Италијански брод со втора група мигранти отплови за Албанија


Брод на италијанската морнарица денеска отплови за Албанија, превезувајќи втора група мигранти, каде ќе биде обработено нивното барање за азил. На бродот „Либра“ има осум мигранти спасени пред два дена, а во миграцискиот центар во Шенѓин треба да пристигнат утре. Италија минатиот месец ја испрати првата група од 16 мигранти во Албанија, но подоцна италијанскиот …

Италијански брод со втора група мигранти отплови за Албанија Read More »

Дефинитивно постигнување на правична застапеност во администрацијата треба да донесе новиот закон во подготовка, тврди Фетаи


 Работната група за подготовка на закон за правична застапеност досега одржала три состаноци, новото законско решение кое ќе биде изготвено потоа ќе биде доставено во собраниска процедура, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи. -Како што знаете веќе има консултации во рамките на Владата, иако имаше некои контрадикторни пораки, сепак основана е …

Дефинитивно постигнување на правична застапеност во администрацијата треба да донесе новиот закон во подготовка, тврди Фетаи Read More »

Славески ги поучи приватните превозници: Сте потпишале договор – придржувајте се до него!


Претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески до приватните превозници испрати писмо во кое ги советува да го испочитуваат договорот што го потпишале за превоз на патници, кој им истекува во мај 2025 година. Дотогаш, тврди Славески, Советот не може да расправа доколку нема предлог од градоначалничката. Писмото го пренесуваме во целост: Во врска …

Славески ги поучи приватните превозници: Сте потпишале договор – придржувајте се до него! Read More »

Дигитализација на аудио ленти од 1940 до 2000 година во НУФЦ „Вардар филм“


 Во просториите на НУФЦ „Вардар филм“ деновиве започна дигитализација на аудио ленти во период – 1940 до 2000 година, кои беа зачувани во депото, информираат денеска оттаму. Станувало збор за околу 400 ленти што содржат радио драми, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на „Вардар филм“. …

Дигитализација на аудио ленти од 1940 до 2000 година во НУФЦ „Вардар филм“ Read More »

Грчева: Имаме професори кои нудат застарени знаења, а не знаат ни странски јазик


Министерството за образование и наука формира Национално координативно тело за реформи во високото образование чија цел ќе биде преку инклузивен процес да направи план како да се подобри квалитетот на високообразовниот систем во Македонија, односно кои мерки треба да се преземат во иднина за да се достигнат повисоки образовни стандарди. Првичните резултати на ова тело …

Грчева: Имаме професори кои нудат застарени знаења, а не знаат ни странски јазик Read More »

Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција


Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потврди командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари.  Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоела опасност од зафаќање други објекти, но, брзата интервенција на пожарникарите, според него, спречила поголема штета. …

Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција Read More »

Меџити: Зелената агенда, можност за голема координирана еколошка трансформација на регионот


Зелената агенда за Западен Балкан е важна како пресвртница за регионот, но и поединечно за земјите, поради можноста што ја нуди за голема координирана трансформација на регионот, истакна денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, на отворањето на конференцијата на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС. – …

Меџити: Зелената агенда, можност за голема координирана еколошка трансформација на регионот Read More »

(Во живо) Министерката за образование Јаневска за високото образование


Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе претседава со конститутивната седница на Националното координативно тело за реформи во високото образование, науката, истражувањето и развојот.

Пристигнале 2.900 апликации на Годишните конкурси за културата


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата и на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата, пожелувајќи им успешна работа во креирањето на националната програма …

Пристигнале 2.900 апликации на Годишните конкурси за културата Read More »

(Во живо) Мицкоски на МАСИТ


Премиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Уапсени деветмина за немирите во Нови Сад, се земаат мостри од фекалиите


 Поради нереди на протестот во Нови Сад, девет лица се уапсени на барање на Вишото и Основно јавно обвинителство во тој град, се наведува во заедничкото соопштение на двете обвинителства, јави дописникот на МИА од Белград. Според соопштението, од деветмината уапсени за нереди на вчерашниот протест, шест лица се осомничени за сторено кривично дело -Насилничко …

