Во Кавадарци поставена био компостара органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво


 Био компостара е поставена во дворот на средното општинско училиште ,,Киро Спанџов – Брко”, органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво за потребите на градот. Машината ја произведе фирмата Спектар 21 од Кавадарци под менторство на професор др Димитрија Ангелков од ова училиште и машински инженер Витомир Ѓорѓиев, сопственик на компанијата.   – Со  проектот …

Во Кавадарци поставена био компостара органскиот отпад ќе се претвора во органско ѓубриво Read More »

Костов: Поради стресот кардиоваскуларни заболувања има и кај млади лица


 Се намалува возраста на лица со срцеви заболувања, неопходно е да се дејствува превентивно и врз работи на кои може да се влијае. Ова меѓу другото го истакна денеска Јорго Костов од Македонското здружение по кардиологија на одбележувањето на Денот на срцето, одговарајќи на новинарски прашања.  – За жал, возраста се намалува. Тоа е фактички …

Костов: Поради стресот кардиоваскуларни заболувања има и кај млади лица Read More »

Евробарометар: Европејците најмногу стравуваат од ризици поврзани со климатските промени


Граѓаните на ЕУ сметаат дека најмногу се изложени на ризици поврзани со влијанието на климатските промени, но и од безбедносните и социјалните предизвици, па затоа мнозинството од нив сметаат дека им се потребни повеќе информации за да бидат подготви за реакција во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации, покажуваат резултатите од истражувањето на Евробарометар …

Евробарометар: Европејците најмногу стравуваат од ризици поврзани со климатските промени Read More »

МНР: До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан


До овој момент, нема македонски државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. -Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија во неколку наврати ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа …

МНР: До овој момент нема наши државјани кои се обратиле за помош или евакуација од Либан Read More »

Општина Аеродром собра околу 70 тони кабаст отпад во акцијата


 Општина Аеродром и Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром  спроведоа акција за бесплатно собирање кабаст отпад, при што од локација собрани се околу 70 тони отпад. Акцијата почна кон крајот на јули и наиде на голем интерес кај аеродромци. Големи контејнери во текот на август и септември беа поставувани на различни локации низ …

Општина Аеродром собра околу 70 тони кабаст отпад во акцијата Read More »

„Замрзнат балансер“: Јавните огласи за вработување не важат ако во нив се наведува припадност на заедница


Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите од јавниот сектор по одлуката на Уставниот суд за замрзнување на алатката „балансер“ при вработувањата во јавната администрација. -Во врска со Решението на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.Бр.90/24 од 18 септември 2024 година, Министерството за јавна администрација даде насоки за постапување на институциите …

„Замрзнат балансер“: Јавните огласи за вработување не важат ако во нив се наведува припадност на заедница Read More »

Рибар од Тетовско “улови“ торба со мини во Вардар


Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен „улов“ вчера додека бил на риболов. Според информациите од полицијата, тој јадицата ја фрлил во селото Стенче, кај стенечкиот мост на реката Вадар. Сепак, наместо да улови риба, од реката извлекол торба, во која имало седум тромблонски мини. Рибарот ги уловил мините вчера напладне, а се работи за …

Рибар од Тетовско “улови“ торба со мини во Вардар Read More »

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Од река до море“ или „Израел е убиец на деца“


Поединците кои објавија слоган „Од река до море“ на социјалните мрежи нема да добијат германско државјанство, според одредбите на новиот закон за државјанство, како што е наведено од германскиот канал NDR (Северногерманска радио и телевизија) и федералната полиција оваа недела. Лицата вработени во Германија можат да побараат државјанство по пет години, во споредба со осумте …

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Од река до море“ или „Израел е убиец на деца“ Read More »

РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, да се проверат инсталациите и да се подмират сметките


 Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот. Како што информира денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со …

РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, да се проверат инсталациите и да се подмират сметките Read More »

Американците го зајакнуваат военото присуство на Блискиот Исток


Американскиот министер за одбрана издаде наредба за дополнително зајакнување на американското воено присуство на Блискиот Исток. Како што пишува Политико, Лојд Остин издал наредба за испраќање дополнителни трупи на американската армија во областа на која и се заканува тотална војна, како и за засилување на постоечките. Потезите уследија откако израелските сили го убија лидерот на …

Американците го зајакнуваат военото присуство на Блискиот Исток Read More »

Алкараз: Разбирам во каква позиција се наоѓа Синер


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го поддржа светскиот рекет број еден Јаник Синер по веста дека Светската антидопинг агенција (ВАДА) планира да го дисквалификува Италијанецот. – Ова е навистина тежок момент за него. Знам дека сите зборуваат за ова, пишуваат во вестите. Веројатно, како што кажа и самиот Карлос пред турнирот во Њујорк, луѓето почнаа да …

Алкараз: Разбирам во каква позиција се наоѓа Синер Read More »

Конкурс за учениците од основните и средните школи по повод Светскиот ден на штедењето


Народната банка (НБ) и Министерството за финансии традиционално, дванаесетта година по ред, по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, го објавија Конкурсот за учениците од основното и средното образование. Целта на  Конкурсот е да се поттикне креативноста, имагинацијата, како и интересот на учениците за штедењето и едукација на младите за овој сегмент …

Конкурс за учениците од основните и средните школи по повод Светскиот ден на штедењето Read More »

Да се зајакнат процедурите за доделување на интегрираните еколошки дозволи


Интегрираните еколошки дозволи се клучни за да се осигураме дека секоја индустрија ги почитува стандардите и го намалува загадувањето. Треба да ги зајакнеме процедурите за нивно доделување, за да обезбедиме поголема заштита на животната средина, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, отворајќи ја Работилницата за животна средина …

Да се зајакнат процедурите за доделување на интегрираните еколошки дозволи Read More »

Иванова: Заеднички ги обединивме напорите во спроведување на стратегиите на Агендата на ЕУ


 Во 2022 година на последниот состанок во Тирана постигнавме клучни чекори, меѓу кои е и нашата плодна соработка околу програмата „Еразмус плус“, како и стратегиите за паметна специјализација. Заеднички ги обединивме сите напори за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, култура, млади и спорт, и заедно обезбедуваме младите генерации да можат да …

Иванова: Заеднички ги обединивме напорите во спроведување на стратегиите на Агендата на ЕУ Read More »

Единствената преостаната британска термоелектрана денеска се гаси


Единствената преостаната британска термоцентрала Ратклиф-он Соар во градот Нотингемшир денеска ќе престане со работа, по 57 години работа. Ова е последица на одлуката на Владата да престане да произведува струја од јаглен, а одлуката е донесена пред десет години. Престанокот со работа на споменатата централа претставува крај на британската историја на користење јаглен, која траела …

Единствената преостаната британска термоелектрана денеска се гаси Read More »

Сообраќајниот тунел над Битола без светлосна сигнализација


Сообраќајниот тунел на обиколницата Прилеп-Ресен, над Битола е без светлосна и сообраќајна сигнализација, и е небезбеден. Државниот пат на оваа делница е фреквентен, но обиколницата се користи со максимална претпазливост, реагираат учесници во сообраќајот, бидејќи како што посочуваат освен што тунелот е целосно неосветелен и без предупредувачка сообраќајна сигнализација, тој е и опасен бидејќи низ …

Сообраќајниот тунел над Битола без светлосна сигнализација Read More »

Утрово пронајдена 72-годишна почината планинарка на Шар Планина


Планинарката по која од вчера се трагаше на Шар Планина, пронајдена е утрово почината, соопштија од Центарот за управување со кризи. Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера бил примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што …

Утрово пронајдена 72-годишна почината планинарка на Шар Планина Read More »

Промовирана новата туристичка понуда „Патеката на Дионис“ – се одбележа Светскиот ден на туризмот во Галичник


По повод Светскиот ден на туризмот, денеска во Галичник се одржа работилница за одржлив туризам и влијанието врз локалниот економски развој. Со претставници од општини, единици за локален економски развој, даватели на туристички услуги, локални тур-оператори и бизниси се разговараше за партнерство помеѓу клучните чинители за развој на одржлива туристичка понуда и потребата од соработка …

Промовирана новата туристичка понуда „Патеката на Дионис“ – се одбележа Светскиот ден на туризмот во Галичник Read More »

Поради дефект без вода дел од Визбегово


Поради дефект на приклучна цевка од 3/4 на ул „1“ Визбегово бр. 10 без вода ќе останат корисниците на дел од ул. „Визбегово“ и дел од ул. „Индира Ганди“ крак 31. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 до завршување на интервенцијата.

Ограбен комплексот „Ролан Гарос“


 Во Париз е извршен грабеж на тенискиот комплекс „Ролан Гарос“. Француските медиуми објавија дека инцидентот се случил ноќта четврток кон петок. Сторителите на делото влегле во комплексот, и упаднале во неколку канцеларии. Украле 11 илјади евра готовина и накит од 20 илјади евра. Француската тениска федерација соопшти дека полицијата во моментов го истражува грабежот. Комплексот …

Ограбен комплексот „Ролан Гарос“ Read More »