Иконому: Се покажува дека е правилен изборот да не брзаме со ратификација на меморандумите со Северна Македонија


Изборот да не брзаме со ратификација на меморандумите се покажува како правилен избор, бидејќи тие се механизам за контрола на правилното спроведување на Договорот од Преспа, изјави портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, на денешниот брифинг со новинарите, одговарајќи на новинарско прашање за последните случувања во земјава, но и за изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, …

Иконому: Се покажува дека е правилен изборот да не брзаме со ратификација на меморандумите со Северна Македонија Read More »

(Видео) Барселона на „Камп ноу“ го промовира новиот тренер Чави


Чави од денес и официјално е нов тренер на Барселона. Каталонскиот клуб одржа официјална презентација на својот поранешен играч, која се одржа на стадионот „Камп ноу“. Назначувањето на Чави на тренерската функција беше објавено на 6 ноември. Договорот е со важност до летото 2024 година. Тој на оваа функција го замени Холанѓанецот Роналд Куман. Предтходно, …

(Видео) Барселона на „Камп ноу“ го промовира новиот тренер Чави Read More »

Обама на КОП26: Не направивме доволно, да се обединиме за да одиме напред


Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е роден на Хаваи, на КОП26 во Глазгов зборуваше на панел посветен на отпорноста на островите, објави Би-Би-Си. Тој го започнува својот говор велејќи дека е „островско дете“ и рече дека е горд на работата што ја направил како претседател за островските држави „кои се најранливи на променливата клима. …

Обама на КОП26: Не направивме доволно, да се обединиме за да одиме напред Read More »

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји


Со воведување на новите мерки од саботата, за влез речиси секаде во Грција потребен е документ за Ковид-19 што се скенира преку специјална апликација, меѓутоа државјаните на трети земји, кои иако имаат валиден сертификат не можат да влезат затоа што грчката апликација за проверка не ги препознава овие сертификати, а според информациите на дописничката на …

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји Read More »

Ангелов очекува до февруари да профункционира бројот за итни повици 112


Унапредување на 45 лица во Центарот за управување со кризи (ЦУК), вработување на неопределено време на лицата кои се вработени на определено време, имплементација на единствениот европски број 112 и реформи во целиот систем на управување со кризи се дел од задачите кои треба да бидат реализирани во следниот период, информира на денешната прес-конференција директорот …

Ангелов очекува до февруари да профункционира бројот за итни повици 112 Read More »

Шилегов ѝ ја предаде должноста на Арсовска


Во просториите на Град Скопје, денеска се одржа примопредавањето на функцијата градоначалник каде досегашниот прв човек на градот Петре Шилегов ѝ ја предаде должноста на новата градоначалничка Данела Арсовска. Изјава по настанот даде само Шилегов, кој истакна дека ја запознал Арсовска со основните работи битни. – Јас очекувам дека бргу ќе се запознае со проблематиката …

Шилегов ѝ ја предаде должноста на Арсовска Read More »

(Во живо) Шекеринска и Брнз во Штип


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод започнувањето на обуката на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, армиската НАТО единица, со американски инструктори од 4-тата Бригада за поддршка на безбедносните сили во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Свое обраќање, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе има и амбасадорката …

(Во живо) Шекеринска и Брнз во Штип Read More »

Во Хрватска починаа уште 48 пациенти со ковид-19, 80 отсто не биле вакцинирани


Денеска во Хрватска регистрирани се 1.242 нови случаи, а тестирани се 3.703 лица. Уделот на заразени во тестирани опадна и изнесува 33,54 отсто. Истовремено починаа 46 лица, објави Националниот штаб. Вчера, во Хрватска имаше 4.159 новозаболени, а активни беа повеќе од 32.000. За само два дена во хрватска од последиците на корона вирусот починаа 100 …

Во Хрватска починаа уште 48 пациенти со ковид-19, 80 отсто не биле вакцинирани Read More »

Во Индија најмалку 89 луѓе, од кои 17 деца, позитивни на вирусот Зика


Најмалку 89 лица, меѓу кои 17 деца, се позитивни на вирусот Зика во индискиот град Канпур, соопшти денеска здравствениот оддел на тој град. За прв пат откриен во 1947 година, вирусот Зика кој го пренесуваат комарците, достигна епидемиски размери во Бразил во 2015 година, кога илјадници бебиња беа родени со микроцефалија, нарушување што предизвикува бебиња да се раѓаат со ненормално мали …

