Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка за развој на спортот


Општина Аеродром објави јавен повик за доделување финансиска поддршка на спортските клубови и здружение кои дејствуваат на територијата на општина Аеродром. Финансиската поддршка се доделува со цел подобрување на условите за професионален и рекреативен спорт во општината. Поддршката е предвидена во неколку различни категории и тоа за: – Спортски клубови и спортски здруженија – Реализација …

Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка за развој на спортот Read More »

Заварувачките работи во БРАКО ќе се изведуваат во целосно реновирана и модерна хала вредна 300 илјади евра


Пуштена е во употреба целосно реновираната хала за заварување во БРАКО, инвестиција од околу 300 илјади евра, со што продолжува модернизацијата на производствените погони во фабриката. Реновирањето на халата, која е со површина од над 2400 m² траеше над 2 месеци, а како дел од модернизацијата поставена е и фотоволтаична електрична централа на кровот на …

Заварувачките работи во БРАКО ќе се изведуваат во целосно реновирана и модерна хала вредна 300 илјади евра Read More »

Габер-Дамјановска за кандидатите за судии и обвинители: Најважно е како ќе ја вршат својата професија – не презимето


Според Уставот секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, меѓу кои и судија, обвинител… и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. И со оглед на тоа дека на јавен конкурс отворен за тестирање на кандидати за слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), не смее …

Габер-Дамјановска за кандидатите за судии и обвинители: Најважно е како ќе ја вршат својата професија – не презимето Read More »

Сојузот на извидници на Македонија одбележува 70-годишен јубилеј


 Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) денеска во Прилеп, на Могилата на непобедените, ќе одржи централна манифестација по повод 70 години од постоењето на организацијата. Како што информираат од Сојузот на извидници, на централната прослава во Прилеп, на едно место извидниците од цела држава ќе се соберат да го слават извидништвото и неговиот основач, како …

Сојузот на извидници на Македонија одбележува 70-годишен јубилеј Read More »

Променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер


Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната …

Променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер Read More »

Тактики на супермаркетите за да купите повеќе


Свесноста за тактиките што ги користат супермаркетите за да ве натераат да трошите повеќе може да помогне да се намали можноста да ги потрошите вашите пари следниот пат кога ќе пазарувате. Паметен распоред на производи Супермаркетите сакаат да се шетате наоколу, бидејќи поверојатно е дека по пат ќе соберете непотребни работи. Поради ова, основните предмети, …

Тактики на супермаркетите за да купите повеќе Read More »

Дубровник планира да го ограничи сообраќајот околу историското јадро


Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ денеска презентираше предлог-одлука за ограничување на сообраќајот во контактната зона на историското јадро, со цел да се намали сообраќајниот метеж во срцето на Дубровник и негативното влијание врз монументалното наследство. Франковиќ нагласи дека нацртот се заснова на насоките на УНЕСКО и Планот за управување со историското јадро, пренесе Хина. „Со …

Дубровник планира да го ограничи сообраќајот околу историското јадро Read More »

Недостигот од полупроводници би можел да трае до крајот на 2024 година


Глобалната индустрија за чипови сè уште се обидува да го достигне заостатокот и нарачките, што ги зголеми цените драстично и ја забави испораката на производи во многу сектори. Иако се чини дека компјутерската, мобилната и автомобилската индустрија најмногу страдаат во моментов, проблемот е многу поголем. Сите индустрии во процесот на дигитализација се погодени од недостигот …

Недостигот од полупроводници би можел да трае до крајот на 2024 година Read More »

Руската полиција апси противници на инвазијата врз Украина


Руската полиција ширум земјата денеска апсеше осамени демонстранти кои, на годишнината од руската инвазија врз соседна Украина, со антивоени слогани и метафорични гестикулации го изразуваа  своето противење на војната, известуваат руските медиуми и организациите за заштита човекови права. Во четвртиот по големи руски град Екатеринбург беа  уапсени најмалку осум лица, откако положиле цвеќе на споменикот на жртвите …

Руската полиција апси противници на инвазијата врз Украина Read More »

Малолетници претепале 52-годишен скопјанец


Синоќа во с. Батинци бил нападнат скопјанец од неколку малолетници. – На 23.02.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје, И.Ј.(52) од с.Батинци, скопско, пријавил дека во с.Батинци бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврди предмети, информира МВР. Се работи на расчистување на случајот.

