Писмо за поддршка на проф. д-р Кузмановски од колегите од Клиниката за неврологија


Колегите од Клиниката за неврологија преку писмо изразуваат поддршка на проф. д-р Игор Кузмановски како одговор на неодамна објавениот компромитирачки материал со кој се дискредитира неговата личност и апелираат како што посочуваат, за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и …

Писмо за поддршка на проф. д-р Кузмановски од колегите од Клиниката за неврологија Read More »

Политичката криза во Франција го ослабува еврото, доларот зајакнува


На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми минатата недела, најмногу во однос на јапонскиот јен, додека еврото ослабе поради продлабочувањето на политичката криза во Франција. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, се зголеми за 1,2 проценти минатата недела, …

Политичката криза во Франција го ослабува еврото, доларот зајакнува Read More »

Големи инвестиции и поддршка за спортските клубови најавува Трајановски


Спортот отсекогаш бил важен дел од животот во нашата општина. Тој нè учи на дисциплина, фер-плеј и заедништво, а како голема гордост на Аеродром, канидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Александар Трајановски го гледа кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје. „Овој клуб е симбол на посветеност, успех и упорност, и претставува нешто повеќе од спорт, тој …

Големи инвестиции и поддршка за спортските клубови најавува Трајановски Read More »

Герасимовски: Уште првата година ќе ги почнеме капиталните проекти


Два базени, нови училници, реконструкција на спортски сали, внатрешни и надворешни терени, планира да почне кандидатот и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во првата година од новиот мандат. „Во изминатите четири години реализиравме 13 милиони евра капитални проекти, со сопствени средства на граѓаните, инвестирани во нови градинки, проширување на капацитети на училиштата, ново …

Герасимовски: Уште првата година ќе ги почнеме капиталните проекти Read More »

Зеленски бара акција против „воздушниот терор“ на Москва по над 4.000 напади за една недела


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе од 4.000 руски воздушни напади. „Москва си дозволува да ги ескалира своите напади, отворено искористувајќи го фактот што светот е фокусиран на обезбедување мир на Блискиот Исток“, напиша Зеленски на социјалната платформа Икс. „Токму затоа …

Зеленски бара акција против „воздушниот терор“ на Москва по над 4.000 напади за една недела Read More »

Голема акција на полицијата – уапсени 12 дилери на дрога


На 11/12.10.2025  во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.И.(49), Ѓ.П.(30), Љ.Ш.(40), А.Х.(34), Е.Н.(40), С.Х.(23), М.К.П.(38), Н.М.(32), Г.П.(35), Џ.И.(30), сите од Скопје, П.М.(24) од с.Брњарци, скопско и К.С.(23) од Охрид, со престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, семки од …

Голема акција на полицијата – уапсени 12 дилери на дрога Read More »

Спасовски со демант: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани


Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска ги демантираше, како што вели, лагите изнесени на прес-конференција од страна на ВМРО-ДПМНЕ. „Најостро ги демантирам лагите и манипулациите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги пласира. Ги отфрлам како целосни невистини. Ова е класичен пример за очајна манипулација. Никогаш, ниту во еден момент, не сум се …

Спасовски со демант: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани Read More »

Сиљановска-Давкова во Италија: Ќе формира Совет за дијаспора


 Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да бидеме стандардна европска држава, во која младите ќе остануваат, со која иселениците ќе контактираат и ќе се враќаат, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во нејзиното обраќање на приемот, што по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, се одржа во Генералниот конзулат …

Сиљановска-Давкова во Италија: Ќе формира Совет за дијаспора Read More »

Почнува санацијата на запуштената спортска сала за студентите на УКИМ


Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје наскоро ќе може да ја користат спортската сала во склоп на кампусот, која со години стои запуштена, а чија реконструкција влезе во програмата за изградба и санација на спортската инфраструктура на Министерството за спорт. Инвестицијата за реализација на санацијата на овој објект се очекува да …

Почнува санацијата на запуштената спортска сала за студентите на УКИМ Read More »

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“


Слем-поетот Виктор Спасески од Прилеп е победник на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“, кое од 9 до 12 октомври по 15. пат се одржува во Прилеп. За првпат на финалната вечер имаше тројца пласирани со ист број поени, па слем-поетите мораа да настапат уште еднаш за жири-комисијата одново да гласа. Горазд Китановки – Кени …

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“ Read More »

Булдожерите на улиците ја враќаат надежта за Газа, но уништувањето има апокалиптични размери


Палестинците се враќаат во северна Газа откако беа протерани од израелските сили за време на двегодишниот геноцид, а тешката механизација веќе се гледа на улиците на Газа како ги расчистува урнатините. Работата може да трае со години. Тие се решени да го вратат она што останало од нивните домови, но многумина се враќаат во урнатините. …

Булдожерите на улиците ја враќаат надежта за Газа, но уништувањето има апокалиптични размери Read More »

Хамас: Нема да учествуваме во потпишувањето на мировниот договор во Египет


Палестинската исламистичка група Хамас соопшти дека нема да учествува во официјалното потпишување на договорот во Египет, чија цел е да се стави крај на војната во Газа. „Хамас нема да учествува во процесот на потпишување. Ќе присуствуваат само медијатори, заедно со американски и израелски претставници“, изјавија извори во организацијата. Покрај САД и Египет, Катар помогна …

Хамас: Нема да учествуваме во потпишувањето на мировниот договор во Египет Read More »

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација


Северна Кореја, според сателитски снимки, без претходно известување испуштила вода од брана северно од границата со Јужна Кореја, а поради зголемувањето на нивото на реката Имџин, населението доби предупредување за евакуација, соопштија денеска јужнокорејските власти. Во соопштението на јужнокорејското Министерство за клима, енергетика и животна средина се наведува дека сателитските снимки направени околу 23:00 часот …

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација Read More »

Герасимовски: Опожарените бараки кај „Партизан“ заминуваат во историја, го враќаме просторот во функција на граѓаните


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за целосно отстранување на опожарените бараки во кои беше сместен поранешниот Суд за прекршоци, кај салата „Партизан“ во Градски парк, Во рамки на акцијата се отстрануваат темелните бетонски плочи и армираните конструкции врз кои беа поставени бараките, како и отпадот што со години се таложел …

Герасимовски: Опожарените бараки кај „Партизан“ заминуваат во историја, го враќаме просторот во функција на граѓаните Read More »

Судирот на границата се претвори во војна: Убиени се 58 пакистански војници, Талибанците испраќаат тенкови 


Талибанските сили убија 58 пакистански војници и ранија дополнителни 30 во операции долж линијата Дуранд, според портпаролот на авганистанската влада Забихулах Муџахид, и зазедоа 25 пакистански позиции. Авганистанското Министерство за одбрана ги опиша операциите како одмазда за она што го нарече повторени нарушувања на авганистанскиот воздушен простор и територија, вклучително и воздушни напади врз Кабул …

Судирот на границата се претвори во војна: Убиени се 58 пакистански војници, Талибанците испраќаат тенкови  Read More »

Шукова: Фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка на најранливите граѓани на Скопје


Поставување нов систем на дневни центри и прифатилишта за жени жртви на насилство, нови сервиси за семејствата и парамедик служба која ќе им помогне на најранливите во нивните домови планира Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Во изјава за медиумите денеска таа кажа дека ќе биде основан …

Шукова: Фонд за лица во ризик за здравствена и социјална поддршка на најранливите граѓани на Скопје Read More »

Поради дефекти без вода делови од Центар и Ченто


Корисниците на дел од улицата „Алија Авдовиќ“ и улица „28“ бр.6 во Сингелиќ немаат вода поради уличен дефект на улицата „Алија Авдовиќ“, информира ЈП Водовод и канализација-Скопје. Без вода се и корисниците на дел од улиците „50-та Дивизија“ и „Јордан Мијалков“ во Центар поради дефект на приклучна цевка на ул.„50-та Дивизија“ . Како што соопшти …

Поради дефекти без вода делови од Центар и Ченто Read More »

Извор од Хамас вели дека групата се откажува од контрола над Газа


Извор од Хамас близок до преговарачкиот тим на палестинската милитантна група Хамас изјавил дека нема да учествува во управувањето со Газа по војната, неколку дена по стапувањето во сила на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. – За Хамас, управувањето со Појасот Газа е затворено прашање. Хамас воопшто нема да учествува во транзициската фаза, …

Извор од Хамас вели дека групата се откажува од контрола над Газа Read More »

Ливриниќ: Бутел заслужува и женски ракометен клуб


 Кандидатката за градоначалник на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ, присуствуваше на натпреварот од Првата ракометна лига помеѓу екипите на Алкалоид и Бутел, одигран во салата во Автокоманда, се наведува во соопштението. „Мојата ќерка Елена седум години активно играше ракомет за Металург и за македонската репрезентација. Во истата оваа сала безброј пати сум била како …

Ливриниќ: Бутел заслужува и женски ракометен клуб Read More »

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура


 Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем. Како што соопштија од УЈП, …

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура Read More »