Магла на неколку патни правци


Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50 метри вечерва има на патниот правец Скопје – Желино – Тетово – Гостивар, до 100 метри на патот Македонски Брод – Кичево и од 50 до 100м. на патниот правец Неготино – Демир Капија, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските …

Магла на неколку патни правци Read More »

Приватно било земјиштето кај провалијата на кејот на Вардар


Провалијата на кејот на Вардар во Аеродром, за која укажа вчера дирекотор на ЦУК, Стојанче Ангелов, била во приватна сопственост. Имено, таму почнал ископ за да се гради објект, за кој одобрение издала Општина Аеродром. Но, по прекин на работите, земјиштето останува небезбедно, а затревено. „Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиено известување …

Приватно било земјиштето кај провалијата на кејот на Вардар Read More »

Чавушоглу: Шведска не е ниту на половина пат да ги исполни условите за поддршка на Анкара за влез во НАТО


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека земјата ги поздравува чекорите што ги презема Шведска за добивање одобрение за влез во НАТО, но дека не е ниту на „половина“ од исполнувањето на списокот со обврски што ги презеде за да ја обезбеди поддршката на Анкара. Чавушоглу на конференцијата со неговиот шведски колега …

Чавушоглу: Шведска не е ниту на половина пат да ги исполни условите за поддршка на Анкара за влез во НАТО Read More »

Турција: Забраната за пристап на жените до високото образование во Авганистан не е ниту исламска ниту хумана


Турција ја отфрла и е „тажна“ поради новата забрана на талибанската влада во Авганистан, според која жените во земјата немаат право да студираат на универзитетите, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. – Оваа забрана не е ниту исламска ниту хумана. Ние ја отфрламе таквата забрана, рече Чавушоглу на прес-конференцијата со неговиот јеменски …

Турција: Забраната за пристап на жените до високото образование во Авганистан не е ниту исламска ниту хумана Read More »

Од Нова година поевтинуваат вињетките и патарините во Бугарија


Од 1 јануари 2023 година вињетките и патарините во Бугарија поевтинуваат за 10 отсто. Сите видови електронски вињетки за патни возила со вкупна максимална маса до или еднаква на 3,5 тони поевтинуваат за речиси 10%. Така, годишната вињетка ќе чини 87 лева (43 евра), тримесечната ќе биде 48 лева (24е), за еден месец ќе биде …

Од Нова година поевтинуваат вињетките и патарините во Бугарија Read More »

Ахмети: Измената на Уставот ни го отвора патот за влез во ЕУ


Измената на Уставот ни го отвора патот за влез во Европската Унија. Затоа, ова е момент на меѓународно легитимирање на нацијата на нашите сограѓани Македонци. Во спротивно, да не се остава простор за сомнежи и толкувања зошто не е прифатено бугарското малцинство во уставните измени, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети …

Ахмети: Измената на Уставот ни го отвора патот за влез во ЕУ Read More »

Ни еден туроператор не побарал откажување на програмата за 2023 година поради лажните дојави за бомби


Нашата земја и покрај лажните дојави за бомби е безбедна дестинација и сите институции прават се за тоа да биде така. Нашите конзуларни претставништва насекаде низ светот треба да информираат дека сме сигурна дестинација не само за новогодишните празници, туку и за целата 2023 година, истакна денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на …

Ни еден туроператор не побарал откажување на програмата за 2023 година поради лажните дојави за бомби Read More »

Хорор во Гевгелија: Ја викнал на роденден, па ја тепал со боксови и ја силувал, па ѝ ја запалил облеката


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Осомничениот, на 19 декември, со употреба на сила и сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и …

Хорор во Гевгелија: Ја викнал на роденден, па ја тепал со боксови и ја силувал, па ѝ ја запалил облеката Read More »

Уште една дојава за поставени бомби во 13 училишта во Скопје


Попладнево, дојави за бомби стигнаа во некои училишта во Скопје. По пауза од три дена, дојава за бомба има во „Орце Николов“ и во „Владо Тасевски“. Веројатно и во другите средни училишта имаат примено вакви дојави, ако се знае дека последниот пат дојави имаше за 14 средни и две основни.  Полицијата е на терен, ги …

Уште една дојава за поставени бомби во 13 училишта во Скопје Read More »

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година , Скопје не привлекува туристи


Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година Градот Скопје не е доволно конкурентен со останатите метрополи и поголеми градови во регионот, оцени денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. -Во 2022 година недостасуваат организираните тури, но и поголема не само промоција на Скопје како главен град, …

