Арсовска повторно не се појави на советнички прашања
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и постават прашања за случувањата во градот.
Претседателот на Советот, Трајко Славевски по дадената пауза од 10 минути да ја пронајде градоначалничката и да се појави на седница на советот мораше да ја заклучи.
„Бидејќи не се создадени услови за одржување на седницата за советнички прашања, истата ја заклучувам. Ве охрабрувам сепак да поставувате советнички прашања во писмена форма, за што имате право, до градоначалничката, секретарот и до сите служби и да да барате одговори. Се надевам дека во скоро време Арсовска ќе се појави за да имаме седница за советнички прашања“, рече Славески.
Претходно и советниците од СДСМ се откажаа од работата на денешната седница поради неприсуството на градоначаличката.
„Советничките прашања се седница каде се поставуваат прашања до градоначалникот. Ако тој не е присутен, ние нема да учествуваме во работата на седницата“, советничката од СДСМ, Љубица Јанчева.