Квантас тргнува на најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј


Австралиската авиокомпанија „Квантас“ денеска тргнува на најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј. Четириесет патници и членови на екипажот, претежно вработени во „Квантас“, денеска ќе влезат во авионот Боинг 787-9 во Њујорк, а поради 15-часовната временска разлика, авионот треба да слета во Сиднеј во недела наутро. Авионот и неговите патници ќе бидат подложени на тест …

Квантас тргнува на најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј Read More »

Пендаровски: Не е време за апатија, во Европа имаме пријатели


Време е да се обединиме и јасно да ја потврдиме нашата европска ориентација. Ние во Европа немаме непријатели, но мораме да ги продолжиме и да ги интензивираме реформите во државата, рече во денешното излагање претседателот Стево Пендаровски. – Не е време за поделби и апатија, ниту пак за негативни чувства кон одредени земји, потребно е …

Пендаровски: Не е време за апатија, во Европа имаме пријатели Read More »

Хан: Одговорноста за недобивање датум е кај ЕУ, не во Северна Македонија и Албанија


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посочи на Твитер дека одговорноста за поразот околу отпочнувањето преговори е кај Европската Унија. -Одговорноста за поразот не е кај земјите (Албанија и Северна Македонија, нз) кои со право се надеваа на позитивна одлука. Тие испорачаа. ЕУ е одговорна што не успеа да исполни ветувања поради внатрешни проблеми. Ова му …

Хан: Одговорноста за недобивање датум е кај ЕУ, не во Северна Македонија и Албанија Read More »

Македонски ден вчера на Саемот на книгата во Франкфурт


На нашиот штанд на Саемот на книгата во Франкфурт вчера беше организиран македонски ден. Како што денеска соопшти организаторот на претставувањето  – Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), на штандот биле промовирани домашни и странски автори, гостувале претставници на  раководствата на саемите на книга во Франкфурт и Лајпциг, со кои средби имал и министерот за култура …

Македонски ден вчера на Саемот на книгата во Франкфурт Read More »

Османи: Ние сме дел од Европа и ќе продолжиме на тој пат


Ние сме дел од Европа и денешната неправда не смее да нѐ оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементацијата на реформите, изградбата на добрососедските односи и негувањето на соживотот и мултикултурното општество, односно едноставно, да продолжиме во изградбата на европска Република Северна Македонија, објави денеска на Фејсбук вицепремиерот задолжен за европски прашање Бујар Османи. …

Османи: Ние сме дел од Европа и ќе продолжиме на тој пат Read More »

ЕУ најверојатно ќе се наврати на проширувањето во декември


И покрај обидите на некои земји членки да го вратат проширувањето и преговорите со Северна Македонија и Албанија на дневен ред на Самитот на ЕУ денеска, според дипломатите во Брисел шансите се речиси непостоечки, јавува дописничката на МИА. По вчерашниот неуспех на Европската Унија да се усогласи по ова прашање, нема политичка волја да се …

ЕУ најверојатно ќе се наврати на проширувањето во декември Read More »

Ципрас: Европските вредности понекогаш се посилни на Балканот отколку во Брисел


Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз за европска структура, jави дописничката на МИА од Атина. -Одлуката на Европскиот совет да отфрли …

Ципрас: Европските вредности понекогаш се посилни на Балканот отколку во Брисел Read More »

Претседателот Пендаровски ќе се обрати до јавноста


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во 14:00 часот ќе има обраќање до јавноста. Обраќањето следува по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел на кој се решава за пристапните преговори со Северна Македонија. Како што соопштија од неговиот кабинет, обраќањето ќе биде емитувано во живо на Националната радио телевизија, на македонски јазик …

Претседателот Пендаровски ќе се обрати до јавноста Read More »

Судењето за „Траекторија“ продолжува на 13 ноември


Судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија“ продолжува на 13 ноември. Случајот го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. На денешното рочиште беше сослушано вешто лице, кое што одговараше на прашања на одбраната за неговото вештачење изработено 2016 …

Судењето за „Траекторија“ продолжува на 13 ноември Read More »

Дескоска најави измени на Кривичниот законик за кривични дела поврзани со тортура


Министерката за правда Рената Дескоска се обрати на меѓународната конференција посветена на справувањето со несоодветното постапување на полицијата содржани во пресудите на Европскиот суд за човекови права и при тоа најави измени на Кривичниот законик за кривични дела поврзани со тортура. Како што соопшти Министерството за правда, во обраќањето Дескоска истакна дека и нашата држава …

Дескоска најави измени на Кривичниот законик за кривични дела поврзани со тортура Read More »

