Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во земјава ќе го посетат Собранието


Во посета на Собранието денеска ќе престојува Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во Република Северна Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Асоцијацијата ќе оствари средба со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

На настанот ќе се обратат Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност и доајен на Асоцијацијата на одбранбени атешеа.

Исто така, во рамки на настанот е планирано да се одржи и отворена дискусија.