Нетанјаху можеби го прифати планот на Трамп, но Хамас не го положува оружјето


Палестинската група Хамас изјави дека сè уште не добила официјална, писмена верзија од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа. Високиот претставник на Хамас, Махмуд Мардави, нагласи дека групата останува отворена за разгледување на секоја иницијатива што би можела да стави крај на војната, но предупреди дека положувањето на оружјето е нивна „црвена …

Нетанјаху можеби го прифати планот на Трамп, но Хамас не го положува оружјето Read More »

Здравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат


Лабораторијата при јавната здравствена установа Здравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат од најнова генерација. Апаратот, како што соопшти ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат пациентите. – Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за …

Здравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат Read More »

Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение


Во текот на изминатите недели, во мојата програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставив проектите и визијата што го враќаат нашиот град на патот на вистинскиот урбан развој. Еден од клучните проекти е враќањето и модернизацијата на БРТ системот брз, ефикасен и одржлив јавен превоз, којшто Скопје одамна го заслужува, се наведува во …

Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение Read More »

До 30 октомври рок за продолжување на правото на студентска стипендија


Министерството за образование и наука ги известува сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за негово продолжување, дека рокот за аплицирање почнува од утре, 1 октомври, и трае до 30 октомври 2025. -Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда …

До 30 октомври рок за продолжување на правото на студентска стипендија Read More »

Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство – дивоградба во Струга доби нов кат


Пратеничката и кандидатка за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, поднела ургенција за итно постапување до Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Струга и овластениот градежен инспектор во општината, поради надградба на објект во центарот на градот за кој претходно биле констатирани неправилности во градењето. „И покрај констатирани неправилности во градењето – …

Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство – дивоградба во Струга доби нов кат Read More »

Нетанјаху на состанокот со Трамп му се извини на Катар поради нападот врз Хамас во Доха


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го искористи денешниот состанок со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа за да упати официјално извинување до Катар поради неодамнешниот воздушен напад врз претставници на палестинскиот Хамас во Доха, кој предизвика гнев кај арапските лидери и ретка критика на Вашингтон кон Израел. По средбата со Трамп, на која разговараа …

Нетанјаху на состанокот со Трамп му се извини на Катар поради нападот врз Хамас во Доха Read More »

Александар Трајановски ги поздрави уличните кучиња во Аеродром


Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, денеска се пошета покрај преполни контејнери, а ги поздрави и бездомните кучиња, кои во општината ги има во голем број и вети дека Аеродорм не заслужува да изгледа така.    – Денес, со генералниот секретар Саша Димитријевиќ прошетавме низ Аеродром и наидовме на разочарувачка слика во …

Александар Трајановски ги поздрави уличните кучиња во Аеродром Read More »

Нетанјаху го прифати планот на Трамп


Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел, го прифатил планот на претседателот на САД Доналд Трамп, за завршување на војната во Газа, а во обраќањето до јавноста велат дека: „Ова е еден од најголемите денови во историјата на човечката цивилизација“. Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа. По повеќе од …

Нетанјаху го прифати планот на Трамп Read More »

Украинскиот новинар Максим Буткевич ја доби наградата за човекови права „Вацлав Хавел“


Советот на Европа му ја додели престижната награда за човекови права „Вацлав Хавел“ на украинскиот новинар и активист Максим Буткевич, објави во понеделник германската новинска агенција ДПА. „Се осмелувам да кажам дека учествувам на оваа церемонија и ја прифаќам оваа почесна награда не само во мое име, туку и во име на украинските воени затвореници …

Украинскиот новинар Максим Буткевич ја доби наградата за човекови права „Вацлав Хавел“ Read More »

Србија уапси 11 лица поради поставување свински глави пред џамии во Франција


Српската полиција уапси 11 лица осомничени за поставување свински глави во близина на џамии и напаѓање еврејски места во и околу Париз овој месец по наредба на странски разузнавачки служби, соопшти Министерството за внатрешни работи во понеделник. Покрај поставувањето свински глави во близина на најмалку девет џамии, осомничените беа уапсени и за фрлање зелена боја …

Србија уапси 11 лица поради поставување свински глави пред џамии во Франција Read More »

Атаман со проблеми на стартот од Евролигата


Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман се соочува со сериозен проблем пред почетокот на годинашново издание на Евролигата. Сезоната стартува утре (30.септември), а токму тимот на Атаман е еден од фаворитите за освојување на шампионскиот пехар.  Во првото коло Панатинаикос го пречекува тимот на Баерн. Тимот од Атина беше активен во летниот период и донесе неколку …

Атаман со проблеми на стартот од Евролигата Read More »

Шекеринска: БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици


Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, за време на Сараевската безбедносна конференција предупреди дека Босна и Херцеговина (БиХ) се соочува со сериозни безбедносни предизвици. – Сведоци сме на пораст на опасна реторика и политички конфликти. Постојат постојани закани со сецесија, запаливи акции и обиди да се поткопа уставниот поредок и владеењето на правото, …

Шекеринска: БиХ се соочува со сериозни безбедносни предизвици Read More »

Поради невреме на истокот на Шпанија откажани летови и прекината настава во училиштата


Невреме со обилни врнежи што го зафати истокот на Шпанија предизвика откажување на летови и прекин на наставата во училиштата, што е најизразено во областа Валенсија. Во оваа област во сила е портокалово предупредување поради екстремен временски ризик, со врнежи кои достигнуваат и до 180 литри на квадратен метар за дванаесет часа, пренесе Ефе. Според …

Поради невреме на истокот на Шпанија откажани летови и прекината настава во училиштата Read More »

Огромна аномалија во сигналите за гравитационо поле на Земјата


Во 2007 година, нешто необично се случи над источниот Атлантски Океан. Според сателитите што ја следат Земјата, во гравитационото поле на нашата планета се појави аномалија со континентални пропорции, која подоцна се врати во нормала, пишува Science Alert. Овој необичен настан, незабележлив за луѓето на површината, беше откриен неодамна во податоците собрани од сателитите за …

Огромна аномалија во сигналите за гравитационо поле на Земјата Read More »

Највено заладување – зимата стигна во Италија, снег на превоите


Студен бран пристигнува на Балканот, што веројатно ќе ја зафати и Македонија од четврток. Но, во Италија, зимата пристигна порано од очекуваното. Во текот на изминатата недела, температурите нагло паднаа низ Европските Алпи, а снегот ги покри скијачките центри над 2.000 метри надморска височина во Франција, Швајцарија и Италија. Влошувањето продолжи и во текот на викендот, …

Највено заладување – зимата стигна во Италија, снег на превоите Read More »

Одложен натпревар во Примера поради лошо време


Натпреварот од седмото коло од шпанската Примера е одложен. Причината се лошите временски услови, а дуелот меѓу Валенсија и Овиедо е преместен за утре. Дуелот требаше да се игра вечерва со почеток во 21 часот на стадионот „Местаља“, а новиот термин е утре во 20 часот. Информацијата ја објави клубот домаќин на своите социјални мрежи. …

Одложен натпревар во Примера поради лошо време Read More »

Путин ја повлекува Русија од Европската конвенција против тортура


Претседателот на Русија,  Владимир Путин денес потпиша закон со кој се оддалечува од Европската конвенција за спречување на тортура, според веб-страницата на владата. Рускиот парламент претходно гласаше за повлекување од договорот што Москва го ратификуваше во 1998 година. Русија тврди дека е исклучена од мониторинг комитетот Според законот усвоен од парламентот, повлекувањето на Русија од …

Путин ја повлекува Русија од Европската конвенција против тортура Read More »

Димитриевски со ЗНАМ ветува развиени, модерни и самоодржливи општини


Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе биде голем победник на овие локални избори и во Куманово, и во Центар, и во сите 53 општини и Градот Скопје каде што имаме кандидирано советнички листи, порача лидерот на партијата, Максим Димитриевски, на денешната прес конференција, на почетокот на изборната кампања, со која ја бара довербата од …

Димитриевски со ЗНАМ ветува развиени, модерни и самоодржливи општини Read More »

Унгарија блокира пристап до 12 украински веб-страници


Унгарија денеска соопшти дека го блокира пристапот до 12 украински новински веб-страници по сличен потег на Киев. Претходно овој месец, Украина блокираше разни веб-страници што безбедносните служби ги оценија како проруски. Меѓу нив имаше осум портали на унгарски јазик, вклучувајќи го и популарниот провладин сајт origo.hu. -Суверена држава мора да даде пропорционален одговор на целосно …

Унгарија блокира пристап до 12 украински веб-страници Read More »