Уапсени деветмина за немирите во Нови Сад, се земаат мостри од фекалиите Read More »

Невладините бараат 131 милион денари за програмата за ХИВ за 2025, предвидени се само 90


Претставници на невладини организации денеска во Скопје изразија загриженост поради информации за намалени средства за програмата за ХИВ за 2025 година. Вознемиреност има и кај пациентите, поради постојаното стравување дали навреме ќе има терапија и можноста од прекин на терапијата. Според Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ предвидени се само …

Невладините бараат 131 милион денари за програмата за ХИВ за 2025, предвидени се само 90 Read More »

Во Центар се отстрануваат хаварисани возила


Општина Центар во соработка со пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР спроведува акција за бесплатно дислоцирање на хаварисаните возила од јавните површини со јавување на телефонскиот број 076/350-767 со цел ослободување на јавната површина. „Со заедничката акција која ја спроведуваме досега од јавните површини дислоцирани се околу 40 возила. Сопствениците на …

Во Центар се отстрануваат хаварисани возила Read More »

Во Општина Илинден ќе се гради полициска станица


Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски се сретна со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На средбата, како што информира Општина Илинден, се разговараше за актуелни теми во однос на функционирањето и работењето на Општина Илинден со посебен акцент на состојбата со безбедноста во сообраќајот и потребата од поголема застапеност на припадниците на Министерството за …

Во Општина Илинден ќе се гради полициска станица Read More »

АфД ќе ги исклучи нејзините членови поврзани со екстремистичка група


 Раководството на Алтернатива за Германија (АфД) – германската крајнодесничарска партија, која е втора според анкетите, ќе се состане денеска за да започне процедура за протерување на членовите поврзани со екстремистичка група, соопшти АфД. Текстот се однесува на „членовите погодени од мерките на јавниот обвинител“, потврдувајќи ја врската меѓу партијата и осумтемина осомничени уапсени во голема …

АфД ќе ги исклучи нејзините членови поврзани со екстремистичка група Read More »

Македонски државјанин избодел жена до смрт во Германија пред трите мали деца


30-годишна жена била убиена во Дортмунд, Германија. Насилникот кој бил од Македонија ја избодел со месарски нож и тоа пред трите малолетни деца, соопштува Билд. Жената сакала да се раздели од насилниот сопруг, и да почне нов живот. После настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот. Малите деца го пријавиле случајот кај …

Македонски државјанин избодел жена до смрт во Германија пред трите мали деца Read More »

Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите


Најмалку 89 лица се уште се водат како исчезнати по смртоносните поплави што го погодија југоисточниот дел на Шпанија. Како што соопштија од регионалната судска власт во Валенсија, во бројката се вклучени само оние чие исчезнување го пријавиле членовите на семејството. Семејствата дадоа лични податоци и биолошки примероци за да се овозможи идентификација на исчезнатите. …

Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите Read More »

Филков: Ефикасниот правосуден систем е клучен фактор за владеењето на правото


Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија. Филков истакна дека ефикасниот правосуден систем е клучен за владеењето на правото и за борба против криминалот …

Филков: Ефикасниот правосуден систем е клучен фактор за владеењето на правото Read More »

Двојна придобивка: Електричните автомобили да складираат енергија


Тие би можеле да донесат огромни заштеди на енергија во Европа. Електричните автомобили опремени со двонасочен систем за полнење можат да функционираат како мобилни батерии кои се полнат кога има вишок капацитет во мрежата и ја враќаат енергијата кога побарувачката е голема. Сепак, за ова да стане реалност, ЕУ мора да работи на стандардизација, што …

Двојна придобивка: Електричните автомобили да складираат енергија Read More »

Гори Безистенот во Струга (видео)


Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро. На терен се четири возила на Територијалната против пожарна единица Струга со десетина пожарникари. Според првичните информации од терен, се работи за голем пожар. Причините не се познати.