Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните во 2024 година


Атлетската федерација на Македонија на свечена церемонија вчеравечер во Скопје ги додели наградите за најуспешните атлетичари во 2024 година.

Претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова е задоволна од постигнатите резултати.

-Горда сум што можам да застанам исправено пред вас, да дискутираме за напредокот и успесите на атлетиката, спортот со кој што пораснав, спортот за кој што живеам, спортот кој што ме дефинираше како личност и спортот кој што сакам да го видам на највисокиот пиедестал. 2024 беше година на нови рекорди, нови таленти и извонредни спортски резултати. Им се заблагодарувам на сите македонските атлетичари кои продолжуваат да ја предводат атлетиката во регионалните и европските натпревари, што даваат тежина на самата федерација, што го уважувате спортот и сигурна сум дека заеднички ќе продолжиме да креираме една убава заедничка приказна за атлетиката. Оваа вечер е прилика да ги наградиме најуспешните во сите категории, истакна Војнеска-Зикова.

Признанијата беа доделени во следните категории: 
Млади пионери – Тина Доневска, клуб : Работнички и Парис Златановски клуб: Куманово. 
Пионери – Ева Митевска, клуб: Работнички и Дамјан Ѓоргиевски., клуб: Работнички. 
Млади младинци – Лина Исени, клуб: Лириа и Брајан Авија, клуб: 7миМај. 
Младинци – Mелиса Димитриоски, клуб: Дрини Старт и Владимир Битољану, клуб: Центар. 
Сениори – Дрита Ислами; клуб: Работнички и Дарио Ивановски.
Признание за најуспешен атлетски клуб за 2024 година беше доделено на Атлетски клуб Делта од Скопје. 
Признанието за најдобар тренер од Европската атлетска федерација во 2024 година му беше доделено на Алим Хајредини од АК Дрини Старт. 
Признание за животно дело беше доделено на Мире Ивановски, легенда на македонската атлетика и долгорочен предводник на Атлетски клуб Вардар.