Арсовска советува приватните превозници на суд да докажуваат дали ЈСП им должи


Градоначалничката Данела Арсовска им порача на приватните превозници, кои цел ден го блокираат градот кај Судска палата, да си поднесат тужба ако сметаат дека некој им должи пари.

Наместо да одговори на советничките прашања на кој начин приватните превозници фактурираат кон ЈСП за извршените услуги и колку картички се наплатени од приватните возачи на се издавале за нив фискални сметки, градоначалничката на Град Скопје им порача на приватните превозници да поднесат тужби за да докажат на суд дека некој им должи пари.

„Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба и така може да се реализира договорено право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните“, одговори Арсовска на советничко прашање потенцираше градоначалничката.

„ Сите фактури кон приватните превозници се исплатени“, изјави денес директорот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Александар Стојковски, на продолжението на 19-та седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, во однос на проблемите со приватните автобуски превозници.

„Во период од моето доаѓање, па до овој ден, сите нивни фактури од моја страна се исплатени. Долгот кој ЈСП го има кон приватните превозници е нивно тековно побарување. Ако сметаат дека се пробиени роковите нека поднесат тужба“, рече Стојковски.

Според него, договорите со приватните превозници остануваат исти, како што биле и досега.

Арсовска на истата седница најави дека ќе има нов јавен повик за приватните автобуски превозници, со цел, како што рече, тие што сакаат да работат да можат чесно да заработуваат.