Се состана Координативното тело на градоначалници на Град Скопје


Најмалку еднаш месечно, а по потреба и повеќе пати ќе се состанува Координативното тело на градоначалници на Град Скопје со цел да се изнајдат решенија за проблемите на граѓаните, најавува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Координативното тело денеска се состана, а на него десетте градоначалници на скопските општини и градоначалничката на Град Скопје разговараа за …

Се состана Координативното тело на градоначалници на Град Скопје Read More »

Реакција на „Шанса за Центар“ за почетокот на изградба на комплексот „Гранд“


Откако денеска започна изградбата на зградите во центарот на Скопје на паркингот кај „Холидеј ин“, од Шанса за Центар реагираат дека „кучињата лаат, ДУП-от си врви. ОЈО, Владата и општина Центар не преземаат ништо за сопирање на потенцијално нелегалната градба пред „Холидеј ин“. Потсетуваат дека справувањето со урбаниот хаос не е само изборен слоган, ниту …

Реакција на „Шанса за Центар“ за почетокот на изградба на комплексот „Гранд“ Read More »

Во Хрватска 73 починаа поради Ковид-19 за 24 часа


  Во последните 24 часа, во Хрватска забележани се 1.327 нови случаи со корона виурс, а бројот на активни изнесува 29.725. Од нив 2.583 пациенти се на болничко лекување, а 324 пациенти. Во последното деноноќие од последиците на Ковид-19 починале 73 пациенти. Досега во Хрватска заразени биле 570.380, а од Ковид-19 починаа 10.303.

КСС со писмо до пратениците бара правична распределба на буџетските средства во делот на платите


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара од пратениците во текот на расправата за Предлог-буџетот да интервенираат со цел да се овозможи правична распределба на буџетските средства во делот на платите. Од КСС бараат платите да се усогласуваат согласно Законот за минимална плата со цел да нема ситуација во која двајца вработени со различна сложеност на …

КСС со писмо до пратениците бара правична распределба на буџетските средства во делот на платите Read More »

„Младите размислуваат“ – нов петгодишен проект за медиумска писменост


Со новата концепција, медиумската писменост се изучува како посебна тема во наставните програми по мајчин јазик, македонски, албански, турски, српски и босански. Секогаш кога е можно наставникот исто така има обврска да ја интегрира медиумската писменост со останатите теми и подрачја со цел да им овозможи на учениците да ги поврзат знаењата од различните области …

„Младите размислуваат“ – нов петгодишен проект за медиумска писменост Read More »

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, цената на бензините иста


Од полноќ за денар и половина се намалува цената на дизелот, а за денар на Екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе биде 66,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 66 денари. …

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, цената на бензините иста Read More »

МОН: До 30 ноември повторно пријавување за субвенциониран студентски оброк


 Министерството за образование и наука (МОН) информира дека до 30 ноември повторно може да се аплицира за субвенциониран студентски оброк. Може  да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. …

МОН: До 30 ноември повторно пријавување за субвенциониран студентски оброк Read More »

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи


Државниот пазарен инспекторат досега има извршено 1.280 инспекциски надзори и вкупно се затворени 20 угостителски објекти, од моментот на носење на одлуката за задолжително поседување на сертификати во угостителските објекти, изјави на денеска на прес-конференција во Влада директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска. Затворањето, посочи Симеска-Димоска, е врз основа на тоа дека дел …

ДПИ извршил 1.290 надзори и затворил 20 угостителски објекти за непоседување сертификати или ковид протоколи Read More »

Патогените од вселенските патувања може да бидат опасни за Земјата


Трката во комерцијалните вселенски летови веќе оди напред и денес повеќе од 85 компании и организации бараат свој удел. Така, некои научници се загрижени и веруваат дека можеби се избрзува, пишува порталот „Сајенс алерт“. Пред вонземските патувања да станат секојдневие, светот мора да спроведе основни мерки за биобезбедност. Во спротивно, би можеле да почнеме да …

Патогените од вселенските патувања може да бидат опасни за Земјата Read More »

Нема значителен отпор кај наставниците за вакцинација


Состојбата со Ковид-19 во училиштата е апсолутно стабилна. Процентот на позитивни нови случаи на дневно ниво се движи помеѓу 0,01 и 0,03, а вкупниот број активни случаи е околу 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици  кои следат настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека поради стабилната ситуација …

Нема значителен отпор кај наставниците за вакцинација Read More »

Отворена сензорна соба во „Дане Крапчев“


Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски,  беше во посета на општинското основно училиште Дане Крапчев каде што присуствуваше на отворање на сензорна соба.   „Секое дете е важно, за таа цел денес имав посебна чест и задоволство да присуствувам на отворањето на сензорната соба во Основното училиште „Дане Крапчев“, која ја отвораме во рамки …

Отворена сензорна соба во „Дане Крапчев“ Read More »

Опожарено „ауди“ во Куманово


 Автомобил „ауди“ бил опожарен вчера во кумановската населба Карпош, соопштија денеска од СВР Куманово. – Вчера во 21: 45 часот било пријавено дека на улица „100“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на триесет и петгодишниот Д.М., соопштија од СВР Куманово. Екипа на територијалната противпожарна единица Куманово …

Опожарено „ауди“ во Куманово Read More »

Царовска: Значајно е во Собранието да се обезбеди соодветно мнозинство за да се задржи курсот на државата


Потпретседателката на СДСМ и министер за образование и наука Мила Царовска на новинарско прашање кој ќе биде нов претседател на партијата и дали очекува Алтернатива да влезе во владината коалиција, одговори дека ниту е нејзина надлежност ниту смета, рече, дека треба да се шпекулира. -Сите ние заеднички треба да ги следиме овие процеси затоа што …

Царовска: Значајно е во Собранието да се обезбеди соодветно мнозинство за да се задржи курсот на државата Read More »

Петковски: Бугарија игра крајно деструктивно таа делува како галениче во ЕУ


Бугарија игра крајно деструктивно и ја довeдува до прашање самата смисла на постоењето на ЕУ,делува како некое галениче во ЕУ, и мислам дека таа е и брука за Европската Унија, вели Тито Петковски, поранешен претседател на Собрание во „Студио 10“. Според него ЕУ има механизми да ги дисциплинира своите членови, а најдобар пример за тоа …

Петковски: Бугарија игра крајно деструктивно таа делува како галениче во ЕУ Read More »

Словенија неделава го очекува пикот – 50 отсто уделот на заболени од тестирани


Во Словенија бројот на пациенти кои се лекуваат во болница од Ковид-19 и понатаму се зголемува, иако бројот на новозаразени сепак успорува на неделно и дневно ниво, а во последните 24 часа потврдени се 1.389 нови случаи, а починаа 17 пациенти. Од 2.730 тестирани потврдени се 1.389 зарази, што е 50,9 отсто позитивни наоди меѓу …

Словенија неделава го очекува пикот – 50 отсто уделот на заболени од тестирани Read More »

И Русите направија лек против Ковид-19, тврдат дека е најефикасен


Руските научници тврдат дека направиле лек против ковид 19 на база на моноклонирани антитела и дека тој ќе биде најефикасното оружје на имунолошкиот систем против С-протеинот на коронавирусот. Лекот е создаден на Институтот за молекуларна биологија и имунологија во Москва. Водечкиот научник на тој институт Дмитриј Купраш вели дека препаратот е создаден во соработка со …

И Русите направија лек против Ковид-19, тврдат дека е најефикасен Read More »

Без вода дел од корисниците во Драчево и Долно Лисиче


Поради дефект на затворач ф-100 мм на ул.„Сердарот“ бб (под пругата), денеска прекинатото водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Сердарот“, „Киро Фетак 1“ и дел од Долно Лисиче, информираа од ЈП „Водовод и канализација“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:15 часот до завршување со санација на дефектот.

САД го предупреди Израел дека нападите врз иранската нуклеарна програма се непродуктивни


САД го предупредиле Израел дека нападите на иранската нуклеарна програма се непродуктивни и дека израелските акции му овозможиле на Техеран да ја подобри способноста за збогатување ураниум, јави денеска Њујорк Тајмс.   Израел, наводно, го отфрлил американскиот став, пренесува весникот. Официјални лица изјавија за Њујорк тајмс дека Иран ја зголемил и подобрил безбедноста во своите …

САД го предупреди Израел дека нападите врз иранската нуклеарна програма се непродуктивни Read More »

Маските N95 речиси 100% штитат од корона вирус, но и од аерозагадување, вели д-р Докиќ


Загадувањето во комбинација со Ковид-19 е удар кој може сериозно да се превенира со носењето маски, но и не кои било. Др Дејан Докиќ за емисијата „25 минути“ на ТВ24 објаснува во кои случаи маските не штитат. -Во однос на епидемијата со ковид 19 и мерките кои се превземени за заштита маските N95, вршат заштита …

Маските N95 речиси 100% штитат од корона вирус, но и од аерозагадување, вели д-р Докиќ Read More »

На 2 декември завршува тримесечниот карантин во најголемиот новозеландски град Оукленд


Нов Зеланд на почетокот на декември го завршува тримесечниот карантин на најголемиот град во државата Окленд и усвојува нова стратегија за борба против коронавирусот. Премиерката Џасинда Ардерн денеска изјави дека од 23.59 часот на 2 декември, Нов Зеланд ќе почне со примена на новите методи во борбата против Ковид-19 и ќе се обиде да го …

На 2 декември завршува тримесечниот карантин во најголемиот новозеландски град Оукленд Read More »