Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот нема пари


Нема договор помеѓу приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“ и Град Скопје поради немање средства за исплата. Директорот на претпријатието, Ленин Јовановски, најави дека тие линии кои не сообраќаа денеска нема да сообраќаат и утре, а за другите линии ќе се одлучи по средбата со превозниците. – Иако состанокот беше напорен и траеше толку долго …

Нема договор меѓу „Слобода превоз“ и Град Скопје, Градот нема пари Read More »

На 56 луѓе се искачи бројот на жртви во земјотресот во Индонезија


Бројот на загинати во земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Западна Јава во Индонезија се искачи на 56, изјави гувернерот на провинцијата Ридван Камил. Тој изјави дека спасувачите се обидуваат да стигнат до областите блокирани од лизгање на земјиштето. Локалните власти од Чианџур, град во Западна Јава, изјавија …

На 56 луѓе се искачи бројот на жртви во земјотресот во Индонезија Read More »

Вежби на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид


Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска на стрелиштето „Бејбубар“ во Охрид ќе имаат боево гаѓање. Единицата, како што оопшти СВР Охрид, утре ќе реализира тактичко – показна вежба кај комплексот „Инекс“. В четврток и петок единицата „Тигар“, ќе ги спроведе завршните плански активности кај каналот „Студенчишта“. – Се …

Вежби на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ во Охрид Read More »

Собранието со консензус ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик


Собранието во рамки на продолжението на 51. седница денеска со 85 гласа „за“ ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик. Главните интервенции со овој закон се во однос на имплементација на Истанбулската конвенција, во кривичните дела кои се поврзани со безбедноста на новинарите, менување на одредени одредби од Кривичниот законик во сферата на конфискацијата …

Собранието со консензус ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик Read More »

Нов ехо апарат на Одделот за педијатрија во битолската болница, донација од Јапонската амбасада


Одделот за педијатрија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола денеска доби ехо апарат, донација од Јапонската амбасада, во вкупен износ од 52.779 евра. Јапонскиот амбасадор Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во битолската болница. Церемонијата, како што соопшти Јапонската Амбасада, беше организирана од страна на градоначалникот на Битола Тони …

Нов ехо апарат на Одделот за педијатрија во битолската болница, донација од Јапонската амбасада Read More »

Без вода делови од Ченто


Прекинато водоснабдување денеска од 12:45 часот имаат корисниците од улицата „Христофор Жефаровиќ“ во населбата Ченто, соопшти ЈП „Водовод и канализација“- Скопје. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што информираат од претпријатието, е дефект на затворач на улица „Христофор Жефаровиќ“ број 7 и ќе трае до завршување со санација на дефектот.

СП2022: Европските репрезентации се откажаа од капитенски ленти во бои на виножито


Англија, Велс и уште пет други европски репрезентации нема да носат капитенски ленти во боите на виножито на натпреварите на Мундијалот во Катар, откако ФИФА се закани дека таквото кршење на правилата ќе се санкционира со жолти картони за играчите. Капитените на седум репрезентации планираа да носат ленти во бои на виножито за да ја промовираат различноста и инклузивноста …

СП2022: Европските репрезентации се откажаа од капитенски ленти во бои на виножито Read More »

Бранителот на обвинетиот Ѓоргиевски побара ослободителна пресуда за случајот со убиството на ракометарот Тот


 Доказите на Обвинителството се во прилог на одбраната, изјави адвокатот Иле Танев, бранител на обвинетиот Анџело Ѓоргиевски, во денешните завршни зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Според него, во овој случај не постои кривично дело „убиство“. – Дилемата која се наметнува во Судот и во јавноста, а е поврзана со кривичното …

Бранителот на обвинетиот Ѓоргиевски побара ослободителна пресуда за случајот со убиството на ракометарот Тот Read More »

Обвинителката Трајчевска побара осудителна пресуда за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот


 Имајќи предвид дека откако оштетениот паднал на асфалтот истиот бил удиран од страна на обвинетите, додека беспомошно лежел, зборува дека обвинетите имале умисла за извршување на кривичното дело и дека биле свесни дека може да настане штетна последица, посочи обвинителката Тања Трајчевска во завршните зборови за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој …

Обвинителката Трајчевска побара осудителна пресуда за случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот Read More »

Мерка куќен притвор за жител на Дреново осомничен за обид за силување


 Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донел Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. Како што информираат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, на 18 ноември, со употреба на …

Мерка куќен притвор за жител на Дреново осомничен за обид за силување Read More »

