Асанж останува во затвор како претпазливост од ново бегство


Основачот на Викиликс, Џилијан Асанж, ќе остане во затвор и откако ќе му заврши казната од 50 недели за кршење на условната слобода, а причината за тоа е „неговата историја на бегање од законот“, пишува весникот „Гардијан“.

Асанж треба да биде пуштен на 22 септември, но кажано му е дека ќе остане во затвор заради опасноста повторно да не се обиде да избегне да се појави пред судот.

Во разговор преку видео-линк окружниот судија Ванеса Барикер му кажала на Асанж дека статусот затвореник ќе му премине во статус „на лице на кое му се заканува екстрадиција“ и дека на неговиот адвокат му дала шанса да поднесе барање за одредување кауција, што таа инаку го одбила

-Тоа ме изнендува со оглед на вашата историја на избегнување да се појавувате пред судот, изјавила Барикер.

На прашањето дали го разбира тоа што му го соопштила Асанж одговорил -„ Не сосема. Сигурен сум дека адвокатот ќе ми објасни“.

Следното административно сослушување е закажано за 11 октомври, а сослушувањето за водење на случајот е закажано за 21 октомври.

Асанж во Велика Британија ја отслужува 50-неделната затворска казна затоа што ја прекршил одлуката за кауција, откако седум години мина во амбасадата на Еквадор во Лондон, за да ја избегне екстрадицијата во Шведска.

Во моментот му се заканува екстрадиција во САД каде се товари за поседување и ширење  доверливи информации, а доколку судот ја утврди неговата вина може да биде осуден на 175 години затвор.

Конечната одлука за испорачувањето во САД може да се очекува во февруари следната година.