Дождот го „изеде“ булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп


Изведбата на новиот булеварски влез во Битола од страната на Прилеп ги покажа недостатоците уште по првите поинтензивни дождови. По вчерашниот дожд новиот асфалт во должина од околу 200 метри наместа е спуштен под нивото, а наместа шахтите се повисоки од патот. Ваквата слика денеска ја обелодени преку видео независниот советник Иван Чулакоски од Битола. …

Дождот го „изеде“ булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп Read More »

Македонските земјоделци се иноватори на нови вкусови: луто слатко од пиперки со темно чоколадо, џемови од домат…


Преработените земјоделски производи носат поголем профит за земјоделецот отколку да се даде производот како суровина. Дополнителна придобивка е кога земјоделецот ќе ги брендира своите производи и ќе ги понуди на пазарот. За продажба на преработените земјоделски производи најчесто се користат социјалните мрежи и се’ се распродава од дома, многу малку останува за на пазарите. Ова …

Македонските земјоделци се иноватори на нови вкусови: луто слатко од пиперки со темно чоколадо, џемови од домат… Read More »

Владата ги разочара жетварите – Годинава нема 3 денари премија за пченицата и 2 за јачменот


Годинава немало да има 3 денари премија по килограм пченицата и 2 денари по килограм јачмен. Ваква вест им кажал министерот за земјоделие Цветан Трипуновски на земјоделците и сточарите на последната средба во Скопје на која разговарале за состојбите во сточарското и земјоделското производство.  Веста ги разочара жетварите кои тврдат дека веќе е неисплателиво да …

Владата ги разочара жетварите – Годинава нема 3 денари премија за пченицата и 2 за јачменот Read More »

Расте револтот кај сточарите – Субвенциите за овците за 2024 година ќе се исплатат во ноември по локалните избори


Расте незадоволството кај одгледувачите на овци од неисплатените субвенции за овците за 2024 година. Сточарите крајно разочарани од државата прашуваат – Зошто мешате политика со сточарство?   „Му кажавме на министерот да ги отвори границите кон Албанија и Косово, па да се куртулиме од овците и од сточарството, а и Владата да нема веќе обврски …

Расте револтот кај сточарите – Субвенциите за овците за 2024 година ќе се исплатат во ноември по локалните избори Read More »

„Манаки“ ѝ дава посебен живот на Битола во седумте денови филмска магија


БИТОЛА – Започнува ИФФК „Браќа Манаки“ која дава посебен шарм во секојдневието на Битола. Едноставно, градот во седумте филмски фестивалски денови ја живее магијата на големото платно. Во Битола се слават кинематограферите, а публиката ужива во визуелната естетика. Низ градот е развижено, со многу странски гости, со еден збор кажано, градот живнува  и културно и во …

„Манаки“ ѝ дава посебен живот на Битола во седумте денови филмска магија Read More »

Испитниот центар за возачки испити во Битола ќе проработи само никој не кажува кога


Испитниот центар за полагање за возачки дозволи во Битола и околните пелагониски општини ќе проработи, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот најави дека се бара законско решение за да се реши проблемот со неквалитената услуга и недостатоците во работата на испитните центри, а како можно решение наведе јавно приватно партнерство. Испитниот центар Авто …

Испитниот центар за возачки испити во Битола ќе проработи само никој не кажува кога Read More »

Крушево си го бара „Македониумот“ под општинска закрила


  БИТОЛА – Реакциите во јавноста се огромни за состојбите во кои е доведен грандиозниот споменик „Македониум“ во Крушево, кој е можеби најзначајниот белег на борбата за независност на Македонија. И денеска во внатрешноста од споменикот имаше насобрано вода, од  сабајлешните врнежи од дожд, па фотографии од вирчињата со протечена вода на подот, на кои …

Крушево си го бара „Македониумот“ под општинска закрила Read More »

Млад земјоделец не се станува со 10 илјади евра


  БИТОЛА – Најтешката работа на секоја власт е да ги задржи младите да останат во руралните средини, да се занимаваат со производство на храна или да чуваат стока. Но, ретко кој млад човек се решава да остане в село и да работи земјоделие, сточарство, кога ги нема основните услови за живот: чиста вода, патишта, …

Млад земјоделец не се станува со 10 илјади евра Read More »

Сашо Дранго слави роденден со торта со мечка и се подбива со истрагата на обвинителството


  БИТОЛА – Ветеранот на ВМРО-ДПМНЕ, демирхисарецот Сашо Дранго, синоќа славел роденден со иконографија со мечка, а многумина според деталите го протолкуваа како мајтап за истрагата што се води против него за реалната фотографија со отепаната мечка околу Нова година. Славеникот Дранго роденденот го овековечил со фотографија со торта на која има илустрација од неговиот …

Сашо Дранго слави роденден со торта со мечка и се подбива со истрагата на обвинителството Read More »

Расте гневот кај сточарите, субвенциите се само еден од проблемите


  БИТОЛА – Сточарите одгледувачи на овци веќе не го кријат незадоволството од состојбите во секторот, особено за доцнењето на исплатата на субвенциите за овците и тешкото справување со болеста син јазик. Се жалат дека –„има многу болни работи кај нас сточарите, ние сме последна гранка и никој не нѐ ферма“. Огледувачите на овци пред …

Расте гневот кај сточарите, субвенциите се само еден од проблемите Read More »

Протестите за шумата над Љубојно се проширија и во Ресен (Видео)


  БИТОЛА – Мештаните на преспанското село Љубојно подготвуваат да ги тужат сите инволвирани во сечата на коријата над селото или, како што велат, потенцијалната еколошка катастрофа. Мора да има правда за коријата, упропастената дабова шума и загрозувањето на нормалното функционирање на животот на мештаните во Љубојно, велат за „Независен“, жители на ова село, поставувајќи …

Протестите за шумата над Љубојно се проширија и во Ресен (Видео) Read More »

Разочарани и незадоволни – пелагониските земјоделци во загуба со пиперката-ајварка


  БИТОЛА – Почна откупот на пиперката ајварка од првата берба во Пелагонија и земјоделците од самиот почеток се разочарани од откупната цена. Наместо 35 денари за прва-втора класа, како што се договорија земјоделските асоцијации со откупувачите, на терен друга слика. Разочарувачка, велат земјоделците. Килограм ајварки оди од 25 до 27 денари. Пред нецел месец …

Разочарани и незадоволни – пелагониските земјоделци во загуба со пиперката-ајварка Read More »

Дали возачките дозволи издадени од „Супер возач“ во Битола се валидни по забраната од МВР?


  БИТОЛА – Дали возачките дозволи издадени во последните два и пол месеци на територија на Пелагонскиот регион се валидни? Ова прашање се наметна во Битола откако Авто мото испитен центар „Супер возач“ ДООЕЛ Битола доби забрана за работа од МВР за период од еден месец, а извршената контрола покажа дека Испитниот центар не поседува …

Дали возачките дозволи издадени од „Супер возач“ во Битола се валидни по забраната од МВР? Read More »

Нова голгота за возачки испит за Битола и околните општини: полагањето запрено на неопределено време 


  БИТОЛА – Кандидатите за полагање возачки испит од Битола и околните општини се пред нова голгота, откако вчера ново избраната фирма „Супер возач“, лиценциран авто-мото испитен центар за Битола ја извести јавноста дека нема да закажува и споведува испити до средината на септември. Со една реченица напишана како известување на веб страната на испитниот …

Нова голгота за возачки испит за Битола и околните општини: полагањето запрено на неопределено време  Read More »

Битола има тим од кардиолози кој дава целосна поддршка на пациентите за болести на срцето


БИТОЛА – Битолската клиничка болница е екипирана со тим на интервентни кардиолози и медицински кадар кој овозможува адекватен третман на кардиоваскуларните болести на срцето за пациентите од Битола и поширокиот регион. Во Битолската болница салата за инванзивна и интервентна кардиологија е комплетно опремена со современа техника и новиот ангиограф. Салата работи под раководство на д-р Ненси …

Битола има тим од кардиолози кој дава целосна поддршка на пациентите за болести на срцето Read More »

Земјоделски здруженија и тутунари не се согласуваат со измените во Законот за тутун


БИТОЛА – Забраната на увоз на суров необработен тутун во периодот на откупот на тутунот во нашата држава со ништо нема да ја смени откупната политика на тутунските компании во државата. Земјоделски здруженија и тутунари веќе искажуваат јавно несогласување за измените во Законот за тутун. Додека трае откупот на домашната реколта тутун, нема да се увезува …

Земјоделски здруженија и тутунари не се согласуваат со измените во Законот за тутун Read More »

Обвинителството покрена обвинение за инспекторот од Општина Битола за дивоградбата во Дихово


БИТОЛА –  ОЈО Битола покрена обвинение за инспекторот од Општина Битола, Кирил Мицевски за случајот со дивоградбата во потпелистерското село Дихово.     Од ОЈО Битола потврдија: „По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење според член 244-а став 1 …

Обвинителството покрена обвинение за инспекторот од Општина Битола за дивоградбата во Дихово Read More »

Широк Сокак како фолклорна сцена: Битола ги живее највеселите моменти во годината со „Илинденски денови“


БИТОЛА – Широк Сокак е како сцена на светскиот фолклор и ги живее највеселите мигови од годината со играорци и музичари од целиот свет, учесници на Фестивалот „Илинденски денови“. Оваа фолклорна сцена пулсира и дење и ноќе по Широк Сокак, а завршува на сцената на платото на велелепниот Офицерски дом. Со еден збор кажано – …

Широк Сокак како фолклорна сцена: Битола ги живее највеселите моменти во годината со „Илинденски денови“ Read More »

„Саботажата“ во РЕК „Битола“ се заборава – по еден месец ништо ново од истрагата


  БИТОЛА – И по еден месец од пожарот во РЕК „Битола“ и сомнежите за саботажа во комбинатот, нема нова информација од истражните органи која била причината за пожарот, дали сомнежите за саботажа се основани, дали има осомничени. Нема ниту одрекување од првичните сомнежи за евентуално противзаконско дејствување врз стожерот на електроенергетскиот систем во државата. …

„Саботажата“ во РЕК „Битола“ се заборава – по еден месец ништо ново од истрагата Read More »

Онколози од Скопје почнаа со прегледи во Битола


  БИТОЛА – Познатиот специјалист онколог проф. д-р Симонида Црвенкова, денеска прегледуваше онколошко болни пациенти во Битола. Таа е само една од лекарите специјалисти кои неделно ќе доаѓаат во Клиничката болница Битола по неодамна потпишаната соработка со Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје. Целта е скопските лекари специјалисти за онкологија и радиотерапија да …

Онколози од Скопје почнаа со прегледи во Битола Read More »