Владата ќе помогне големите проекти на Град Скопје да се завршат


Kклучката на Момин поток – огромен проект кој е во застој, патот до Визбегово исклучително важна сообраќајница што треба да ја поврзи индустриската зона Визбегово, но и Чучер Сандево, подвозниот под зградите на „Лимак“  кој е скоро готов, а обврска на Градот Скопје е да ги направи кружните текови кај Нова Македонија, Владата ќе помогне …

Владата ќе помогне големите проекти на Град Скопје да се завршат Read More »

„Студентски отпор“ барат зголемување на средствата за студентите во Предлог-буџетот за 2023


„Студентски отпор“ упатува апел до сите пратенички групи во Собранието денеска како последен ден од рокот за поднесување на амандмани на Буџетот за 2023 година да се излезе во пресрет на студентите и да се зголемат средствата што ги предвиделе од Министерството за образование и наука (МОН). – Имено во предлог-буџетот за 2023 година, забележуваме …

„Студентски отпор“ барат зголемување на средствата за студентите во Предлог-буџетот за 2023 Read More »

Повторно одложен изборот на шефови на вишите јавни обвинителства во Скопје и Гостивар


  Советот за јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска поради немање кворум за избор на нови шефови на две виши и пет основни јавни обвинителства именуваше вршители на должноста до создавање на услови за избор. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека поради отсуство Љубомир …

Повторно одложен изборот на шефови на вишите јавни обвинителства во Скопје и Гостивар Read More »

Завршни зборови на судењето за убиството на Тот


Во Основниот кривичен суд – Скопје со завршни зборови денеска продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во скопскиот Градски парк. На минатото рочиште сведочеа обвинетите, кои што на почетокот на процесот изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото кое што им се става на …

Завршни зборови на судењето за убиството на Тот Read More »

Управниот одбор на ЈСП СКОПЈЕ со тужба против В.Д. Директорот на ЈСП Скопје


Дел од членовите на Управниот одбор на ЈСП Скопје поднесоа тужба до Основниот граѓански суд Скопје против В.Д. Директорот на ЈСП Скопје Александар Стојковски и Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за јавно изречена навреда и клевета.  На 20.10.2022 год. по налог на В.Д. Директорот на ЈСП на официјалната веб страна и на фејсбук страната на ЈСП …

Управниот одбор на ЈСП СКОПЈЕ со тужба против В.Д. Директорот на ЈСП Скопје Read More »

Во тек средба меѓу претставници на „Слобода превоз“ и Град Скопје


Во тек е средбата меѓу претставници на приватниот превозник „Слобода превоз“ и претставници на Град Скопје. Приватните автобуси на „Слобода превоз“ на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 денеска не возат поради немање пари за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не им го исплатил долгот. – Со крајни напори ќе се …

Во тек средба меѓу претставници на „Слобода превоз“ и Град Скопје Read More »

Сообраќаен метеж низ Скопје, приватните автобуси не возат, а раскопани се главни сообраќајници


  Сообраќаен метеж утринава има на повеќе сообраќајници низ Скопје. Приватните автобуси на „Слобода превоз“ не возат, а дополнително гужва прават почнатите реконструкции на неколку главни сообраќајници низ градот, поради што сообраќајот се одвива по една или две ленти. Жителите на главниот град не можеа да стигнат на своите работни места за еден час. Автобусите …

Сообраќаен метеж низ Скопје, приватните автобуси не возат, а раскопани се главни сообраќајници Read More »

Дваесетина мртви и над 300 повредени по земјотресот во Индонезија


  Речиси 20 луѓе загинаа и најмалку 300 се повредени во земјотресот со магнитуда од 5,6 степени што ја погоди индонезиската покраина Западна Јава, соопшти локален офицер. Херман Сухерман, владин функционер од Цијанјура, град во Западна Јава каде беше епицентарот на земјотресот, рече дека загинале до 20 луѓе во тој регион. „Според информациите кои ги …

Дваесетина мртви и над 300 повредени по земјотресот во Индонезија Read More »

Жена од Тетово скрши нога и повреди рака бегајќи од улични кучиња


Со скршеница на десната нога и повредена рака заврши 40 – годишна жена во обидот да избегне напад од бездомни кучиња вчера во Тетово. Непријатниот настан се случил во неделата околу 23 часот на булеварот „Маршал Тито“ кај зелениот пазар. -Се движев од дома кај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа …

Жена од Тетово скрши нога и повреди рака бегајќи од улични кучиња Read More »

Делови од Ѓорче денеска пет часа без струја, дел од Аеродром два часа


Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 21.11.2022 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 9 до 15 часот, дел од корисниците од ул. „Виа Игнатиа“. ( општина Ѓорче Петров ) – во периодот од 10 до 12 часот, дел од корисниците од ул. „Благој Мучето“. ( …

Делови од Ѓорче денеска пет часа без струја, дел од Аеродром два часа Read More »