Арсовска: Владата прифати да разговара за високите сметки за струја на општините


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, најави дека добиле одговор од Владата дека ќе има средба со претставници на ЗЕЛС на која ќе се разговара за проблемите со високите сметки за електрична енергија кои ги имаат локалните самоуправи.

– Три месеци не ни беше одговорено од Владата, а последната информација побарана пред 10 дена е дека помеѓу денес и 24 март ќе ни испорача термин кога ќе може да се разговара, одговори Арсовска на новинарско прашање.

Таа додаде дека во моментов во најкритична состојба се малите општини.

– Најпогодени се најмалите општини, кои немаат дополнителни ресурси да се справат со енергетската криза. Неопходно е да се разговара како да се надминат овие проблеми. Ова се проблеми на граѓаните не на општините. Граѓаните ќе не можат да си ги решаваат проблемите во општинит, истакна градоначалничката на почетокот на големото чистење улици и булевари во Скопје. Постои опасност административните згради да останат без струја.

Додаде дека иако директорот на ЈСП, како што рече, се соочувасо бројни инструкции, до крајот на март ќе се реализира најавата за бесплатен превоз на пензионерите.