АТП склучи договор со Спортрадар, компанијата сака да го претвори тенисот во технолошки најнапредниот спорт

Лондон– Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП) склучи повеќегодишен договор со аналитичката корпорација Спортрадар.
По аукцијата спроведена од „Tennis Data Innovations (TDI)“, заеднички производ на АТП и АТП Медија, беше избран „Sportradar“. ТДИ обезбедува податоци за обложувалниците за над 17.000 тениски натпревари секоја сезона.
„Sportradar“ ќе добие права за пренос во живо и дистрибуција на податоци за АТП турнирите и Челинџер турнирите. Се планира значително да се прошири линијата за обложување и да се воведат напредни аналитики кои претходно беа недостапни.
Мисијата на компанијата е да го направи тенисот „технолошки најнапредниот спорт во светот“.
-Главната цел на партнерството е да се стимулира комерцијалниот раст на тенисот и да се зголеми ангажираноста на навивачите. За да се постигне ова, ќе се развијат нови обложувалници и медиумски производи кои ќе ги привлечат обожавателите и ќе ги направат уште постраствени за спортот, се вели во соопштението на АТП.
Спортрадар ќе обезбедува и услуги за ферплеј на сите АТП турнири. Организацијата ќе ги следи местењето натпревари и ќе пријави ненормални облози.
Корпорацијата веќе соработува со НХЛ (најсилната хокеарска лига на светот), НБА (најсилната кошаркарска лига), УЕФА (Европската фудбалска асоцијација), Серија А (италијанската фудбалска лига) и други турнири и федерации.