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година , Скопје не привлекува туристи Read More »

Ќе се гради ново училиште „Сами Фрашери во Куманово, на две други ќе им се поправаат покривите


Постапката за изградба на нов училишен објект за учениците од „Сами Фрашери“ од Куманово е во тек, информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој го посети Куманово, заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за внатрешни работи, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски. – Во однос на училиштето после долги години Владата донесе одлука за …

Ќе се гради ново училиште „Сами Фрашери во Куманово, на две други ќе им се поправаат покривите Read More »

Шаќири: Одговорниот однос кон здравјето се учи од најрана возраст


Градењето на свест кај учениците за здрав начин на живеење и стекнувањето знаења кои водат кон формирање психички, социјално и физички здрави личности, способни да се грижат за своето здравје и за здравјето на другите, во рамки на системот на образование на Република Северна Македонија, е системски засновано. Ова го истакна министерот за образование и …

Шаќири: Одговорниот однос кон здравјето се учи од најрана возраст Read More »

Јаневски: Во 2022 година повеќе од 2,8 милиони ноќевања и 430 милиони долари девизен прилив од туризмот


Со веќе остварените 2,6 милиони ноќевања во првите 10 месеци од годинава, туристичкиот сектор успеа да ја постигне поставената цел за 2022 година, а до крајот на годинава се очекува да има повеќе од 2,8 милиони ноќевања, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. – Во првите три квартали …

Јаневски: Во 2022 година повеќе од 2,8 милиони ноќевања и 430 милиони долари девизен прилив од туризмот Read More »

ЈП „Градски паркинг” – Скопје ги потсети станарите и правните субјекти да ги обноват договорите


Навршува рокот за обнова на договорите за станарите и правните субјекти за сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ Скопје, па поради тоа ги потсети да си ги обноват истите. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека рокот на ревизијата на договорите за користење на паркинг услуги која ја спроведува претпријатието на …

ЈП „Градски паркинг” – Скопје ги потсети станарите и правните субјекти да ги обноват договорите Read More »

Муцунски: Идната година ќе почнеме со изградба на две градинки, во Лисиче и зад кулите Џевахир


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски кажа дека следната година ќе почне изградба на две градинки, во Лисиче и позади кулите Џевахир. Муцунски на денешната презентација даде краток осврт за тоа што било сработено во 2022 година и ги претстави плановите за идната година. – Следната година планираме почеток на градба на две градинки, едната …

Муцунски: Идната година ќе почнеме со изградба на две градинки, во Лисиче и зад кулите Џевахир Read More »

Пресудата од Арбитражниот суд во Париз е пристигната во Владата, во тек е нејзина анализа


Пресудата на Арбитражниот суд во Париз со кој Северна Македонија ќе треба да плати оштета за договорот за ОКТА е пристигнат во Владата пред два-три дена и во моментот се разгледува и анализира од страна на адвокатскиот тим ангажиран од Владата. Советникот за енергетика во Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција рече дека …

Пресудата од Арбитражниот суд во Париз е пристигната во Владата, во тек е нејзина анализа Read More »

Управа за извршување на санкции ќе утврдува одговорност за неспроведувањето на Мијалков


 Управата за извршување на санкции ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков денеска не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“. – Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите …

Управа за извршување на санкции ќе утврдува одговорност за неспроведувањето на Мијалков Read More »

Починатиот малолетник бил од Ново село, Општина Желино


Малолетникот на возраст од 16 години, кој беше најден починат утрово околу 7 часот бил од Ново Село, Општина Желино, информираше СВР Тетово.  Неговиот татко вчера околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома. -Денеска во 07:10 часот во водите на река Пена, на патот кон место викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од СВР …

Починатиот малолетник бил од Ново село, Општина Желино Read More »

Анкета: Мнозинството Црногорци го поддржуваат членството на земјата во ЕУ


Вкупно 75 отсто од Црногорците го поддржуваат членството на Црна Гора во ЕУ, додека 13 отсто се против, а 12 отсто немаат мислење за ова прашање, покажуваат резултатите од студијата на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), цитирани од агенцијата МИНА. Според Андреа Мичановиќ од организацијата, доколку се одржи референдум за членство на Црна …

Анкета: Мнозинството Црногорци го поддржуваат членството на земјата во ЕУ Read More »

(Во живо) Андонов ќе информира за енергетската состојба


Прес-конференција ќе одржи соработникот за енергетика во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов на која ќе информира за енергетската состојба. Проследете ја во живо: