Бензините и дизелот поскапуваат за денар


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар по литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 75,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 77,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 68,50 денари за …

Бензините и дизелот поскапуваат за денар Read More »

Наскоро договор меѓу СОНК и МОН за повисоки плати за наставниците


Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има поголем буџет за образование и наука во 2025-та, а најави и наскоро дека ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците годинава. На прес-конференција за сто дена од работењето на Владата, Јаневска рече дека МОН дискутира со Министерството за финансии …

Наскоро договор меѓу СОНК и МОН за повисоки плати за наставниците Read More »

На местото на струмичката касарна никнува парк на 40.000 метри квадратни


Наместо згради и трговски центар, во струмичката касарна на површина од 40.000 метри квадратни наскоро ќе никне преубавиот парк „11 Октомври“, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој на својот профил го објави и идејното решение за овој парк. Новиот парк се гради кај новата Детска градинка „Виножито“, поделен на два дела, хортикултурно уреден, …

На местото на струмичката касарна никнува парк на 40.000 метри квадратни Read More »

Водата во гостиварскиот водовод повторно се анализира заради два различни резултати


 Резултатите од водата за пиење во гостиварскиот водовод направени во две лаборатории се различни и според едните водата не е за употреба, а според другите е безбедна. Се очекува нова анализа која ја прави државниот Центар за јавно здравје – Скопје. Ова го кажаа вд градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани и најави поведување на …

Водата во гостиварскиот водовод повторно се анализира заради два различни резултати Read More »

Инспектори и членови на Комисијата ги испитуваат сите факти околу смртта на 14 месечното дете


Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат од утринава вршат инспекциски надзор во болницата Козле и Детската клиника во Скопје, откако завчера почина 14 месечно дете, а претходно неговите родители барале да биде хоспитализирано, но не е примено на Детската клиника во Скопје, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој по одбележување на Денот …

Инспектори и членови на Комисијата ги испитуваат сите факти околу смртта на 14 месечното дете Read More »

Абрамс и Рувкун добитници на Нобеловата награда за медицина за откриен нов принцип на регулација на гените


Нобеловиот комитет на Институтот Каролинска денеска одлучи да им ја додели Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2024 година на Виктор Амброс и Гери Рувкун за откривањето на микроРНК и нејзината улога во регулацијата на посттранскрипциските гени. Овогодинешната Нобелова награда им оддава почит на двајца научници за нивното откритие на фундаменталниот принцип кој регулира …

Абрамс и Рувкун добитници на Нобеловата награда за медицина за откриен нов принцип на регулација на гените Read More »

Гази Баба стипендира таленирани ученици, спортисти и ученици со посебни потреби


Општина Гази Баба денес распиша Јавен повик за доделување стипендии на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби за учебната 2024/2025 година. Од општината информираат дека целта на распишаниот јавен повик е директна финансиска поддршка за најдобрите ученици. Со јавниот повик се доделуваат 25 стипендии на талентирани ученици, 25 стипендии на ученици …

Гази Баба стипендира таленирани ученици, спортисти и ученици со посебни потреби Read More »

Децата да се во училиште од 8 до 16.30 часот


За социјализација на децата, за да може да се во контакт со модерните технологии, да има со кого да се натпреваруваат министерката за образование предлага подрачните училишта да се припојат кон централните, па оние од руралните места да одат во градските средини. Со ова, смета министерката, и наставницирте кои работат со одделенија од пет, девет …

Децата да се во училиште од 8 до 16.30 часот Read More »

Земјотреси со јачина од 4,4 и 4,9 степени кај Атина и кај Крит


Два земјотреси со јачина од 4,4 степени според Рихтер, на две различни локации, едниот во близина на Атина, другиот со јачина од 4,9 степени во морскиот дел југоисточно од Крит, беа регистрирани рано утрово.  Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, земјотресот во близина на Крит беше кусо пред 9 часот по локално време, …

Земјотреси со јачина од 4,4 и 4,9 степени кај Атина и кај Крит Read More »

„Балансерот“ в среда на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука


Уставниот суд в среда на седница ќе треба да донесе конечна одлука по предлог постапката за оценување на уставноста и законитоста на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. На дневен ред на 27. седница на Уставниот суд закажана за 9 октомври се предвидени шест иницијативи за оценување на уставност и законитост, како …

„Балансерот“ в среда на дневен ред на седница на Уставен за донесување на конечна одлука Read More »

Граѓаните сѐ повеќе се одлучуваат да плаќаат електронски


Податоците на Народната банка за платежната статистика за вториот квартал од 2024 година, покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, односно …

Граѓаните сѐ повеќе се одлучуваат да плаќаат електронски Read More »

Казахстанците кажаа „да“ за нуклеарна централа


Гласачите во Казахстан, вчера, на референдум, го поддржаа владиниот план за изградба на нуклеарна централа во земјата, соопшти денеска изборната комисија во земјата.  Британските медиуми пренесуваат дека комисијата соопштила дека 71,12 отсто од гласачите ја поддржале изградбата на централата.  Идејата за изградба на нуклеарна централа ја промовира владата на претседателот Касим Токаев, додека централноазиската земја …

Казахстанците кажаа „да“ за нуклеарна централа Read More »

Водата во Гостивар забранета за пиење – има манган


Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издаде забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар. На јавното комунално претпријатие “ Комуналец” кое стопанисуваа …

Водата во Гостивар забранета за пиење – има манган Read More »

(Во живо) Презентација на Извештајот за клима и развој на државите


Директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилиано Паолучи, вишиот економист Сања Маџаревиќ-Шујстер, вишиот специјалист за енергетика Редон Беголи и вишиот урбан економист при Светска банка, Мега Муким ќе го презентираат Извештајот за клима и развој на државите и Прегледот за климатски јавни финансии на Северна Македонија. 

ГЕН-И ја пушти во употреба втората голема соларна електрана во Македонија


Групацијата ГЕН-И ја изгради својата втора голема соларна електрана во земјата, во близина на Кавадарци. На претходно деградирано земјиште од 70.000м², инсталирани се 17.612 фотоволтаични модули, што зафаќаат вкупна површина од 60.000м². Нивната максимална вкупна моќност (во зависност од временските услови) изнесува 12 MW. Во зависност од бројот на сончеви часови, овие модули можат годишно …

ГЕН-И ја пушти во употреба втората голема соларна електрана во Македонија Read More »

Зголемени цените на угостителските услуги


Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во …

Зголемени цените на угостителските услуги Read More »

Како изгледаше Газа пред една година, а како е сега: Некогаш семејствата беа заедно, денес се бараат


Помина една година откако Израел одговори на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година со бомбардирање и инвазија на палестинската територија Газа. Израел вели дека се обидува да го уништи „воениот и управувачкиот капацитет на исламистичката група“ која е посветена на уништувањето на Израел и ја контролира Газа од 2007 година, но војната исто …

Како изгледаше Газа пред една година, а како е сега: Некогаш семејствата беа заедно, денес се бараат Read More »

Роналдо е првиот играч во историјата кој постигнал 600 голови на врвно ниво


Фудбалерот на Ал Наср, Кристијано Роналдо викендот постигна еден гол на натпреварот од 6. коло на шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Оруба (3:0). Според Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS), овој гол за 39-годишниот напаѓач беше 600-ти во кариерата на највисоко ниво (во врвните дивизии на првенствата на земјите во кои играше играчот).  …

Роналдо е првиот играч во историјата кој постигнал 600 голови на врвно ниво Read More »