Бислимоски: Од скопски „Водовод“ лажат дека не побарале водата да поскапи, еве ги документите


„Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лаже дека не побарало поскапување на цената на водата“, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, откако од јавното претпријатие испратија соопштение кое го нарекоа „демант“, во кое се тврди дека информацијата оти водата во Скопје ќе поскапи ја нарекува „лажна вест“. Бислимоски во изјава за „СДК.мк“ вели дека на …

Бислимоски: Од скопски „Водовод“ лажат дека не побарале водата да поскапи, еве ги документите Read More »

САД ќе воведат царина од 200 отсто на алуминиумот од Русија


Почнувајќи од 10 март САД ќе воведат царина од 200 отсто за алуминиумот произведен во Русија, соопшти денеска Белата куќа, најавувајќи широк спектар на санкции поради руската инвазија на Украина. Според Белата куќа, САД од 10 април, исто така, ќе воведат царина од 200 отсто за увезениот алуминиум што содржи алуминиум од Русија. Рускиот алуминиум …

САД ќе воведат царина од 200 отсто на алуминиумот од Русија Read More »

Арсовска нема повеќе да може да ги издава спортските сали во училиштата под закуп


Директорите на училиштата, а не градоначалникот на Град Скопје, отсега ќе можат да ги издаваат спортските салите и други простории или имот на средните училишта под закуп. Со усвојувањето на одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје, на последната седница на Советот на Град Скопје, …

Арсовска нема повеќе да може да ги издава спортските сали во училиштата под закуп Read More »

Попладнево уште едно скопско училиште добило лажна дојава за бомба


Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавата која попладнево беше добиена од едно скопско училиште дека била добиена порака на електронска адреса со закана за наводно поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници …

Попладнево уште едно скопско училиште добило лажна дојава за бомба Read More »

Кривични пријави: Ниту надзор, ниту поправки – објект во Гостивар запишан во катастар, становите продадени


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.И.(60) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „перење пари и други приноси“, Ѓ.В.(42) од Скопје, М.М.(42) и В.Р.(40), двајцата од Гостивар за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“, против две правни лица Гостивар, …

Кривични пријави: Ниту надзор, ниту поправки – објект во Гостивар запишан во катастар, становите продадени Read More »

Украинците благодарни на Македонија: Овде престојуваат 400 бегалци


Здружението на Украинци во земјава „Лесја Украинка“ денеска одржа митинг на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина. Претседателот на Здружението, Александар Урбанович, пред почетокот на митингот се заблагодари за хуманитарната помош и за поддршката од Северна Македонија кон украинскиот народ. – Денеска ние, Украинците, одбележуваме …

Украинците благодарни на Македонија: Овде престојуваат 400 бегалци Read More »

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница


Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени …

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница Read More »

„Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари


Скопски „Водовод и канализација“ доставило барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое бара зголемување на цената на водата од 30 денари во просек на сметките на месечно ниво.  Од РКЕ по направените анализи дале предлог со кој зголемувањето во крајните сметки на граѓаните би било за седум денари, но, како што посочува претседателот на …

„Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари Read More »

Почувствуван земјотрес во Струга


Земјотрес е почувствуван во Струга и околината попладне во 12 часот и 19 минути. Според Европскиот медитерански сеизомолошки центар, епицентарот бил на 11 километри северозападно од Охрид на длабочина од два километра со магнитуда од 2,3 степени. Земјотресот бил почувствуван и во Албанија.

Цените на горивата остануваат исти


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 20.2.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: …

Цените на горивата остануваат исти Read More »