Во Индија најмалку 89 луѓе, од кои 17 деца, позитивни на вирусот Зика Read More »

Кирил Пецаков ја презеде должноста градоначалник на Охрид, конституиран и новиот состав на општинскиот совет


Со промопредавање на должноста Кирил Пецаков денеска и официјално ја презеде градоначалничката функција во Охрид. Пецаков на функцијата градоначалник доаѓа на местото на Константин Георгиески кој изминатите две и пол години управуваше со градот и кој му беше главен противкандидат на одржаните Локални избори. – Од првиот ден ќе работиме посветено на решавање на сите …

Кирил Пецаков ја презеде должноста градоначалник на Охрид, конституиран и новиот состав на општинскиот совет Read More »

Во Словенија позитивни се 43 отсто од тестираните


Во Словенија, денеска се регистрирани 1.282 нови случаи со корона вирус. Починаа уште 12 пациенти. Уделот на позитивни од тестирани е 43,3 отсто, пренесе Хина. Националниот институт за јавно здравје проценува дека во земјата во моментот, активни се повеќе од 36.600 случаи со корона вирус.

Крај на неработните денови во Русија


Русија од денеска, почна со нормален живот, по една недела неработни денови кои властите ги прогласија за да го сопрат ширењето на корона виурсот, иако во текот на тој период забележани беа нови високи бројки заболени и починати. Претседателот Владимир Путин прогласи седум неработни дена од 30 оклтомври до 7 ноември, за да се прекине …

Крај на неработните денови во Русија Read More »

Општина Карпош прогласена за најеколошка општина за 2020 година


Општина Карпош е победник на „Изборот за Најеколошка општина“ за 2020 година, преку конкурсот кој традиционално го распишуваат „Пакомак“ и „Балкан еко“ институт. Покрај Карпош како победничка општина, помеѓу трите најеко општини се најдоа и Општина Кочани и Општина Крива Паланка. Сите три општини ќе бидат наградени од страна на Пакомак и Шпаркасе Банка за …

Општина Карпош прогласена за најеколошка општина за 2020 година Read More »

Кривична пријава против три лица за набавка на медицински средства за Клиниката за токсикологија


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица, од кои првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје, второпријавениот – управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје и третопријавената – службено лице во Агенцијата за лекови и …

Кривична пријава против три лица за набавка на медицински средства за Клиниката за токсикологија Read More »

Тешка сообраќајка во Прилеп


Утрово, во 3.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од улиците „Александар Македонски“ и „Октомвриска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(26) од Прилеп и патничко возило „хјундаи акцент“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од Прилеп. -Во несреќата, со …

Тешка сообраќајка во Прилеп Read More »

Островот може да исчезне, а неговиот министер вака се обрати до ОН


Министерот за надоврешни работи на Тувалу одржа говор на климатската конференција на Обединетите нации во Глазгов стоејќи до колена во морската вода за да покаже дека неговата држава е на првата линија на климатските промени, пишува Си-ен-ен. Фотографиите од Симон Кофе во костум и врска какос тои на говорница поставена во морето. сп подвиткани ногавици, …

Островот може да исчезне, а неговиот министер вака се обрати до ОН Read More »

Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици, запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра


Триесет и осумгодишен државјанин на Република Албанија е приведен вчеравечер на локален пат во селото Оровник во општина Дебрца, со што е пресечен меѓународен канал за шверц на марихуана од Албанија во нашата држава, соопшти МВР. – На 7 ноември 2021 во 20 часот на локален пат во селото Оровник, општина Дебрца, од страна на …

Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици, запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра Read More »

Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар


Двајца мажи од Берово и Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во дневниот здравствен билтен. Се очекува во текот на денот раководството да информира во каква состојба биле донесени пациентите и кои компликации од коронавирусот предизвикале смрт кај пациентите на возраст од …

Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар Read More »

Без струја утре неколку населени места во околината на Скопје


Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без електрична енергија ќе останат делови од Скопје и неколку населени места во околината на градот. Во периодот од 08:30 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на дел од ул.1520 во населба Пинтија, од 08:45 до 10:00 часот, корисниците на дел од селата Горно, Средно и …

Без струја утре неколку населени места во околината на Скопје Read More »