговиот татко две години казна затвор и илјада …

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“ Read More »

Мобилни екипи во Кисела Вода им помагаат на граѓаните за справување со високите температури


Општина Кисела Вода заедно со Црвен Крст на Општина Кисела Вода денес го започна проектот “Топлотен бран” кој има за цел во топлите летни денови да го заштити здравјето на своите граѓани. На најфреквентните локации, парковите, автобуските постојки, мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице- доктор, волонтери на Црвен Крст, референти од …

Мобилни екипи во Кисела Вода им помагаат на граѓаните за справување со високите температури Read More »

Големи пожари во јужниот дел на Албанија


Војници и пожарникари денеска се ангажирани за гаснење пожар во јужна Албанија во во близина на грчката граница, соопшти албанското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека противпожарни екипи, поддржани од хеликоптер вчера ставиле под контрола неколку шумски пожари, но високите температури и ветровите го поттикнале ширењето на пламенот во близина на Дропул, Финиќ …

Големи пожари во јужниот дел на Албанија Read More »

Двајца министри и ЗЕЛС се договорија да спроведат дигитализација на општините


Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. На состанокот се разговараше за процесот на дигитализација на локалните услуги. Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка …

Двајца министри и ЗЕЛС се договорија да спроведат дигитализација на општините Read More »

Сакал да отиде Грција со фалсификувана бугарска лична карта откако го пуштиле на викенд од затворот „Штип“


Вчера полициски службеници го уапсиле 32-годишниот А.Р. откако со фалсификувана бугарска лична карта сакал да влезе во Грција преку Богородица. При дополнителни проверки било откриено дека издржувал затворска казна во Затвор Штип и бил пуштен за викенд. „На 08.07.2024 во 23.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од …

Сакал да отиде Грција со фалсификувана бугарска лична карта откако го пуштиле на викенд од затворот „Штип“ Read More »

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола, загина 21-годишно момче


Вчера во 15.48 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, на излез од Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со …

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола, загина 21-годишно момче Read More »

Бутел: Алармантна е состојбата со хигиената


Преполни контејнери со отпад, ѓубре расфрално околу нив и по улиците е секојдневната слика во Општина Бутел, каде како што обвинуваат од таму, „Комунална хигиена“ не дошла да исчисти последните десет дена. – За Данела Арсовска општина Бутел како да не постои. Состојбата во oпштина Бутел е алармантна. Повеќе од десет дена екипите на ЈП …

Бутел: Алармантна е состојбата со хигиената Read More »

Со приклучувањето кон СЕПА до поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра


Народната банка се подготвува до Европскиот совет за плаќања да ја поднесе апликацијата за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра – СЕПА што ќе им овозможи на граѓаните и компаниите да добијат поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра.   СЕПА е иницијатива на Европската банкарска и платежна индустрија претставувана од …

Со приклучувањето кон СЕПА до поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра Read More »

Девизните резерви во јуни зголемени за 44 милиони евра


На крајот на јуни 2024 година, официјалните девизни резерви изнесуваа 4.337,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 44 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,1%), по што следуваат валутите и депозитите (28,8%) и монетарното злато (11,1%).

ДЗР: Претпазливо да се управува со јавните финансии, зголемениот јавен долг бара одржлива фискална политика


Потребно е претпазливо управување со јавните финансии преку одржливо ниво на јавен долг и соодветна фискална политика иако е дизајнирана системска сеопфатна правна и институционална рамка за управување со јавниот долг и покрај позитивните оценки од ЕУ и ММФ за процесот на сервисирање на долгот поради достигнатото ниво на јавен долг од 62,1 отсто од …

ДЗР: Претпазливо да се управува со јавните финансии, зголемениот јавен долг бара одржлива фискална политика Read More »

МОН и БРО започнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение


 Сите чинители на воспитно – образовниот процес, можат да дадат свои сугестии за унапредување на постојните наставни програми за седмо и осмо одделение кои се веќе изработени и да учествуваат во изработка на новите за деветто одделение, преку електронските адреси [email protected] , [email protected] и [email protected], информираат денеска од Министерството за образование и наука.  Од МОН потенцираат дека заедно со Бирото …

МОН и БРО започнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение Read More »

Семејствата на учениците ќе ги добијат парите од антикризната мерка


Министерството за образование и наука информира дека паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци, продолжуваат етпно да се исплаќаат и во текот на оваа работна недела.  -Средствата не беа исплатени од претходното раководство. Иако поддршката беше ветена, исплатата се реализираше само за еден месец или за два …

Семејствата на учениците ќе ги добијат парите од антикризната мерка Read More »

Ендрју Тејт и неговиот брат во Британија обвинети за затајување данок од 21 милион фунти


Инфлуенсерот Ендру Тејт и неговиот брат Тристан се обвинети дека не платиле данок на 21 милион фунти приход од нивниот интернет бизнис. Полицијата во Девон и Корнвол поднела граѓанска тужба против браќата и трето лице, познато само како Ј., пишува Би-би-си. За што беа обвинети браќата Тејт? Тие се обвинети дека не платиле данок во …

Ендрју Тејт и неговиот брат во Британија обвинети за затајување данок од 21 милион фунти Read More »

Касарните во Книн, Пожега и Сињ во Хрватска ќе почнат да се полнат од 1 јануари – почнува служењето воен рок


Од 1 јануари следната година Хрватска повторно ќе го воведе воениот рок. За ова има политичка одлука, а Министерството за одбрана (МО) работи на измени на Законот за одбрана и Законот за служба во вооружените сили, како и на придружните прописи, кои ќе бидат основа за почеток на следната година првите регрути кои ќе треба …

Касарните во Книн, Пожега и Сињ во Хрватска ќе почнат да се полнат од 1 јануари – почнува служењето воен рок Read More »

Загина човек од удар од воз кај бул „Србија“


На железничката пруга кај булеварот „Србија”, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години. Од ударот, тој починал на местото на несреќата, потврдија утрово за МИА од Итната медицинска помош во Скопје.

Запрен е Конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование


Запрен е Конкурсот за издавање учебници во деветгодишното основно образование, објавен на 9 април 2024 од Министерството за образование и наука. МОН на својата веб-страница објави дека оваа одлука е согласно заклучокот од седницата на Владата во петокот (5 јули 2024) и од причина што ќе следуваат измени и дополнувања на Концепцијата за основно образование. …

Запрен е Конкурсот за издавање учебници за деветгодишно основно образование Read More »

Италија планира да потроши 7,5 милијарди евра за нови ловци „Јурофајтер“


Италија планира да потроши малку под 7,5 милијарди евра во следните 11 години за 24 нови ловци „Јурофајтер“ (Eurofighter), според документ на Министерството за одбрана, во кој имаа увид западни медиуми.  Во краткото известување до италијанскиот парламент, министерот за одбрана Гвидо Крозето поднесе нацрт-резолуција со која бара одобрение за „набавка на 24 авиони Ф-2000 и …

Италија планира да потроши 7,5 милијарди евра за нови ловци „Јурофајтер“ Read More »