Прва конвенција за вселенската индустрија во регионот на ЈИЕ во Скопје


Скопје од денеска до 23 октомври 2019, ќе биде домаќин на првата Конвенција за вселенска индустрија во регионот на Југоисточна Европа, на која учествуваат компании од Западна Европа, САД и Азија. Настанот е во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, во соработка со партнери од некои од најголемите вселенски агенции, како што е Брус Питман, главен …

Прва конвенција за вселенската индустрија во регионот на ЈИЕ во Скопје Read More »

Хан: Ризик од дестабилизација на Балканот по неспособноста на ЕУ да отвори преговори


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се огласи на Твитер по вчерашниот неуспех на лидерите на ЕУ да донесат јасна и суштинска одлука, како што ветија во јуни, за стартот на преговори со Македонија и Албанија. – ЕУ лидерите не успеаја да ги исполнат своите заложби за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија …

Хан: Ризик од дестабилизација на Балканот по неспособноста на ЕУ да отвори преговори Read More »

Несторовска: Модерено ропство, се повеќе деца сексуално се експлоатирани


Минатата и оваа година во Република Северна Македониа девет деца биле жртви на трговија со луѓе, односно биле сексуално експлоатирани и принудувани на бракови. Полицијата поднела девет кривични пријави против 23 лица, а прворијавениот добил и казна затвор од 17 години додека второ и третообвинетите по 14 години затворска казна. Ова денеска беше истакнато на …

Несторовска: Модерено ропство, се повеќе деца сексуално се експлоатирани Read More »

Генерален штрајк во Каталонија


Во Каталонија денеска е прогласен генерален штрајк: затворени се неколку транспортни артерии во оваа шпанска автономна област, аеродромот во Барселона откажа повеќе од 50 летови, а јавниот транспорт се одвива со зголемени интервали, јавија агенциите. Штрајкот го организираат двата најголеми регионални синдиката – CSC и Алтернатива за Каталонија, а е во врска со изрекувањето на …

Генерален штрајк во Каталонија Read More »

Пуџдемон им се предаде на белгиските власти, одбива екстрадиција


Поранешниот лидер на Каталонија, Карлос Пуџдемон им се предаде на белгиските правосудни органи, откако Шпанија издаде нов налог за негово апсење, а после изрекување на казната за неговите колеги, кои исто така се залагаа за независност на Каталонија. Пуџдемон, придружуван од неговите адвокати, доброволно се појавил пред белгиските власти, соопшти неговата канцеларија. Се додава и …

Пуџдемон им се предаде на белгиските власти, одбива екстрадиција Read More »

Димитров: Заслужуваме ЕУ да биде директна со нас


Најмалку што Еропската унија му должи на регионот е да биде директна со нас. Ако повеќе не постои консензус за европската иднина за Западен Балкан, ако ветувањето дадено во Солун 2003 веќе не важи тогаш граѓаните заслужуваат да знаат, напиша премиерот Никола Димитров на својот твитер акаунт откако Самитот на лидерите на ЕУ не успеа …

Димитров: Заслужуваме ЕУ да биде директна со нас Read More »

Британскиот парламент бара анализа на договорот за Брегзит


Комисијата за финансии при британскиот Парламент побара од Министерството за финансии да состави нова прогноза на трошоците за излез од ЕУ според новиот договор со Брисел. Комисијата смета дека тоа е неопходно пред утрешното гласање за документот во законодавниот дом на Британија. – Неприфатливо е што Комисијата не ја добила оваа информација од Министерството за …

Британскиот парламент бара анализа на договорот за Брегзит Read More »

Бирлајн разочарана од дебатата за проширување на ЕУ


Австриската канцеларка Бригите Бирлајн е разочарана што на Самитот на ЕУ не е донесена одлука за почеток на пристапните преговори на Албанија и Северна Македонија, истакнувајќи дека тоа не е добар знак за солидарноста во Унијата, ниту за безбедноста во регионот. -Тоа е за жалење. Австрија и другите земји се залагаа за почеток на пристапните …

Бирлајн разочарана од дебатата за проширување на ЕУ Read More »

Курти: Не е потребна трета светска војна за обединување на Албанија и Косово


Победникот на предвремените парламентарни избори во Косово, одржани на шести октомври, Албин Курти, во емисијата „Real Story” на тиранската телевизија „Њуз 24“ зборувајќи за идеајата за национално обеднување објавена од Движењето „Самоопределување“, чиј лидер е, изјави дека Албанија и Косово нема да предизвикаат Трета светска војна за да се обединат. Курти истакна дека обеднувањето ќе …

Курти: Не е потребна трета светска војна за обединување на Албанија и Косово Read More »