Арсовска прати до ОЈО докази за нелегалното легализирање во Чаир


Фото: Б. Грданоски

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за денес најави продолжување на објавување на фељтонот поврзан за градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, а тоа и го исполни.

„Висар Ганиу не може да уништи толку документи, колку што јас имам докази.Неговата организирана банда ќе ја види и оној што не сака да ја гледа! На потег е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје, известувач и портпарол за етика и спречување корупција на Конгресот на Совет на Европа“, напиша Арсовска.
Таа објави фотографии од документите кои ги испратила до Основното јавно обвинителство.

Претходно, таа укажа на случајот со МВР СВР Штип – ОВР Берово кои, како што вели „си постапуваат и поднесуваат кривични пријави за незаконски дивоградби“.

Во Скопје ако се ангажираат околу 150 дивиградби на Висар со фалсификат документи, каде некој за стотици милиони евра го оштетил буџетот, ќе нема кој да ги брка криминалците што украле 150 ќебапи од глад

Бидејќи за Висар Ганиу, Изет Меџити и Ејуп Адеми, при толку докази на институциите им е страв да постапуваат, јавно ќе ги објавуваме од понеделник сите докази од постапките со анализите.

Ќе бараме итно произнесување од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ако ова што го прави оваа организирана банда не е криминал, тогаш на сите низ Македонија нека им ги отфрлат обвиненијата“, објави таа.