Арсовска : Сите дознаа кои луѓе и медиуми јадат сендвичи од вашиот штаб (Видео)
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска реагираше на видеото што протече од Владата а на кое се гледа како таа прави селфи пред видео камерите на Владата, поради што ја нарекоа „инфлуенсерка“.
-Премиере, не ви функционира Владата. Кажи му на Луке дека СНИМКИ ОД БЕЗБЕДНОСНИТЕ КАМЕРИ на Влада ви се објавуваат во јавност ултра брзо. Веднаш знаат сите кои луѓе и медиуми јадат сендвичи од штаб и се платени од вас, кога пред мене стигнавте да објавите.
Слушнав денес ќе имало организирана акција на МВР, Финансиска полиција и Обвинителство, ќе упаѓале во општина Чаир и кај Висар Вики Ганиу дома за криминалите вредни над 225 милиони евра со перење пари и легализирање. Затоа отидов до Влада, МВРО ВМРО и Финансиска полиција, да го видам тоа чудо како решиле да се борат со криминалот, ама излезе дека сите отишле на состанок во партија , не било за Чаир“, напиша со потсмев Арсовска.
Според неа, сите знаат дека за ѓубрето се виновни ВМРО-ДПМНЕ и дека овој хаос го предизвикуваат со намера.
„МВРО ВМРО со итен состанок во штаб, Луке координира бидејќи премиерот е во Лондон.
Се уплашивте од една жена, за напади и навреди го организирале цел штаб да пишува против мене. Лидер ќе беше Мицковски ако ги уапсевте оние што граделе со црни пари во Чаир заедно со Висар Вики Ганиу што им овозможил да прават милиони.Лидер ќе беше Мицковски ако ви беше приоритет безбедноста на сите кои живеат во Скопје, наместо профитите на коалициските партнери. Мачиња сте не лавови, затоа 4 години напаѓате жена, а на Изет и Висар не смеете да им писнете. Многу сте храбри“, напиша Арсовска.